Комплекс Метропол Охрид

27 Евра

Ви благодариме за довербата и изборот што го направивте

 

КОМПЛЕКС МЕТРОПОЛ – ОХРИД

 

Хотелот Метропол беше и остана единствен и неповторлив хотел, меѓу сите други хотели во регионот, со архиктетура што го одделува од сите други конвенционални хотели.

Хотелот е изграден и отворен во 1975 г., и е комплетно реновиран во 2018 г.

Езерскиот Комплекс Метропол е лоциран  на 7км јужно од Охрид во прекрасно опкружување со три хотелски објекти, во живописни градини, борова шума и фантастичен поглед на езерото и Националниот Парк Галичица.
Со капацитет за сместување на 370 гости во соби и апартмани во склоп на три меѓусебно поврзани згради Комлексот Метропол е со најголем капацитет за сместување на гости во Охрид  и регионот.
Езерскиот Комлекс е составен од 3 хотели: Метропол, Турист,  Белви
Хотелите располагаат со: паркинг простор, рецепција, ресторани, барови на плажите, отворени тераси, простории за доручек, надворешни базени, сауна, фитнес центар, ноќен клуб, безбедносни сефови, банкомати, климатизирани конференциски сали.

Според законската категоризација хотелот спаѓа во II категорија со 4 ѕвездички.Хотелот е комплетно климатизиран, пет ката над приземјето и две нивоа под основниот спрат.

Сместувачкиот капацитет во хотелот Метропол се состои од 5 спрата со следниве содржини:

-110 двокреветни соби со опција за додавање трет кревет;

-4 стандардни апартмани (спална и дневна соба);

-1 резидент-апартман (2 спални и дневна соба);

-1 делукс-апартман (спална и дневна).

Сите апартмани се климатизирани и луксузно опремени, како и другите соби во хотелот. Има посебна просторија за “собна услуга” на секој спрат.

Хотелот има сопствен паркинг-простор за своите гости со капацитет за 100 возила.

Хотелот “Белви” е отворен во 1989 година, со спроведено комплетно реновирање во 2018 година. Според законските регулативи, хотелот е категоризиран како хотел од втора категорија со 4 ѕвездички. Хотелот се состои од пет спрата со мезанин, приземје, пет ката над приземјето и две нивоа под основниот спрат.

Сместувачкиот капацитет се состои од пет спрата и мезанин со следните содржини:

170 двокреветни соби со опција за додавање трет дополнителен кревет;

3 стандардни апартмани (спална и дневна соба);

1 делукс-апартман (спална и дневна соба).

Хотелот “Турист” е изграден и отворен во 1986г. како анекс на хотелот “Метропол”. Комплетно е реновиран во 2007 година. Хотелот ја има истата архитектура како и Метропол и двата хотела се поврзани со внатрешен коридор и  гледано однадвор, изгледаат како еден хотел, со воодушевувачки стил.

Хотелот “Турист” е составен од 5 спрата: приземје и 4 спрата. Хотелот има 88 двокреветни соби со 176 кревети. Сместувачкиот капацитет покрива површина од 3.000 м2. Хотелот е во фаза на реновирање и добива категоризација врз основа на законските регулативи како хотел од трета категорија со 3 ѕвездички.

 

Цените се изразени во еур, плаќање исклучиво во денарска противвредност од 61,8мкд

Цените се изразени по лице на ден со вклучена туристичка такса

Метропол Езерски Комплекс - Охрид / Цени од Јуни - Октомври 2020

 

Хотел    Соба     Полупансион

****                     Еднокреветна    45         43

МЕТРОПОЛ          Двокреветна      32         30

****                     Еднокреветна    45         43

БЕЛВИ                 Двокреветна      32         30

***                       Еднокреветна    42         40

ТУРИСТ                Двокреветна      29         27

 

Цените се изразени по лице со вклучена туристичка такса и ДДВ

Цената е на база Полупансион, за услуга Ноќевање со појадок цената се намалува за 3еур по лице на ден

За престој од 1 ноќевање, цената се зголемува за +5еур

Гаранција за соба со поглед на езеро, со доплата од 3еур по соба од ноќ

1 Дете до 6год без сопствен кревет – бесплатно

1 Дете од 6-10год користи кревет – 50% попуст од цената на возрасен

Трет возрасен во соба – 30% попуст од цената на возрасен

 

Сместување во соба после 14часот, одјавување до 12часот.

 

Политика на отказ:

До 8 дена пред пристигање без пенали.

Ви треба помош ?

Поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311 Работно Време 10:00 - 19:00

+389 (0)78 340 311