Закинтос

99 Евра

Ви благодариме за довербата и изборот што го направивте

 

ЗАКИНТОС – ЛЕТО ЗА МЛАДИ 2019

 

ПРОГРАМ НА ПАТУВАЊЕТО

(7 ноќевања)

Забавата започнува оној момент кога ќе пристигнеш на островот, а завршува кога ќе си заминеш од него.

 

Закинтос или Занте, како што сеуште го викаат мештаните, е трет по големина од Јонските острови. Овој остров го карактеризираат прекрасните плажи со златни песоци и посебните видови на желки – „Карета“ кои на овој остров ги несат јајцата и се една од причините што овој остров е прогласен за национален крајбрежен парк. Од друга страна, архитектурата на самиот Закинтос е доста уникатна и на секој чекор се чувствува влијание на многубројните освојувачи кои владееле со овој простор. Место кое и оваа година ќе биде наша централна дестинација е Лаганас, град сместен на 9 км долгата плажа, во најтоплиот залив во цела Грција. Голем број врвни дискотеки и клубови, одлични ресторани со специјалитети од сите делови на светот, но и незаборавните излети со гарантирано незаборавни доживувања. Вистински избор за младите и оние кои така се чувствуваат. Забавата може да започне!!!

 

1 ДЕН – СКОПЈЕ

Поаѓање од Скопје во вечерните часови. Возење со попатни паузи и одмори. По ноќното возење, следува пристигнување во градот Килини и премин со фериброд до главниот град Закинтос, од каде што следува кратко возење до нашата крајна дестинација, до фасцинантниот – Лаганас! Сместување на групата и запознавање со местото…

 

2 – 8. ДЕН – ЛАГАНАС

Закинтос, преубав остров на Јонското Море, веќе години наназад го спојува неспојливото – пријатен одмор од една страна, но и прекрасни доживувања и незаборавни забави од друга страна. Исклучително пријатната клима, плажите од соништата, кристалното чисто море, националната грчка кујна… го ветуваат летувањето за сите времиња!!! Секако големиот број на клубови со млади луѓе од целиот свет, луцидни ДЈ – и, тематските забави во наша организација, гарантираат забава до раните утрински часови. За овие десет дена на островот доживејте несекојдневни забави и создадете си незаборавни спомени за цел живот!

 

9 ДЕН – ЛАГАНАС – СКОПЈЕ

По напуштањето на собите и слободното време за шопинг, тргнуваме назад кон Скопје. Преминуваме со фериброд до пристаништето Килини, а потоа следува ноќно возење

 


Термин

услуга

Vila Astoria

Vila Karakas

 

1/2

1/3

1/4

1/2

1/3

1/4

01.07-10.07
(7 ноќевања)

OB

 

/

139€

119€

169€

149€

/

08.07 – 17.07
(7 ноќевања)

OB

/

175€

155€

205€

185€

/

15.07 –24.07
(7 ноќевања)

OB

/

195€

175€

225€

205€

/

22.07 –31.07

(7 ноќевања)

OB

/

195€

175€

225€

205€

/

29.07 –07.08
(7 ноќевања)

OB

/

179€

159€

209€

189€

/

05.08 – 14.08
(7 ноќевања)

OB

/

179€

159€

209€

189€

/

12.08 – 21.08
(7 ноќевања)

OB

/

159€

139€

189€

169€

/

19.08 – 28.08
(7 ноќевања)

OB

 

/

129€

99€

159€

139€

/

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

 

Комплетна организација со водич на патувањето

7 ноќевања во избраната вила во Лаганас

Превоз со модерни туристички автобуси (клима, wc, tv, видео)

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

 

Факултативни излети

Патничко и здравствено осигурување

Превоз со траект на релација Килини – Закинтос – Килини (20€)

Туристичка такса – 0,5 € по ноќ

 

ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕТО:

 

Вилата Каракас поседува двокреветни и трокреветни студија. Секоја од нив е опремена со фрижидер, тоалет, сеф. Се наоѓа на одлична локација на само 400 метри од главната плажа која е во должина од 5км и е на само неколку минути од главната улица во Лаганас, која изобилува со многубројни дискотеки, барови, клубови, ресторани и претставува совршено место за уживање на секој млад човек.

 

Ви треба помош ?

Поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311 Работно Време 10:00 - 19:00

+389 (0)78 340 311


Може да ви се допаднат

Будва
169 Евра
Иос
185 Евра
Кавос
99 Евра
Закинтос
99 Евра