Воздишки на Културата

Воздишки на Културата

1 ДЕН МАКЕДОНИЈА

Состанок на групата во договореното време. Се патува преку Србија, Хрватска, Словенија. Ноќно возење со паузи за одмор и царински формалности.

2 ДЕН ВЕНЕЦИЈА

Пристигнување во Венеција во претпладневните часови и посета и разгледување на Венеција: Плоштадот Сан Марко, Дуждевата палата, Мостот на воздишките, Саат кулата, Црквата Св Јован и Павле, каналот Гранде и др. Во вечерните часови патувањето продолжува за Ница преку Сан Ремо. Ноќно возење.

3 ДЕН НИЦА

Пристигнување во Ница во утринските часови. Сместување во хотел. Слободно претпладне. Во попладневните часови разгледување на градот и посета на музејот на Пикасо. Враќање во хотел.Ноќевање

4 ДЕН НИЦА-КАН - МОНАКО

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Поаѓање за Кан и разгледување на Кан: Шеталиштето Ла Кроазет, Филмската палата, плажата на фотомодели авенијата на палатите. Посета на фабриката за парфеми Фрагонард-Галимард во ЕЗЕ. Продолжување на патувањето кон Монако: смена на стража,Кнежевската Палата, катедралата Св.Никола со гробницата на Грејс Кели и Принцот Рение,Океанографски музеј, По Формула 1 патеката се спуштаме до Монте Карло: посета на познатитекоцкарници во Монте Карло. Во вечерните часови поаѓање за Лорет Де Мар. Ноќно возење.

5 ДЕН –ЛОРЕТ ДЕ МАР

Пристигнување во Лорет Де Мар во предпладневните часови. Сместување во хотел. Ручек. Слободно попладне. Вечера. Во вечерните часови факултативна посета на дискотека. Ноќевање.

6 ДЕН БАРСЕЛОНА

Појадок. По појадокот целодневно разгледување на Барcелона. Поаѓање за Барселона. Панорамско разгледување на градот: Булеварот Диагонал, Саграда Фамилија, улицата Рамблас, Универзитетот, бизнис квартот, готската четврт, стадионот Ноу Камп, Националната палата, Колумбовиот споменик, Шпанско село, плоштадите Каталонија и Шпанија, Музејот на Пикасо. Ручек (ланч пакет). Враќање во хотел во Лорет Де Мар. Вечера. Ноќевање .

7 ДЕН ЛОРЕТ ДЕ МАР

Појадок. По појадокот целодневен факултативен излет до Маринеленд - место за водни забави во базени и тобогани. Враќање во хотел. Вечера. По вечерата факултативна посета на Средновековен Витешки дворец со програма слична на Синска Алка-каде што можете да проследите борба на витези на коњи. Враќање во хотел во Лорет. Ноќевање

8 ДЕН –БАРСЕЛОНА

Појадок. Можност за факултативна посета на Бенедиктанскиот манастир лоциран во прекрасен кањон во областа Монсерат каде што се наоѓа познатото светилиште со Црната Мадона. Посета на традиционална шпанска визба и дегустацијана шпанските традиционални вина или можност за посета на Корида и магичните фонтани ( само во недела). Слободно време за шопинг. Враќање во хотел во Лорет Де Мар. Вечера. Можност за факултативна посета на дискотека. Ноќевање

9 ДЕН ЛОРЕТ ДЕ МАР

Појадок. Слободно претпладне. Можност за посета на Фигуерес - родното место на Салвадор Дали и каде што можете да го посетите и неговиот музеј. (ланч пакет).  Во подоцнежните часови, можност зафакултативна посета на Фламенго шоу-целовечерна програма на шпанска национална игра проследена со пијалак, како и жива музика за играње на гостите во паузата. Враќање во хотел. Ноќевање.

10 ДЕН ЛОРЕТ ДЕ МАР -КАН-НИЦА-МОНАКО

Појадoк. Слободно претпладне. Напуштање на хотелот во попладневните часови. Патот продолжува кон Верона преку Кан, Ница, Монако. Ноќно возење .

11 ДЕН ВЕРОНА – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО

Пристигнување во Верона во утринските часови. Разгледување и прошетка низ Плоштадите Бра и Ебре и Делсињори , куќата и гробот на Јулија , гробовите на фамилија Скала и др. Патувањето продолжува за Лидо ди Јесоло. Пристигнување во вечерните часови . Сместување во хотел.Ноќевање

12 ДЕН ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО-  МАКЕДОНИЈА

Појадок. Слободно претпладне. Во попладневните часови заминување за Македонија. Патувањето продолжува преку Словенија , Хрватска , Србија со паузи за одмор и царински формалности.

13 ДЕН МАКЕДОНИЈА

Пристигнување во Македонија во доцните попладневни часови.

 

Во цената на аранжманот е вклучено :

• превоз со високо туристички автобус

• Сместување во хотели со 2* и 3*

• 1 ноќевање со појадок во Лидо ди Јесоло

• Попатна посета на Венеција

• Попатна посета на Верона

• 5 пансиони во Лорет Де Мар

• панорамско разгледување на Барселона со стручен локален водич

• 1 ноќевање со појадок во Ница

• посета на Кан, Монако и Монте Карло

• посета на фабриката за парфеми во Ез

• организација и водство на пат

Во цената на аранжманот не е вклучено :

• Факултативни посети и екскурзии;

• Билети за музеи, културно - историски и археолошки  локалитети;

• Билети за локален превоз - метро, брод, автобус;

• Патничко осигурување

• Се што не споменато во програмата

Ви треба помош ?

Поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311 Работно Време 10:00 - 19:00

+389 (0)78 340 311