Виена

159 Евра

Ви благодариме за довербата и изборот што го направивте

ВИЕНА ВЕЛИГДЕН

16.04 - 20.04.2020
                         

В И Е Н А                                                                                                                                                                                                            

Автобус / 5 дена / 2 ноќевања 

16 април  (четврток) СКОПЈЕ - ВИЕНА

Состанок на групата на паркингот спроти Хотел Holiday Inn во 14.00 часот. Тргнување за Виена во 14.30 часот. Се патува преку граничен премин Табановце и Србија, Унгарија. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.

17 април (петок) ВИЕНА

Пристигнување во Виена во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: Рингштрасе, Катедралата Св. Стефан и Штефанплац, Бургтеатар, Музејскиот кварт, Палатата Хофбург, Дворецот Белведере (без влез), Операта, Гратското Собрание Ратхаус, Парламентот, Универзитетот... Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Ноќевање.

18 април (сабота) ВИЕНА – ВИЕНСКИ ШУМИ

Појадок. Факултативна можност за полудневен излет Виенски Шуми, со посетa на најголемото подземното езеро Зегроте, некогашниот рудник каде била фабриката за авиони на Хитлер. Потоа се продолжува кон манастирот Хајлигенкројц и завршува во  живописниот град Баден, во подножјето на виенските шуми и царските бањи. Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

19 април (недела) ВИЕНА - ШЕНБРУН

Појадок. Факултативна посета на Кралскиот Дворец Шенбрун, летната резиденција на Хабзбуршката монархија, кој говори за животот на многу познати личности како Франц Џозеф , Марија Антоанета и др. Посетен од милиони туристи годишно, палатата заедно со неговите градини е една од најголемите туристички атракциии во Виена. Во договорено време заминување за Скопје, со попатна посета на Designer Outlet Parndorf. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

20 април (понеделник) СКОПЈЕ

Пристигање во Скопје во предпладневните часови.

 

Цена во предпродажба до 15.02.2020 : 8.620 денари (139 евра)

ЦЕНА НА АРАНЖМАН:  9.860 денари (159 евра)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со модерен туристички автобус на наведената релација
  • Сместување во Хотел 3*  во Виена на база 2 ноќевања со појадок
  • Посета на Designer Outlet Parndorf
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Организиран разглед на Виена 10 еур ( задолжителна доплата)
  • Виенски Шуми 30 еур  ( полудневен излет  за мин. 25 пријавени лица)
  • Посета на Шенбрун со вклучена влезница 40 евра
  • Доплата за еднокреветна соба 3.100 ден
  • Задолжително патничко-здравствено осигурување
  • Влезници во музеите и културно – историските споменици

Напомени:
-        За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.

  • За овој програм важат Опшите Услови на патување на Магелан Травел Сервис.
  • Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд
  • Т.А.Магелан Травел Сервис го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми) за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.   
    Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!
    Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

Напомена: Магелан Травел Сервис ќе организира групен трансфер за сите дестинации од: Охрид, Битола, Прилеп , Кавадарци( Дреново) , Неготино, Струмица, Штип, Велес до местото на поаѓање во Скопје.

Трансферот е  комбиниран и групен за сите програми со сигурна реализација и ќе биде во раните утрински часови на денот на поаѓање и во попладневните или вечерните часови на денот на пристигање.

Времето и местото на поаѓање по градови кон Скопје ќе биде дефинирано мин. 1 ден пред датумот на поаѓање и истото ќе биде адаптирано спорд  дестинацијата кој има најрано време на поаѓање од Скопје.

Времето на враќање од Скопје кон наведените градови ќе биде дополнително утврдено и за истото патниците ќе добијат информација од пратителот на патување на секоја дестинација во автобус неколку часа пред пристигнување во Скопје.

Ви треба помош ?

Поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311 Работно Време 10:00 - 19:00

+389 (0)78 340 311