Европа на Дланка

Европа на Дланка

1 ДЕН МАКЕДОНИЈА

Состанок на групата пред Дрводекор.Поаѓање во утринските часови.Се патува преку Србија, Хрватска, Словенија.Ноќно возење со паузи за одмор и царински формалности.

2 ДЕН ВЕНЕЦИЈА – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО

Пристигнување во Венеција во претпладневните часови.Разгледување на Венеција плоштадот Сан Марко,Дуждевата палата, Мостот на воздишките ,Саат кулата,Црквата Св. Јован и Павле,каналот Гранде и др.Во попладневните часови поаѓање за Лидо ди Јесоло.Сместување во хотел. Ноќeвање

3 ДЕН ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО- ФИРЕНЦА

Појадок .Напуштање на хотелот .Слободно претпладне.Во попладневните часови поаѓање за

Фиренца.Разгледување на Фиренца, единствена на светот поради богатството на нејзините уметнички дела и аристократската елеганција.Таа е мајка на хуманизмот и ренесансата. Посебна атракција се; Катедралата Санта Марија Дел Фиоре,палатата Медичи Рикарди, гробницата Медичи и итн.Во вечерните часови продолжување за Пиза-разгледување

на градот и Кривата кула, плоштадот Деи Миракол-тепих од трева каде што се наоѓа и Романската катедрала. Во вечерните часови поаѓање за Рим.Ноќно возење.

4 ДЕН РИМ

Пристигнување во Рим во утринските часови.Сместување во хотел.Краток одмор.По одморот

панорамско разгледување на градот со стручен локален водич на Римскиот форум ,Колосеумот,  Базиликата Св.Климент и гробот на Кирил,Палатата на правдата,Замокот Св.Анѓело, Kапитол и

Капитолинскиот музеј, плоштадот Венеција, Триумфалната порта и др.Ноќевање.

5 ДЕН –РИМ

Појадок.По појадокот факултативна посета на Ватикан со плоштадот Св.Петар, Ватиканскот музеј и Сиктинската капела. Слободно попладне. Во вечерните часови можност за фа

култативна посета на дискотека.Ноќевање..

6 ДЕН РИМ - НИЦА

Појадок.Напуштање на хотелот. Слободно претпладне. Во попладневните часови можност за

факултативна посета на - Тиволи. Во вечерните часови поаѓање за Ница.Ноќно возење со

одмори.

7 ДЕН НИЦА - КАН

Пристигнување во Ница во утринските часови. Сместување во хотел . Слободен ден .Во вечерните часови поаѓање за Кан. Разгледување на Кан: Шеталиштето Ла Кроазет, Филмската палата,плажата на фотомодели, Авенијата на палатите. Враќање во хотел . Ноќевање

8 ДЕН –НИЦА – МОНАКО – МОНТЕ КАРЛО

Појадок.По појадокот разгледување на градот.Продолжување на патувањето кон Монако. Посета на фабриката за парфеми Фрагонард-Галимард во ЕЗЕ. Пo пристигнувањето во Mонако панорамско разгледување на смена на стража, Кнежевската Палата, катедралата Св.Никола со гробницата на Грејс Кели и Принцот Рение,Океанографски музеј, По Формула 1 патеката се спуштаме до Монте Карло: посета на познатите коцкарници во Монте Карло.Во вечерните

часови поаѓање за Лорет Де Мар.Ноќно возење.

9 ДЕН ЛОРЕТ ДЕ МАР

Пред пристигнувањето во Лорет де Мар , посета на Фигуерас – родното место на Салвадор Дали , посета на неговиот музеј.Сместување во хотел. Ручек. Слободно попладне. Вечера. Во вечерните часови можност за факултативна посета на Фламенго- Шпанска национална игра проследена со смена на костими како и пијалак и жива музика за играње на гостите на пауза. Враќање во хотел. Можност за факултативна посета на дискотека.Ноќевање

10 ДЕН БАРСЕЛОНА

Појадок. По појадокот целодневно разгледување на Барселона. Панорамско разгледување на градот: Булеварот Диагонал, Саграда Фамилија, улицата Рамблас, Универзитетот, бизнис

Квартот, готската четврт, стадионот Ноу Камп, Националната палата, Колумбовиот Споменик, Шпанско село, плоштадите Каталонија и Шпанија, Музејот на Пикасо. Ручек. (ланчпакет). Враќање во хотел во Лорет Де Мар. Вечера. По вечерата факултативна посета на средновековен Витешки дворец со програма слична на Синска Алка каде што можете да проследите борба на витези на коњи. Враќање во хотел. Ноќевање.

