Дубаи 2018

595 Евра


Дубаи   24.05 - 28.05.2018  5 дена / 4 ноќевања / авион

 

Дубаи - Фасцинантен, Возбудлив, Космополитски… Еден од седумте емирати кои ги формираат Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Иако Абу Даби е главниот град на ОАЕ, денес главната туристичка атракција поставена на персискиот залив на југоисточниот дел на Арапскиот полуостров, е токму Дубаи. Тој вушност наликува на независен град – држава и е несомнено најмодерниот и најпрогресивниот од седумте емирати, задоволувајќи ги апетитите на секој модерен турист. Неверојатниот развој на Дубаи започнува откако Шеикот Мактум одлучил сите свои приходи од производствто на нафта да ги вложи во туризам, по што Дубаи доживува вистински развоен туристички бум и станува една од омилените туристички дестинации на сите оние кои сакаат да го истражат мистичниот исток и да уживаат во луксузот и песочните плажи.

 

Програма на патување:

1 ден 24.05 (четврток) СКОПЈЕ – ДУБАИ

Состанок на групата на аеродромот Александар Велики, во 10:30 часот. Директен лет со авионот на Флај Дубаи во 13.25 часот. Слетување во Дубаи во 20.55 часот по локално време. По завршување на пасошките и царинските формалности, следи организиран трансфер до избраниот хотел. Ноќевање.

2 ден  25.05 (петок)  ДУБАИ – Сафари

Појадок во хотел. Слободно време за индивидуални активности.  Попладне, факултативно –Пустинско сафари – со вклучена вечера. Заминување во попладневните часови кон пустината со џипови.  Патот ќе не одведе до камп, каде ќе имате можност да уживате во прекрасното зајдисонце, да јавате камили и да ги вкусите традиционалните aрапски јадења и свежо подготвена скара. Вечерата ќе ви ја развесели прекрасна танчерка која понесена од звуците на ориентот ќе ве однесе директно во приказните од 1001 ноќ… Враќање во хотелот. Ноќевање.

3 ден 26.05 (сабота) ДУБАИ

Појадок во хотел, по што се поаѓа на организиран  полудневен разглед на Дубаи со лиценциран водич. Посета на првиот изграден вештачки остров во светот во форма на палма и панорамски разглед на хотелот Атлантис; посета на најпознатата плажа на која се наоѓа, Burj Al Arab (кратка пауза за фотографирање). Од таму ќе продолжиме кон џамијата, која ќе ја погледнеме само од надвор, а потоа кон стaриот дел на Дубаи кој ја задржал автентичната архитектура и ќе го посетиме музејот во Ал Фахиди – тврдината изградена во 1787г. каде може да се видат сцени од историскиот развој на градот. Враќање во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Вечерта, факултативно, романтично крстарење (“Dhow Cruise”) низ каналот во Дубаи на арапски древен брод – „Dhow”.  Додека крстарите низ заливот на Дубаи ќе можете да ги забележите старите dhow бродови, абра бродовите како и луксузните јахти, потоа неверојатни примери на модерната архитектура како Националната Банка на Дубаи и Стопанската Комора на Дубаи, индустриски згради, покриени пазари, Палата на Шеикот Саид, родното место на шеикот Рашид (таткото на модерен Дубаи) како и селото за културно наследство близу Шиндага. Враќање во хотелот… Ноќевање.

4 ден 27.05 (недела) ДУБАИ - Абу Даби

Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки, шопинг, капење, сончање или одмор, или можност за факултативна посета на најголемиот Емират – Абу Даби . Посета на една од најголемите и најскапите џамии во светот Sheikh Zayed Mosque која може да прими преку 40.000 верници во исто време. Потоа ќе се заминеме кон резиденцијалната зона на градот, ќе застанеме кај Heritage Village (Музеј на наследството) – комплекс во кој на едно место може да се види се она што го карактеризира ова подрачје, од историја па се до локалните обичаи. Посета на Yas Island во чија близина е една од најпознатите Формула 1 ноќни стази. Внатрешниот дел од палатата е обложен со 24-ри каратно злато. Враќање во Дубаи во доцните попладневни часови. Ноќевање.

 05 ден  28.05  (понеделник) ДУБАИ – СКОПЈЕ

Oдјавување од хотел. Рано изутрината организиран трансфер до аеродромот во Дубаи. Директен лет од Дубаи кон Скопје во 09.20ч. Слетување во Скопје во 12.55 часот на пладне.

Цена за рана уплата до 15.03.2018

  595 € / 36.890 мкд

РЕДОВНА ЦЕНА  ВО 1/2 СОБА

645 € / 39.990 мкд

 

Во цената е вклучено :

  • Повратен авио билет на релација Скопје – Дубаи - Скопје, со директен лет на Fly Dubai
  • Трансфери према програмата
  • Полудневен разглед на Дубаи со лиценциран водич
  • 4 ноќевања со појадок во хотел 4*
  • Придружник за цело време на патувањето
  • Организација на аранжманот и локална асистенција

Во цената не е вклучено :

  • Аеродромски такси ( 45 € / 2.790 мкд)
  • Трошоци за вадење на Виза за ОАE – 85 € (потребен скениран пасош, скенирана фотографија, професија на патниците, име/презиме на родители, валидност на пасош најмалку 6 месеци од датумот на враќањето)
  • Факултативни излети (Сафари 45 € , Крстарење 40 €, Абу Даби 70 €)
  • Патничко здравствено осугурување
  • Туристичка такса (се плаќа на рецепција во хотел)

ЗАБЕЛЕШКИ:

  • Во случај на помал број од 20 пријавени патници, аранжманот нема да биде откажан, но цената ќе претрпи промена
  • За резервации во период на рана уплата потребен е аванс од мин. 50% од вкупнот износ на аранжманот и целосна доплата најдоцна 20 дена пред датумот на патувањето
  • Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на
  • цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.

Ви треба помош ?

Поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311 Работно Време 10:00 - 19:00

+389 (0)78 340 311


Може да ви се допаднат

Дубаи 2018
595 Евра