Дубаи - Излети и Места за посета

Дубаи - Излети и Места за посета

ИЗЛЕТИ ВО ДУБАИ И МЕСТА ЗА ПОСЕТА

DUBAI CITY TOUR-полудневен излет 4часа без ручек - Доколку сакате да го обиколите Дубаи ве носиме во неговите најубави делови.Овој космополитски град го спојува древниот и модерниот свет. Нашата тура ја почнуваме со фото стоп кај Бурџ Ал Араб хотелот.Потоа ја обиколуваме Jumeirah џамијата која е изградена во 1979.Го посетуваме и фантастичниот музеј на Дубаи кој се наоѓа на област Al Fahidi.Оваа област е направена во 1800 година.Во тврдината се изложени кружни кабини како и стари музички инструменти од 300 п.н.е.Во подрумот се прикажуваат филмови за минатото на Дубаи за неговиот развој од триесетите години до денес.Експонати од накит,оружје,надгробни плочи од 3 век п.н.е. се изложени во музејот.Се продолжува прошетката до стариот дел на Дубаи-Деира каде ке се посети улицата за злато,пазарот за зачини и парфеми.

ABU DHABI CITY TOUR- целодневен излет 8 часа - Излетот почнува од Дубаи,се поминува пристаништа во Jabel Ali, а потоа низ пустината пикрај обала до Абу Даби.Тој е главен и административен град на ОАЕ.Познат е по  многуте луксузни вили и палати покрај обалата и големиот број на острови.Нашата тура почнува со посетата на Sheikh Zayed Grand џамијата, една од најубавите џамии во светот.Службено е отворена во 2007 година за време на исламскиот месец Рамадан. Името го добила по шеикот Зајед бин Султан Ал Нахјан основач и првиот претседател на ОАЕ,кој е закопан во оваа џамија.Мозе да прими 40000 верници а главниот двор 9000.Двата двора до главниот двор се само за жени и можат да соберат по 1500 верници.Џамијата 4 минариња и 4 агли на џамијата кои се издигнуваат до 115 метри.Таа има 57 куполи кои се украсени со мермер.Дворот е поплочен со цветен мермер и има површина од 17000м2. Нашата тура ја продолжуваме кон Emirates Palace,најлуксузниот хотел на светот (има официјално 7*).После ручекот во Абу Даби одиме кон Saadiyat island каде во иднина ќе се наоѓа Louvre Abu Dhabi и Guggenhiem музеј потоа продолжуваме до Јас островот каде се наоѓа најголемиот тематски парк на светот Ferrari World и формула1 патеката. НАПОМЕНА Доколку сакате да ја посетите џамијата морате прикладно да се облечете,што подразбира долги панталони, долги ракави,а за жените е обавезна марама.
DHOW CRUSE со вечера поаѓање 20:30 враќање 23:00  - Не постои ништо поромантично од вечера на брод во заливот на Дубаи.Крстарењето е на еден од древните бродови и ви дава поглед на овој неверојатен град од море, кои го покажува правиот карактер на Дубаи,склоп на традиционалното и модерното.Ќе ја видите фантастичната архитектура на Дубаи како што е вилата на шеик Саед каде што е роден шеик Рашид.За вечера се послужуваат морски плодови, месо зеленчук со безалкохолни пијалоци.

ПУСТИНСКО САФАРИ- вклучена вечера во импровизирано бедуиско сели  која вклучува: шведска маса, безалкохолни пијалоци- вода, чај, кафе, јавање на камили, фотограирање со локална облека, пушење наргиле, цртање со кна. - На оваа тура добивате една незаборавна пустинска авантура. Јавање на камили, бордање по песок, возење на баги... Застануваме на највисоките песочни дини на кои ќе имате неверијатен поглед на заоѓањето на сонцето од каде ќе направите одлични фотографии. Патот продолжува до бедуинското село кое се наоѓа во срцето на пустината. Тука можете да се освежите со чај и кафе. Следи вечера со традиционална музика и танчери. Тука можете да јавате на камили, да пушите наргиле со разни вкусови. Ќе ве послушат со локални јадења додека вие се одмарате под шатор. По оброкот започнуда танцот на бедуините кои че ве остави без здив..

FERARI ZBAVEN PARK- мах. 8 часа ( без водич) - Ферари свет- Ферари тематски забавен парк кој се наоѓа на островот Yas во Абу Даби. Паркот опфаќа 200 000 км, и со тоа е ајголемиот забавен парк на светот. Официјално е отворен на 04.10.2010 и со цело срце го препорачуваме на сите љубители на Формила 1, но и на оние кои сакаат луда забава и адреналинско возење.

BURJ AL ARAB - BURJ AL ARAB- арапска кула, изграден е на вештачки остров одалечен 280м. од плажата Jumeirah до која се доаѓа преку посебен мост. Ова неверојатно здание кое го нарачал Заид Бин Султан се проценува на околу 650 милиони американски долари. Градена е по пример на Доуа, вид на арапска галија. Султанот заповедал самиот остров да не биде превисок-  како би се добило впечаток дека самата купа плови по Персискиот залив. Во склоп на хотелот се наоѓаат неколку големи ресторани, кои се отворени за посетителите само со однапред направена резервација. AL MAHARA  е подводен ресторан  препознатлив по морските плодови. Овој ресторан има голем стаклен ѕид низ кој се пружа неверојатен поглед на аквариум. BAR THE SKY VIEW сместен е на 200 метри над морското ниво. Во овие ресторани задолжително е и дрес код кој налага елегантен изглед и смокинг за мажите.

Покрај наведените излети во понудата се и Burj Khalifa, Hotel Atlantis The Palm заедо со аква паркот и делфинариумот, wild wadi Park, Ski Dubai, Al Ain Тура, Источниот брег... За истите можете да се консултирате со водичот.

Ви треба помош ?

Поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311 Работно Време 10:00 - 19:00

+389 (0)78 340 311


Може да ви се допаднат

Малдиви
1280 Евра
Мароко
620 Евра
Бали
990 Евра