Крф Велигден

5.990 Ден


ВЕЛИГДЕН - КРФ

Празник за паметење и зближување кон Бога

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 5.900,оо денари

1 ДЕН  05.04.2018 (четврток) СКОПЈЕ - ШТИП  КРФ

Поаѓање од Скопје во 20:30 часот на паркингот пред Хотел „Вип“. Поаѓање од Штип во 20:30 часот пред Новата пошта. По граничните формалности продолжување за Игуменица со попатни паузи за одмор. Ноќно возење.

 

2 ДЕН  06.04.2018 (петок) КРФ

Пристигнување во Игуменица во утринските часови. Пловидба со брод до островот Крф. Планирано пристигнување во претпладневните часови. Сместување во апартмани. Слободно време до 12:00 часот. Разглед:“срцето на градот Крф“. Палатата “АХИЛЕОН“ палатата на австро-унгарската принцеза Елизабета позната како Сиси која поминала значителен дел од животот овде. Приказната на македонски јазик за знаменитостите во палатата историјата, митологијата, религијата, верувањата, начинот на живот на принцезата, јунаштвото на Ахил... Одиме кон познатиот локалитет и видиковец Канони, разглед на овој значаен локалитет од времето на Наполеон Бонапарта и Француските демократи. Ова место е едно од најубавите кои ќе го воодушеви секој патник од овој волшебен и незаборавен пример, посета на црквата на Пресвета Богородица од Влахерна, панорамски разглед на островот Понтикониси-Глувчевото острово. Потоа заминуваме кон Корфоу неверојатно место од каде се забележуваат доминациите на тогашните европски сили над островот, позиции за фотографирање и приказната за градот и островот Крф. После посетата се поаѓа кон центарот на градот, каде се следи церемонијата-Оплакувањето на Христос со изнесувањето на епитафите од црквата Св.Ѓорги и од другите цркви во градот пратено со хорска музика, блех оркестри и групи од девојчиња со корпи цвеќе  симбол на островот. Сето тоа трае до 21:00 часот. Враќање по договор. Ноќевање.

3 ДЕН  07.04.2018 (сабота) КРФ

Претпладне започнува процесијата големата поворка со житијата на епитафот на патронот и заштитник на островот Крф  Св.Спиридон. Поворката се движи во ритам на тажниот мелос на композициите од познати италијански композитори, за на крајот да заврши со посмртниот марш од Бетовен. По завршувањето на последната поворка, околу 11:00 часот се случуваат два локални обичаи  Пилина и Мастело. Потоа заминување кон фабриката за пијалоци и слатко од овошјето КУМ-КОАТ, кое расте единствено на островот Крф и во Сицилија. Дегустација на производите од фабриката. Потоа заминување кон туристичкиот локалитет Палеокастрица, сместен во северо-западната обала на островот Крф. Панорамски разглед на скаменетиот брод на Одисеј враќајќи се од островот Итака, Лавовската глава заштитник на Палеокастрица, Отранската порта... Посета на манастирот на Св.Богородица кој датира од Византиски период 1225 год.и музејот со најголемата школка. Слободно време  за индивидуални активности и можност за факултативен ручек. Враќање во хотел. Слободно попладне. Околу 21:00 часотсе поаѓа кон градот, каде на големиот плоштад најголем во цела Грција, се очекува величентсвениот миг ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ. Во тие моменти градот е осветлен од илјадници луѓе со свеќи во рацете, а небото го краси импозантен огномет. Враќање  по договор. Ноќевање.

 

4 ДЕН  08.04.2018 (недела) КРФ – ШТИП – СКОПЈЕ

Во 09:00 напуштање на апартманите и упатување кон пристаништето на Крф. Заминување со брод за Игуменица, а потоа продолжување со автобус за Македонија, со попатни одмори и посета на градот Јанина и музејот на восочни фигури на познатиот грчки вајар Павлос Врелос. Враќање во Македонија во вечерните часови.

 

Цената вклучува:

  • превоз со модерен туристички автобус спрема програмата;
  • превоз со брод на релација Игуменица-Крф-Игуменица;
  • 2 ноќевања во апартмани на островот Крф;
  • посета на наведените локалитети спрема програмата;организација,подготовка и водство на аранжманот;туристички придружник.

 

Цената не вклучува:

  • влезници во локалитетите кои се посетуваат на островот према програмата,трансфери и посети на “срцето на Крф“ на македонски јазик Ахилеон-Мадам Сиси - 10 евра;
  • влезница во музејот на восочни фигури во Јанина ____ евра;
  • се што не е наведено во програмата;
  • туристичка такса – 1 евро од ден по лице, деца до 12 години плаќаат 0,5 евра од ден.
  • патничко осигурување 185 ден.

 

Попусти:   

  • деца до 12 години имаат 25% попуст

Ви треба помош ?

Поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311 Работно Време 10:00 - 19:00

+389 (0)78 340 311


Може да ви се допаднат