Венеција

149 Евра

Ви благодариме за довербата и изборот што го направивте

ВЕНЕЦИЈА ВЕЛИГДЕН

16.04 - 20.04.2020

ВЕНЕЦИЈА со ФИРЕНЦА и ВЕРОНА

 

Автобус/ 4 дена/ 2 ноќевања

16 април (четврток) СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА

Состанок на групата на паркингот спроти хотел Holiday Inn во 12:00 часот. Поаѓање за Венеција во 12.30 часот.Се патува преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење.

17 април (петок) ВЕНЕЦИЈА

Пристигнување на пристаниште во Пунта Сабиони, заминување со брод за Венеција. Разглед на градот: плоштадот „Сан Марко“ истоимената црквата, ќе се помине покрај Мостот на воздишки, Дуждевата палата, мостот Риалто, каналот Гранде... Слободно време за индивидуални активности. Во договорено време заминување за Лидо Ди Јесоло. Сместување во хотел. Ноќевање.

18 април (сабота)ВЕНЕЦИЈА - ФИРЕНЦА

Појадок. Препорачуваме факултативна посета на главниот град на Тоскана и престолнината на ренесансата-Фиренца. Разглед на градот: Црквата Санта Кроче, Катедралата Дуомо, звоникот и крстилницата, Палатата Векио и репликата на Микеланџеловиот Давид, Галеријата Уфичи, Мостот Понте Векио, Палатата Пити... Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

19 април (недела) ВЕНЕЦИЈА - ВЕРОНА - СКОПЈЕ

Појадок. Задолжителна факултативна посета на Верона – град познат по Ромео и Јулија. Разглед на градот: плоштадите Бра, Ербе, Данте, куќата на Јулија, Амфитеатарот... Слободно време за прошетка и можност да се вкуси парче пица и прочуеното италијанско капучино. Во попладневните  часови тргнување за Македонија. Ноќно возење.

20 април ( понеделник) Скопје

Пристигнување во Скопје во пладневните часови.

 

Цена во претпродажба до 15.02.2020: 129 евра (8.000,00 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 149 евра (9.240,00 денари)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со високо-туристички автобус на наведената релација
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3*** во Лидo ди Јесоло
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз и разглед на Венеција со карта за локален превоз - брод Пунта Сабионе 20 евра
  • Факултативна посета на Фиренца 45 евра
  • Факултативна посета на Верона 10 евра ( задолжителна доплата)
  • Туристичка такса 2-3 евра на ден
  • Задолжително патничко осигурување
  • Доплата за 1/1 соба 2.170 мкд.

 

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.
  • Факултативните излети се уплатуваат првиот ден од патувањето како би можеле истите технички да се реализираат !
  • За факултативните излети најдобро е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот .
  • За овој програм важат Опшите Услови на патување на Магелан Травел Сервис
  • Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање. 

Општи напомени за патување:

  • Т.А.Магелан Травел Сервис го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

 Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.           

 Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

 

Напомена: Магелан Травел Сервис ќе организира групен трансфер за сите дестинации од: Охрид, Битола, Прилеп , Кавадарци( Дреново) , Неготино, Струмица, Штип, Велес до местото на поаѓање во Скопје.

Трансферот е  комбиниран и групен за сите програми со сигурна реализација и ќе биде во раните утрински часови на денот на поаѓање и во попладневните или вечерните часови на денот на пристигање.

Времето и местото на поаѓање по градови кон Скопје ќе биде дефинирано мин. 1 ден пред датумот на поаѓање и истото ќе биде адаптирано спорд  дестинацијата кој има најрано време на поаѓање од Скопје.

Времето на враќање од Скопје кон наведените градови ќе биде дополнително утврдено и за истото патниците ќе добијат информација од пратителот на патување на секоја дестинација во автобус неколку часа пред пристигнување во Скопје.

 

Ви треба помош ?

Поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311 Работно Време 10:00 - 19:00

+389 (0)78 340 311