11 ДЕН ЛОРЕТ ДЕ МАР - ПАРИЗ

Појадок.По појадокот напуштање на хотелот. Факултативна посета на Барселона.Слободен ден за шопинг или можност за факултативна посета на Бенедиктанскиот манастир лоциран во прекрасен кањон во областа Монсерат каде што се наоѓа познато то светилиште со Црната

Мадона . Во вечерните часови поаѓање за Париз. Ноќно возење.

12 ДЕН ПАРИЗ

Пристигнување во Париз во утринските часови. Сместување во хотел. Слободен ден за посета на Париз и неговите познати стоковни куќи. Во вечерните часови посета на плоштадите Конкорд и Вендом, Пигал и Белиот плоштад - Монмартр, Операта, Црквта Маделин, Кралската улица, Елисејските полиња,Триумфалната порта,Трокадеро и др.Враќање во хотел.Ноќевање.

13 ДЕН- ПАРИЗ

Појадок. По појадокот разгледување на градот и можност за факултативно крстарење по Сена:

Плоштадот на Операта, Ајфеловата кула, плоштадот Бастиља, Катедралата Нотрдам. Слободно попладне. Ноќевање.

14 ДЕН- ПАРИЗ – ДИЗНИЛЕНД

Појадок.По појадокот напуштање на хотелот и целодневна факултативна посета на Дизниленд-

измислениот свет на Волт Дизни, место каде што ќе можете да патувате во минатото и иднината. Во попладневните часови поаѓање за Виена – преку Минхен и Салцбург.Ноќно возење.

15 ДЕН- МИНХЕН – ВИЕНА

Пристигнување во Минхен во утринските часови. Панорамско разгледување на Баварската престолнина Мариен Плац, Катедралата Св. Петар , Олимпискиот стадион, Ратхаус, Кенигплац.

По разгледувањето заминување кон Виена и пристигнување во вечерните часови. Сместување во хотел.Ноќевање.

16 ДЕН ВИЕНА

Појадок.По појадокот напуштање на хотелот и разгледување на Виена - плоштадот Ринг  Штрасе, Операта, парламентот, Градската палата, Универзитетот, црквата Вотив, летниот дворец Шенбурн, забавниот парк Пратер и др. Во попладневните часови заминување за Скопје.Ноќно возење преку Словенија,Хрватска,Србија со паузи за одмор и царински формалности.

17 ДЕН МАКЕДОНИЈА

Пристигнување во Македонија во претпладневните часови.

Во цената е вклучено:

  • превоз со високо туристички автобус( видео,клима,ТВ)
  • Сместување во хотели со 2* И 3*
  • 1 НП во Лидо Ди Јесоло;
  • 2 НП во Рим;
  • 1НП во Ница;
  • Посета на Кан, Монако и Монте карло
  • Посета на фабриката за парфеми во Ез
  • 2 НП во Париз;
  • 1 НП во Виена
  • 2 ПА Лорет Де Мар
  • Разгледување на Рим со професинален водич
  • Разгледување на Париз со професинален водич
  • Организација и водство на патот од Агенцијата

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Факултативни посети и екскурзии;
    • Билети за музеи, културно : историски и археолошки
    • локалитети;
    • Билети за локален превоз : метро, брод, автобус;
    • Задолжително патничко осигурување
    • Сето она што не е споменато во програмата.

Ви треба помош ?

Нашиот тим е 24/7 на ваше располагање поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311

+389 (0)78 340 311