Фиренца

209 Евра

Ви благодариме за довербата и изборот што го направивте

ФИРЕНЦА ВЕЛИГДЕН

16.04 - 21.04.2020

ФИРЕНЦА - ПИЗА - ЧИНКВЕТЕРЕ - СИЕНА - САН ЏЕМИЊАНО

 

16април (четврток)Скопје – Монтекатини

Состанок на групата во 11:00 часот на паркингот спроти хотел Холидеј Ин. Поаѓање во 11.30часот. Се патува преку Србија, Хрватска и Словенија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

17 април (петок)Монтекатини – Пиза – Монтекатини

Пристигнување во пладневните часови во Монтекатини Терме. Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Во вечерните часови посета  на Пиза. Прошетка по еден од највеличенствените плоштади во Италија – Плоштадот на чудата, Катедралата Дуомо, Крстилиницата Свети Јован, и познатиот симбол – Кривата кула. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање.

18април (сабота)Монтекатини - Чинкве Тере (Cinque Terre) - Монтекатини

Појадок. Заминување на целодневна факултативна екскурзија до најпознатите и најживописни селца на Италијанската рива. Разлгед на  регионот со локален водич. Пристигнување во градот La Spezia од каде се продолжува со воз. Cinque Terre е област лоцирана на Лигурското крајбрежје сочинета од 5 селца: Monterosso al Mare, Vernazza, Corniglia, Manarola и Riomaggiore, кои со околните планини го сочинуваат Националниот парк CINQUE TERRE, кој е под заштита на UNESCO. Овој дел од Италијанската ривиера е еден од најживописните туристички центри кој задолжително треба да се посети. Враќање во La Spezia. Поаѓање за Монтекатини. Ноќевање.

19април (недела)  Монтекатини - Сиена – Сан Џемињано – Монтекатини

Појадок. Предлагаме полудневен факултативен излет во градовите Сиена и Сан Џимињано. Пристигнување во Сиена, градот кој низ историјата претставуал најголем ривал на Фиренца и втор по важност во Тоскана по богатата ризница на уметничко и културно наследство. Разглед на градот: црквата San Domenico, Катедралата Siena – Metropolitana di Sandra Maria Assunta, Pallazo Salimbeni и Piazza Salimbeni  и плоштадот  Del Campo – плоштад во облик на школка на кој се одржува познатата коњска трка Palio... Слободно време за индивидуална прошетка до поаѓањето за Сан Џимињано. Пристигнување во San Gimignano типично тосканско градче опкружено со винови насади и маслинови градини. “San Gimignano dala belle Tore” во кој е добро сочуван амбиентот од XIII и XIV век, и 14-те кули кои прават една целина на ова живописно мало тосканско градче. Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во Монтекатини. Слободна вечер за индивидуални прошетки низ Монтекатини. Ноќевање.

20април (понеделник)Монтекатини – Фиренца – Скопје

Појадок. После појадокот заминување за Фиренца - лулката на ренесансата, градот на “Давид“ на Микеланџело, на “Раѓањето на Венера” на Ботичели, градот во кој Данте го започнал создавањето на италијанскиот литературен јазик. Разглед на главниот град на Тоскана: Катедралата Дуомо со автентичната купола – чудо на ренесансната архитектура, Палатата Векио – Градското Собрание, Плоштадот Сињорија – познат по репликата на Микелаџеловиот Давид и Галеријата Уфици која е една од најстарите и најпознати музеи во светот и каде се наоѓаат  најпознатите дела на големите мајстори како Ботичели, Џото, Леонардо, Микеланџело, Рафаел, Тицијан... Понте Векио – стариот Мост од 14 век, Палатата Пити.... Во попладневните часoви поаѓање за Скопје. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.  

21април (вторник)        Скопје

Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

 

ЦЕНА ЗА РАНА УПЛАТА до 15.02: 189 евра  (11.720 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 209 евра (12.960 денари)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
  • Сместување во хотел со 3* на база 3НП (ноќевање со појадок) во Монтекатини Терме
  • Посета на Пиза
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Целодневен излет на Cinque Terre 45 евра (трансфер со воз, CinqueTerre card до 5-те села, и трансфер од железничка до Корнилија)  
  • Посета на Сиена и Сан Џемињано 45евра (трансфер, локален водич)
  • Задолжителна посета на Фиренца 20 евра
  • Туристичка такса во хотел во Монтекатини 3-5 еур по ден
  • Задолжително патничко осигурување

 

НАПОМЕНИ:

За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници.

Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 7 дена пред поаѓање.

- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата

- Организаторот го задржува правото на промена на цените на факултативните излети во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите.

- За овој аранжман важат Општите услови за патување на Магелан Травел СервисПасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

 

Напомена: Магелан Травел Сервис ќе организира групен трансфер за сите дестинации од: Охрид, Битола, Прилеп , Кавадарци( Дреново) , Неготино, Струмица, Штип, Велес до местото на поаѓање во Скопје.

Трансферот е  комбиниран и групен за сите програми со сигурна реализација и ќе биде во раните утрински часови на денот на поаѓање и во попладневните или вечерните часови на денот на пристигање.

Времето и местото на поаѓање по градови кон Скопје ќе биде дефинирано мин. 1 ден пред датумот на поаѓање и истото ќе биде адаптирано спорд  дестинацијата кој има најрано време на поаѓање од Скопје.

Времето на враќање од Скопје кон наведените градови ќе биде дополнително утврдено и за истото патниците ќе добијат информација од пратителот на патување на секоја дестинација во автобус неколку часа пред пристигнување во Скопје.

 

Ви треба помош ?

Поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311 Работно Време 10:00 - 19:00

+389 (0)78 340 311