Париз - Дизниленд Велигден

429 Евра


ПАРИЗ-ДИЗНИЛЕНД 06.04.2018 -10.04.2018

5 ДЕНА / 4 НОЌЕВАЊА – АВИОНСКИ ПРЕВОЗ

 

За резервации до 15.02.2018

ЦЕНА 399€ 24.660мкд

 

РЕДОВНА ЦЕНА: 429€/26.512 мкд

ЦЕНА 399€ - 24.660мкд  СО ПОЈАДОК

 

 

Париз е град на виното,модата,уметноста,вљубените,романтичарите ...

 

1 ден 06 април(петок) Скопје - Загреб -Париз

Состанок на групата на аеродром во Скопје во 04.30 часот.Полетување за Париз преку Загреб во 05.45 од Скопје,со вклучени пијалоци и оброк во авион.Слетување во Париз во 11:05. Превоз до градот и три часовен панорамски разглед .Посета на Елисејските полиња, Триумфалната капија, плоштадот Конкорд, црквата Мадлена, операта Гарние, плоштадот Вандом,музејот Лувр, островот Сите, латински кварт, Богородичната црква, Сорбона, Луксембуршки парк, Инвалидите, Трокадеро, Ајфелова кула. Сместување во хотел..Слободно време за одмор и ручек . Во вечерните часови организирана посета на Ајфелова кула со метро (влезницата се доплаќа).Заедничка факултативна  вечера на Трокадеро.Враќање во хотел.Ноќевање.

2 ден 07 април(сабота) Париз

Појадок. Во 08.30 часот факултативна полудневна посета на дворецот Версај и парковите.Организирана посета на латинскиот кварт и на Богородичната црква .Слободно време за прошетка,шопинг и ручек. Враќање во хотел.Во попладневните часови организирана прошетка со брод по Сена(влезниците се доплаќаат).Разгледот завршува на Елисејските полиња со вечера(факултативна) во некој од француските традиционални ресторани(. Враќање во хотел.Ноќевање

3 ден 08 април(недела) Париз

Појадок. Слободен ден за организирана факултативна посета на Дизниленд .За оние кои остануваат во Париз организирани прошетки по мостовите , плоштадите , парковите. Попладне посета на квартот на сликартите Мон Мартр,црквата Свето Срце,прошетка по познатата улица Пигал се до кабарето Мулен Руж Организиран факултативен ручек на Мон Мартр.Во вечерните  часови организирана прошетка до Латинскиот Кварт  факултативна вечера.Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден 09  април (понеделник) Париз

Појадок. Во 09:00 факултативна три часовна посета на музејот Лувр(превоз со метро). Посета од надвор на операта Гарние,Галеријата Лафајет ,парфимеријата Фрагонар.Слободно време за ручек.Враќање во хотел.. Во вечерните часови организирана прошетка на Монмартр (превоз со метро).. Факултативна посета на Француското кабаре Мулен Руж,представа во 23 часот,или. вечера во традиционален француски ресторан на  Елисејските полиња(факултативно).Враќање во хотел.Ноќевање

5 ден  10 април (вторник) Париз-Загреб-Скопје

Појадок..Одјавување од хотелот,багажот се остава на рецепција,Организирана посета на некој од парковите или шопинг во новиот дел на Париз Ла Дефанс.Организиран превоз до аеродром од хотелот во 15:30 часот. Полетување за Загреб во 18.30 часот, слетување во 20:20..Полетување за Скопје во 22:10 ,слетување во 23:25 часот во Скопје.

 

Во цената се вклучени следниве услуги:

  • Авио билет на релација Скопје-Париз-Скопје
  • Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
  • Тричасовен разглед на Париз со автобус
  • Пешачките тури кои се наведени во програмата:Посетана Ајфеловата Кула, Мон Мартр со црквата Свето срце ,Пигал,Мулен Руж,Елисејските полиња,Триумфалната капија,Латински Кварт со Богородична црква,Трокадеро,Галеријата Лафајет, Музејот Фрагонар,Операта Гарние,.Плоштадите Конкорд,Вандом,парковите Тујлери ,Ла Дефанс...
  • Организација на патувањетои и сигурна реализација на факултативните екскурзии
  • Придружник од Агенцијата за целиот престој во Париз

 

Во цената не се вклучени следниве услуги:

  • Аеродромски такси 139 еур/ 8.590 мкд ,со вклучен чекиран багаж 23 кг , пијалок и оброк во авион
  • Превозот со метро и автобус во Париз (цена околу 14 еур карнет за 10 возења)
  • Влезница за Ајфелова Кула ( влезница до 2-риот спрат околу 9 еур)
  • Посета на Лувр 35 еур влезница+водич(со метро)за лица до 18 год. -15 еур
  • Посета на Версај - 65 еур влезница+водич ,за лица до 18 год. 40 еур(се патува со автобус од хотел )не евклучена влезница за парковите и чини околу 9 еур
  • Влезница за брод по Сена 15 еур (се патува со метро)
  • Посета на Операта Гарние 10 еур-влезница
  • Посета на Мулен Руж со представа (цена од 120 еур со пијалок ½ шампањ и место за седење) за превоз + 20 еур( со автобус)
  • Посета на Дизниленд 110 еур ,дете до 11 години 90 еур(превоз од хотел + целодневна влезница за 1 парк)
  • Вечера или ручек во ресторан од 12 еур без пијалок
  • Задолжително здравствено и патничко осигурување 250 мкд
  • Плаќањето е задолжително во денари, 1 еур=61,8 мкд
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош, валиден мин 120 дена од денот на враќање
  • (виза не е потребна)
  • Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување
  • За резервација задолжителна уплата аванс од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 15 дена пред патување
  • Програмата е лекторирана од лектор Ана Бачваровска
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници
  • За овој аранжман важат општите услови на патување СКТМ

Ви треба помош ?

Поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311 Работно Време 10:00 - 19:00

+389 (0)78 340 311


Може да ви се допаднат