Патничко Осигурување

Патничко Осигурување





ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ

ЗА БЕЗГРИЖНИ ПАТУВАЊА
Целта на вашето патување може да биде бизнис, одмор, средба со најблиски. Патот носи убави моменти, но и ризици да се доживее незгода или да се претрпи штета. Зошто да ризикувате да ви пропадне бизнис зделката, да ви пропадне одморот или да не се видите со пријател?Остварете ја целта без оглед на ризиците.
Со Еуролинк Осигурување добивате чувство на сигурност при патувањето и гаранција за максимален надомест за штета. Нашите осигурувања се изготвени според светски стандарди и прилагодени токму на вашите потреби.
ОСИГУРЕНИ РИЗИЦИ
Базик

  • Трошоци за лекување поради болест или несреќен случај,
  • Предвремено враќање во земјата поради болест или смрт на близок роднина,
  • Враќање на посмртни останки во земјата,
  • Враќање малолетни деца во Република Македонија.

Оптимум

  • Базик +
  • Надомест на телефонски трошоци,
  • Посета на пациент кој е хоспитализиран во странство - превоз и сместување во хотел,
  • Продолжување престој по препорака на доктор - сместување во хотел,
  • Предвремено враќање во земјата поради болест или смрт на близок роднина.

Премиум

  • Оптимум +
  • Багаж - кражба, оштетување и уништување,
  • Багаж - кражба, во моторно возила,
  • Багаж - задоцнето пристигнување во странство,
  • Трошоци за повторно издавање пасош, возачка дозвола и сообраќен сeртификат.

ВИП

  • Премиум +
  • Трансфер на деловни колеги,
  • Предвремено враќање поради тешка несреќа во домот,
  • Предвремено враќање поради тешка несреќа во службени простории, фабрика...
  • Надомест на трошоци заради доцнење или откажување на лет,
  • Враќање на моторно возило.

Ски пакет

  • Доцнење, губење или кражба на ски опрема,
  • Болест или повреда при зимување,
  • Затворање терени,
  • Лавина или слегнување на земјиште.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ПОВОЛНОСТИ ВО ЕУРОЛИНК
Најповолна цена на македонскиот пазар.

  • Проширен пакет покритија,
  • Сите членови на семејството добиваат посебна полиса,
  • Целосни осигурителни покритија и за децата,
  • Специјални полиси само за Бугарија и Грција,
  • Попуст за избрана франшиза.

ВАЖНИ ПОДАТОЦИ ЗА ЕУРОЛИНК ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ:

  • Се склучува за определен број денови;
  • Траењето на осигурувањето може да биде најмногу до 365 дена;
  • Осигуреници може да бидат лица до 65 години;
  • Премија КАЛКУЛАТОР.

Корисниците на туристички и останати услуги при патување, во зависност од потребите на патувањето, можат да изберат патничка полиса во неколку варијанти:

Индивидуално патничко осигурување
Периодот на покритие може да биде покус од времето означено во полисата:

  • од 3 месеци до 30 дена минимален број осигурени денови;
  • од 6 месеци до 45 дена минимален број осигурени денови;
  • од 12 месеци до 90 дена минимален број осигурени денови.

Групно патничко осигурување
За група со повеќе од 10 лица кои патуваат заедно, организирано преку овластена туристичка агенција, со 20% попуст на основната премија.
Семејно патничко осигурување
За родители и деца на возраст до 21 година кои патуваат заедно, со попуст од 15% на основната премија.
Патничко осигурување за ученици и студенти
За ученици и студенти на возраст од 14 до 26 години, со попуст од 15% на основната премија.
Бизнис патничко осигурување

  • За деловни луѓе, вработени во иста фирма со 20% попуст на основната премија.

Помошта ја обезбедуваме во соработка со Корис Интернационал од Париз-специјализирана компанија за помош на патници со професионална мрежа од канцеларии во 40 земји од светот и претставници во 150 останати земји од светот