Европа без граници

Европа без граници

1 ден МАКЕДОНИЈА

Состанок на групата. Поаѓање во утринските часови. Се патува преку Србија, Хрватска, Словенија. Ноќно возење со паузи за одмор и царински формалности.

2 ден ВЕНЕЦИЈА – Лидо Ди ЈЕСОЛО

Пристигнување во Венеција во претпладневните часови, разглед на Венеција плоштадот Сан Марко, Дуждевата палата, Мостот на воздишките, Саат кулата, Црквата Св.Јован и Павле, каналот Гранде и др...  Во попладневните часови поаѓање за Лидо ди Јесоло. Ноќeвање.

3 ден ЛИДО ди ЈЕСАОЛО - ВЕРОНА - МИЛАНО

Појадок. Поаѓање во 08.00 часот. Попатна пауза и разглед на Верона: Гробот на Јулија (Самостанот Франческо Ал Корсо) плоштадот Бра, со Арената и градската куќа, куќата на Јулија, плоштадот Ербе и Данте... По кратка пауза патувањето продолжува за Милано. Прошетка низ Милано со посета на: Замокот Сфорца, Посета на Плоштадот Дуомо и прекрасната Катедрала, преку Галеријата Виторио Емануеле се доаѓа до плоштадот Скала каде ја гледаме познатата Миланска Скала и споменикот на Леонардо да Винчи. Слободно време за индивидуални прошетки по ексклузивните продавници, кафичи до пред полноќ. Кратка посета стадионот Сан Сиро. Ноќно возење кон Азурниот брег.

4 ден НИЦА –КАН

Пристигнување во НИЦА во утринските часови. Сместување во хотел. Во пладневните часови заминување за КАН. Филмски град со авенија на Палатите филмската палата – луксузните јахти – опуштете се и чуствувајте се возвишено во светот на гламурот. Враќање во Ница. Вечерта прошетка низ стариот дел на Ница, плоштадот Масена, Променадата на Aнгличаните, хотелот Негреско симбол на градот... журка во Waynes pub во стариот град, Havana Club или на плажа... Ноќевање.

5 ден НИЦА - МОНАКО

Појадок Слободно предпладне.Околу пладне посета на Парфимеријата Фрагонард во Ез, тура низ фабриката, патот продолжува со посета на Монако, Палатата, црквата св. Николас, Океанографскиот Музеј, Посета на Монте Карло, Касино Ројал, Хотел Де Парис...пред полноќ го напуштаме Монако. Ноќно возење за Шпанија со попатни паузи.

6 ден ЛОРЕТ ДЕ МАР

Пристигнување во предпладневните часови. Сместување во хотел. Ручек. Слободен ден за релаксирање на плажа. Вечера. Факултативна посета на Фламенго каде што под звуците и ритмот на музиката и со неограничена Сангрија уживаме во прекрасна програма. Во вечерните часови посета на дискотека. Ноќевање.

7 ден ЛОРЕТ ДЕ МАР - БАРЦЕЛОНА

Појадок, Разглед на Барцелона со локален водич: спектакуларната недовршена црква на архитектонскиот гениј Гауди Саграда Фамилиа, Центарот на Барса, Олимпискиот стадион, Шпанското село, Стадионот на Ф.К. Барцелона Ноу Камп , споменикот на Колумбо, улицата Рамблас, разгледот завршува на централниот плоштад Плаца Каталуња. Прошетка до Бари Готико и катедралната црква. Ручек (ланч пакет) Слободно време. Попладне враќање во хотел. Вечерa. Ноќевање.

8 ден ЛОРЕТ ДЕ МАР

Појадок. можност за индивидуална посета на паркот Гуел, музејот на Пикасо, Бари Готико. Ручек (ланч пакет)Слободно време. Попладне враќање во хотел. Вечера. Во вечерните часови можност за посета на дискотека во Барцелона. Ноќевање.

9.ден. ЛОРЕТ ДЕ МАР

Појадок.Слободен ден наменет за шопинг или уживање на песочните плажи .Ручек. Вечера. Ноќевање.

10 ден ЛОРЕТ ДЕ МАР - ПАРИЗ

Појадок. Факултативна посета на Фигуерас со музејот на Салвадор Дали и Емпуриа Брава таканаречена шпанска Венеција. Вечерта поаѓање за Париз. Ноќно возење со попатни паузи.

11 ден ПАРИЗ

Пристигнување во Париз во претпладневните часови. Одмор се до времето кога е предвидено прошетка низ тесните улички исполнети со сликари и ументнички галерии, со разглед на Пигал, Мулен руж, враќање во хотел. Ноќевање.

12 ден ПАРИЗ

Појадок, разгледување на градот Триумфалната капија –Ајфиловата кула, Сена каде што ќе имаме можност за Крстарење. Можност за посета на Лувр. Ноќевање.

13 ден ПАРИЗ

Појадок факултативна екскурзија за посета на Кралската палата во Версај. Разгледот завршува со посета на Кралската палата во Версај , и со посета на футуристичкиот кварт Дефанс. Вечерта индивидуална прошетка по монденската Шанзе елизе улица (со метро).

Ноќевање

14 ден ПАРИЗ - ДИЗНИЛЕНД

Појадок. Напуштање на хотелот и заминување кон Дизниленд волшебениот свет каде што Дизни од бајка го претставил во реалност  - целодневна забава во паркот. Поаѓање за Минхен. Ноќно возење со попатни паузи.

15 ден МИНХЕН - ВИЕНА

Пристигнување во Минхен во предпладневните часови. Прошетка низ стариот град слободно време за добар шопинг. А нашите водичи ќе ве однесат во Hofbrauhaus најстарата пивница. Патот продолжува за Виена. Пристигнување во вечерните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.

16 ден ВИЕНА - МАКЕДОНИЈА

Појадок, Разгледување на Виена: Операта, Ратхаус, Парламентот, Хундретвасер, пешачкиот дел на Виена со Стефан плац, Штефл, Хофбург. Попладне поаѓање за Македонија. Ноќно возење со попатни паузи.

17 ден МАКЕДОНИЈА

Пристигнување во Македонија во попладневните часови

Во цената е вклучено:

• превоз со високо туристички автобус ( видео,клима,ТВ)

• Сместување во хотели со 2* И 3*

• 1 НП во Лидо Ди Јесоло; 1НП во Ница;

• Посета на Кан, Монако и Монте карло

• Посета на фабриката за парфеми во Ез

• 4 ПА Лорет Де Мар; 3 НП во Париз; 1НП во Виена

• Разгледување на градовите по програма

• Организација и водство на патот

Во цената на аранжманот не е вклучено:

• Факултативни посети и екскурзии;

• Билети за музеи, културно историски и археолошки локалитети;

• Билети за локален превоз метро, брод, автобус;

• Задолжително патничко осигурување

• Сето она што не е споменато во програмата

Ви треба помош ?

Нашиот тим е 24/7 на ваше располагање поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311

+389 (0)78 340 311