Шпанија

199 Евра

Ви благодариме за довербата и изборот што го направивте

 

ВЕЛИГДЕН ВО ШПАНИЈА

19.04 – 29.04.2019 ГОДИНА ОД 199 ЕВРА

 

1.ДЕН (СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА)

Поаѓање во утринските часови. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија,  Хрватска, Словенија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор.

2. ДЕН (ВЕНЕЦИЈА – ЛИДО ди ЈЕСОЛО)

Пристигнување во утринските часови во Венеција. Продолжуваме со разглед на Венеција. Венецијанската лагуна. По пристигнувањето во Венеција – разглед на градот: Дуждевата палата, мостот на воздишките, Базиликата Св. Марко, Кампаниле, Мостот Риалто, Санта Марија... Слободно време за индивидуални прошетки. Кратко возење до Лидо ди Јесоло, сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.

3.ДЕН (МИЛАНО)

Појадок. Поаѓање кон Милано. Следи организиран разглед на Милано: замокот Сфорцеско – некогашната службена резиденција на миланските војводи, централниот плоштад Дуомо и Катедралата Дуомо - петта по големина во светот и најголема катедрала во Италија, за чија изградба биле потребни 6 века, Via Vittorio Emanuele главната шопинг улица и центар на вечерните збиднувања, Galleria Vittorio Emanuele – покриен 196 метарски коридор со витражно стакло, со бројни продавници, La Scala, зграда на миланската опера и една од најпознатите оперски куќи во светот, црквата Santa Maria delle Grazie. Слободно време. Поаѓање кон Љорет де Мар. Ноќно возење.

4. ДЕН (ЉОРЕТ ДЕ МАР)

Пристигнување во утринските часови во најпознатиот туристички центар на крајбрежјето на Коста Брава – Љорет де Мар (65 км од Барселона). Сместување во апартмантски комплекс. Попладне предвидено за одмор, сончање и капење. Секоја вечер факултативна посета на дискотека. Ноќевање.

5-7. ДЕН (ЉОРЕТ ДЕ МАР – БАРСЕЛОНА)

 Вашиот престој во Шпанија може да биде незаборавен со посета на факултативните излети од нашата богата и ЕКСКЛУЗИВНА понуда: FLAMENCO LA SIESTA, CASTEL MEDIEVAL (Витешка вечера) BARCELONA PANORAMICA (посета на Саграда Фамилија, паркот Цитадела, познатата улица Пасеж де Грасија, магичните фонтани...) COSTA BRAVA, BARCELONA BY NIGHT, NOU CAMP, AQUARIUM, со што вашиот престој во Шпанија ќе биде полн со спомени и убави доживувања.

8. ДЕН (ЉОРЕТ ДЕ МАР – АЗУРЕН БРЕГ)

Одјавување од апартманите. Слободно време. Ноќно возење преку Франција.

 

9.ДЕН (КАН– НИЦА-МОНАКО – МОНТЕ КАРЛО)

Во утринските часови пристигнување на Азурниот брег. После кратката посета на парфимеријата во Грас, следува обиколка на Кан, прошетка по монденското шеталиште „La Croissette“, разгледување на познатата филмска палата, хотелот Медитеранео, ексклузивниот хотел Карлтон – каде отседнуваат ѕвездите за време на одржување на Канскиот филмски фестивал, бројните луксузни продавници.... Кратко возење до Ница. Следува обиколка: Шеталиштето на англичаните „Promenade des Anglais, хотел Negresco, плоштадот Massena... Слободно време за сончање, одмор или индивидуален разглед на градот. Во вечерните часови поаѓање кон кнежеството Монако – магичниот град на казината и коцкањето. Ова е одлична можност да го почувствувате гламурот на Палатата Грималди, Катедралата, океанографскиот музеј, патеката на Формула 1 обиколка квартот со познатите казина и прошетка низ преубавите паркови на Монте Карло. По завршувањето на обиколката патувањето продолжува со ноќно возење кон Скопје.

10. ДЕН (МОНТЕ КАРЛО - СКОПЈЕ)
Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

 

ЦЕНА: 199 Еврa

Цената вклучува:

  • 4 ноќевања во апартмани во Љорет Де Мар
  • 1 ноќевање со појадок во Лидо ди Јесоло
  • Посета на градовите: Венеција, Милано,Ница, Кан и Монако и Монте Карло со стручни водичи на нашата агенција
  • Комплетна организација на патувањето со пратител
  • Превоз со модерни туристички автобуси (со клима, ТV, видео) на наведената релација
  • Туристичка такса
  • БЕСПЛАТНО ПОАЃАЊЕ ОД: БИТОЛА, ПРИЛЕП, КАВАДАРЦИ, НЕГОТИНО, ВЕЛЕС, ШТИП СТРУМИЦА, КУМАНОВО
  • Прво и второ дете до 14 години плаќаат 50% од износот

 

Цената не вклучува:

  • Факултативни излети, возење со брод до Венеција и влезници планирани по програмата
  • Патничко - здравствено осигурување, задолжително.
  • Доплата за двокреветна соба во Лорет Де Мар – 20 евра по лице
  • Доплата од 55€ за хотелско сместување со полн пансион на база на „шведска маса“ (доручек, ручек и вечера)

 

Ви треба помош ?

Поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311 Работно Време 10:00 - 19:00

+389 (0)78 340 311


Може да ви се допаднат

Шпанија
199 Евра