Љубљана и Клагенфурт - Божиќен Пазар

139 Евра


Љубљана и Клагенфурт - Божиќен Пазар

(21.12.2018-24.12.2018)

 4 дена / 2 ноќи / автобус

 

Ако сакате да уживате во одлична Божиќна атмосфера, посетете ја Љубљана, градот кој Ве повикува со мирисот на варено вино, топол чај и печени колбаси... Ако пак сакате да ја доживеете најубавата австриска бајка, посетете го романтичниот Клагенфурт...                          

 

1 ден: 21.12.2018 (петок)

18:00 часот заминување на групата од  Кавадарци и во 19:30 часот од Скопје (пред туристичките агенции)

кон Словенија со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.

2 ден: 22.12.2018 (сабота)

Пристигнување во Љубљана во претпладневните часови. Сместување во хотел „Park“ 3*** во центарот на Љубљана во двокреветни соби (www.hotelpark.si) . Краток одмор од патувањето.  Потоа разгледување на Љубљана со локален туристички водич: Симболот на градот-Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот Споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц  Прешерн, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица  која е уште еден симбол на градот, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер...Слободно  попладне за индивидуални  активности и прошетки низ двете улици кои се наоѓаат веднаш покрај реката Љубљаница каде е распослан Божиќниот пазар со божиќни штандови  кои изобилуваат со сувенири со божиќни мотиви, капи, шалови и ракавици, но и мноштво миризливи слатки колачи. Ноќевање.

3 ден: 23.12.2018 (недела)

Појадок. Заминување на групата (факултативно) на целодневна посета со локален туристички водич  на Клагенфурт, некогашно седиште на една од најголемите европски монархии, еден од градовите кој грижливо негува се што историјата оставила во аманет. Клагенфурт е град за чие основање се раскажуваат легенди, град што ќе ве одушеви со колоритните улици, а со градбите ќе ве врати во времето на Марија Терезија и дворските балови. По организираниот разглед, слободно време за посета на божиќните штандови. Во вечерните часови враќање во Љубљана. Слободно време за повторно уживање во убавините на градот каде се  најавува доаѓањето на Божиќ. Ноќевање.

4 ден: 24.12.2018 (понеделник)

Појадок. Околу пладне заминување на групата кон Македонија со попатни одмори. Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови.

За уплата до 01.11.2018....129 евра (8.000 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........139 евра (8.620 денари)

 (плаќање во денарска противвредност)

 

Во цената се пресметани следните услуги:

- Превоз со туристички автобус на наведената релација

- Две  ноќевања со појадок во хотел „Park“3*** во Љубљана

- Локален туристички водич  за сите излети  вклучени во програмата

- Организација и придружник на патувањето

Во цената не се пресметани следните услуги:

- Факултативен излет до Клагенфурт -15 евра

- Туристичка такса во Љубљана (се плаќа на рецепција во хотелот) – 1,3 евра на вечер

- Патничко осигурување

Ви треба помош ?

Поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311 Работно Време 10:00 - 19:00

+389 (0)78 340 311


Може да ви се допаднат