Будимпешта

149 Евра

Ви благодариме за довербата и изборот што го направивте

БУДИМПЕШТА ВЕЛИГДЕН

16.04-20.04.2020

Убавица на Дунав - БУДИМПЕШТА

 

автобус / 4 дена / 2 ноќевања

16 април (четврток) СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА

Состанок  на групата пред хотелот „Холидеј ин“ во 16.30 часот. Тргнување за Будимпешта во 17.00 часот. Се патува преку Србија со попатни паузи за одмор и гранични формалности. Ноќно возење.

17 април (петок) БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Панорамско разгледување на градот: споменикот на Милениумот, операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, парламентот, црквата Св. Стефан, мостовите на Дунав, Будим, Кралската палата, Црквата Св. Матејас, Рибарската тврдина... Сместување во хотел. Вечерта, факултативна можност за крстарење со брод по Дунав, под прекрасните мостови. Ноќевање.

18 април (сабота)БУДИМПЕШТА – БРАТИСЛАВA

Појадок. По појадокот факултативнo - посета на Братислава. Разглед на градот: плоштадот со Роландовата фонтана, Михалската порта, Градското собрание, Катедралата Св. Мартин, Словачкиот национален театар, Палатата Palffy,Палатата Pauli ... Слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови враќање во хотел. Во вечерните часови  факултативна можност за вечера во национален ресторан – традиционална унгарска Чарда, со фолкрорна  и музичка програма и специјалитети од унгарската кујна  Ноќевање.

19 април (недела) БУДИМПЕШТА  СЕНТ АНДРЕА

Појадок. Одјава од хотел и посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби , и кое е богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови пред заминување за Скопје  следи посета на шопинг центар Arena Mall . Во договорено време заминување за Скопје. Ноќно возење со попатни паузи за одмор како и гранични формалности.

20 април (понеделник) СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во предпладневните  часови.

           

Цена во предпродажба до 15.02.2020: 8.000 денари  (129 евра)

ЦЕНА НА АРАНЖМАН: 9.240 денари (149 евра) 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со модерен туристички автобус на наведената релација
  • Сместување во хотел 3*** во Будимпешта на база 2 ноќевања со појадок
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Разглед на Будимпешта 10 еур
  • Крстарење со брод по Дунав 15 евра
  • Посета на Сент Андреа 10 евра
  • Вечера во ресторан – чарда30 евра
  • Посета и разглед на Братислава 25 евра
  • Влезници за музеите и културно-историските споменици
  • Задолжително патничко-здравствено осигурување
  • Доплата за еднокреветна соба 3.100 ден.

Напомени:

-За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници, за реализирање на факултативни излети мин 25 патници

-Факултативните излети се уплатуваат првиот ден од патувањето како би можеле истите технички да се реализираат !

За овој програм важат опшите услови за патување на Магелан Травел Сервис

Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.

Општи напомени за патување:

Т.А.Магелан Травел Сервис го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на редоследот на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посетa и сл.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето.

Напомена: Магелан Травел Сервис ќе организира групен трансфер за сите дестинации од: Охрид, Битола, Прилеп , Кавадарци( Дреново) , Неготино, Струмица, Штип, Велес до местото на поаѓање во Скопје.

Трансферот е  комбиниран и групен за сите програми со сигурна реализација и ќе биде во раните утрински часови на денот на поаѓање и во попладневните или вечерните часови на денот на пристигање.

Времето и местото на поаѓање по градови кон Скопје ќе биде дефинирано мин. 1 ден пред датумот на поаѓање и истото ќе биде адаптирано спорд  дестинацијата кој има најрано време на поаѓање од Скопје.

Времето на враќање од Скопје кон наведените градови ќе биде дополнително утврдено и за истото патниците ќе добијат информација од пратителот на патување на секоја дестинација во автобус неколку часа пред пристигнување во Скопје.

Ви треба помош ?

Поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311 Работно Време 10:00 - 19:00

+389 (0)78 340 311