Бали

990 Евра

Ви благодариме за довербата и изборот што го направивте

Бали
Без скриени трошоци и доплата
Индонезија или официјално Република Индонезија е голема земја во Азија, чиј главен град е Џакарта. Индонезија е составена од мноштво на мали и големи острови, од кои најголемите се Јава, Суматра, Сулавеси (Celebes), Борнео (Калимантан) и Нова Гвинеја (западен дел). Неговото население (238 милиони), Индонезија е четвртата по големина земја во светот. Бали е индонезискиот остров кој се наоѓа помеѓу островите Јава на запад и Ломбок на исток. На островот, мнозинството од жителите се Индонезиски Хиндуисти кои се малцинство во земјата. Бали денес е популарна туристичка дестинација и е богат со ориз, кокосови дрвја, кафе, памук и тутун, но ова е нешто што најмногу се  извезува. Живописните  бои на Бали, неверојатно пријателски и гостопримливото население ,  храна која  е силна и со необичен вкус и тиркизно-сините води на Индискиот Океан, што е локализирано  на овој мало парче од  рај на земјата ,сигурно ќе ги задоволи  Вашиот вкус ...
Скопје - Доха
Лет од Скопје – чекирање на аеродром Скопје два часа пред лет. Полетување од Скопје во и слетувате во Доха согласно саатници на авио компанија и избрани дати (период на патување).

Доха- Денпасар , Бали                                                                                      
Полетување за Доха - пристигнување во Денпасар - согласно саатници на авио компанија и избрани дати (период на патување). Пречек на аеродром од страна на претставник на партнерската компанија и трансфер во хотелот во Нуса Дуа .Пристигнување во хотелот и сместување.  

Бали
Бали е  инспирација, магичен остров кој има недопрени плажи, вулкани и бујни тропски шуми. Она што го издвојува Бали од другите тропски острови е традицијата и духовноста на народот   кои  ја славаат својата култура и го негуваат својот идентитет. Бали е  скапоцениот камен на Азија каде можете да се опуштите на прекрасните песочни плажи , да ја осетете благодетите на арома терапијата , можете да го испразнете Вашиот ум со јога, Тај Чи , сурфајте или пробајте да се пазарете на традиционалните пазари.

Авантурата на Бали започнува на плажа, со балински специјалитети, егзотична комбинација на вкус. Уживајте во идиличната атмосфера на мек, златен песок и да го видиме  прекрасниот залез на сонцето. Откријте ја автентичноста на Бали преку традиционални джакузи, ритуали и легенди.Уживајте во прекраната  миризба на ароматичните масла при масажа кај Индонезиските масери и заборавете на секојдневниот живот, бидејќи вашата реалност станува ова рајско место. Дозволете Бали да Ве заведе со својот специјален шарм.

Можност за организација на факултативни излети – Јужен Бали, малиот храм кој е изграден на ивица на една карпа, Убуд со посета на светата шума на мајмуните, посета на Кралскиот  Храм  на Mengwi, посета на терасите од ориз како карактеристична слика на Бали ...

Бали/ Денпасар – Доха - Скопје
Појадок.Слободни активности .Трансфер од хотел до аеродромот во Денпасар во вечерните часови.
Полетување  од аеродромот во Денпасар - слетување во Доха - полетување од Доха - слетување во Скопје - согласно саатниците на авио компанија и избрани дати (период на патување).
ИНДИВИДУАЛЕН ПРОГРАМ - минимум патници за реализација 2 лица
Сместување /хотел Тип на соба Тип на исхрана Цена од/лице
Mercure Bali Nusa Dua 4* - Nusa Dua Double room 7 ноќи -појадок 990€
Hilton Bali Resort 5* - Nusa Dua Double room 7 ноќи - појадок 1250€
Цената е валидна до пополнување на места по групна тарифа од авио компанија и промотивни цени на ограничен број соби во наведен хотел и
истата е подложна на промени се до момент на резервација (пред резервација проверете ја цена и тарифа на авионска карта).
Можност за индивидуални дати на патување на барање НА БАРАЊЕ.
Во цената е вклучено:
  • Авионски билет со Qatar Airways сo вклучен багаж 30 кг;
  • Аеродромски такси 
  • 07 ноќевања во хотел на Бали на база на соодветниот тип на исхрана;
  • Трансфер  аеродром – хотел – аеродром;

 Цената не вклучува:
  • Храна, пијалоци и услуги што не се споменати во програмата;
  • Факултативни тури
  • Индивидуални трошоци
  • Патничко осигурување
  • Сѐ што не е наведено во делот „Во цената е вклучено“

Услови:
  • При резервација се плаќа депозит од 50%, а целосна уплата се прави 20 дена пред поаѓање.
  • За ова патување не се потребни медицински имунизации.
  • Туроператорот го задржува правото да го менува редоследот на реализација на програмата. 
  • Задолжително патничко осигурување

За Бали не е потребна туристичка виза за патници кои патуваат со македонски пасоши – за влез на Бали пасош мора да биде валиден минимум 6 месеци од датум на враќање од наведено патување од Бали
 
 
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.

Ви треба помош ?

Поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311 Работно Време 10:00 - 19:00

+389 (0)78 340 311


Може да ви се допаднат

Малдиви
1280 Евра
Мароко
620 Евра
Бали
990 Евра