Кралски Престолнини

Кралски Престолнини

1 ден. МАКЕДОНИЈА - БУДИМПЕШТА

Состанок на групата во договореното време. часот. Нoќно возење преку Србија со паузи за одмори царински формалности .

2 ден. БУДИМПЕШТА - ВИЕНА

Пристигнување во Будимпешта во претпладневните часови.Сместување во хотел. Краток одмор. По одморот организирано разгледување на градот со стручен локален водич: Пешта ' Споменикот на Милениумот, Операта, Парламентот, Црквата Св.Стефан,мостовите на Дунав, Будим' Цитаделата, Тврдината со кралската палата на кралот Матејас, Рибарската Тврдина. Во вечерните часови факултативна вечера во национален ресторан  – Чарда со национална музика и унгарска кујна.

Ноќевање.

3 ден. БУДИМПЕШТА – ВИЕНА - ПРАГА

Појадок. По појадокот заминување за Виена. Панорамско разгледување на градот: Плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерната уметност, Градската Палата, Универзитетот, Палатата Белведере, Црквата Вотив, дворецот Шенбурн, Забавниот парк Пратер. Во доцните вечерни часови заминување за Прага.Ноќно возење.

4 ден . ПРАГА

Пристигнување во утринските часови. Сместување во хотел. Краток одмор. По одморот, панорамско разгледување на Чешката престолнина – Замокот Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица,Карловиот мост, стариот градски плоштад и др. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.

5 ден . ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ

Појадок. По појадокот поаѓање на групата за Карлови вари. Пристигнување во попладневните часови. Краток разглед на градот , најпрочуеното банско место во Чешка кое датира од 14'тиот век. Се  стекнал со светска слава со своите 12 лековити извори и прошетка по неговите шармантни тесни улички. Во вечерните часови поаѓање за Франкфурт. Ноќно возење со паузи за одмор.

6 ден ФРАНКФУРТ

Пристигнување во раните утрински часови. Сместување во Хотел. По краткиот одмор разгледување на

градот, кој претставува Германска и Европска Банкарска престолнина, бидејќи тука се сместени сите најголеми банки на стариот континент. Посета на плоштадот Роменберг, Зградата на Старата опера,Катедралата Св.Бартоломеј, Куката на Гете, централното градско подрачје со највисоките облакодери во Европа.Враќање во хотел. Ноќевање.

7 ден. ФРАНКФУРТ - АМСТЕРДАМ

Појадок. По појадокот поаѓање на групата за Амстердам .Пристигнуавње во попладневните часови. Сместување во хотел. Панораски разглед на градот и плоштадот ДАМ, мостовите и каналите, RIUKS I STEDELIK музеите ' Rembrant, Van Gog и др..) и посета на продавниците за свила, зачини и порцелан.Враќање во хотел Ноќевање.

8 ден. АМСТЕРДАМ – ХАГ – БРИСЕЛ - ПАРИЗ

Појадок. Поаѓање на групата за Хаг. По пристигнувањето – панорамско разгледување на судот за човекови права – Шевенинген. Патувањето продолжува за Брисел – Белгиската престолнина. Со панорамско разгледување на еден од најубавите европски плоштади , катедралата Св. Михаил, Атомиумот, конгресната хала, плоштадите Ројал и Луис , кралската палата и срцето на Европската Унија. Во попладневните часови заминување за Париз. Пристигнување во вечерните часови. Сместување во хотел. Слободна вечер. Ноќевање.

9 ден. ПАРИЗ

Појадок. Разглед на Париз и посета на Триумфалната капија,Елисејските полиња, Плоштадите Конкорд и Вендом, Пигал, Операта, Монмартр, Црквата Маделин, Кралската улица .... Враќање во Хотел. Во вечерните часови можност за факултативно крстарење по Сена и прекрасен поглед кон црквата Нотр Дам и мостовите на Париз.Ноќевање.

10 ден ПАРИЗ - НИЦА

Појадок. Напуштање на Хотелот и ден предвиден за факултативни посети на Лувр и замокот Версај или Дизниленд. Во вечерните часови поаѓање за Ница. Ноќно возење со паузи за одмор.

11 ден КАН – НИЦА – МОНТЕ КАРЛО

По пристигнувањето, панорамско разгледување на Кан, потоа продолжуваме кон Ница и разгледување на градот. Сместување во хотел. Во вечерните часови –  можност за посета на еден од најубавите медитерански градови , познат по своите казина и формула 1 – Монте Карло. Враќање во Ница во хотел. Ноќевање.

 

12 ден. НИЦА – МИЛАНО – ВЕРОНА - ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО

Појадок. Напуштање на Хотелот. Патување кон Милано. По пристигнувањето панорамско разгледување на  градот и прошетка по Миланската Скала и катедралата. Продолжуваме кон Верона . По пристигнувањето е предвидено посета на плоштадите Бра и Ебре, арената и куќата на Јулија и др. Во попладневните часови упатување кон Лидо Ди Јесоло. По пристигнувањето. Сместување во хотел. Ноќевање.

13 ден. ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – ВЕНЕЦИЈА - СТРУМИЦА

Појадок. Напуштање на хотелот и посета на Венеција. Разгледување на плоштадот Сан Марко Дуждевата палата , Мостот на воздишките и др. Во вечерните часови поаѓање за Македонија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

14 ден МАКЕДОНИЈА

Патувањето не води преку Словенија , Хрватска и Србија. Пристигнување во Македонија во попладневните часови.

 

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО

  •  Превоз со високо туристички автобус ( видео, клима, ТВ )
  •  1 Н/П Будимпешта, 1 П/П Прага, 1 Н/П Франкфурт, 1 Н/П Амстердам, 2 Н/П Париз, 1 Н/П Ница,  1 Н/П Лидо ди Јесоло
  •  Разгледување со стручен локален водич во Прага, Амстердам , Париз
  •  Организација и водство на патувањето
  •  Сите панорамски разгледување кои се наведени во програмата

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО

  •  Факултативни посети и екскурзии;
  •  Билети за музеи, културно  историски и археолошки локалитети;
  •  Билети за локален превоз  метро, брод, автобус;
  •  Задолжително патничко осигурување
  •  Сето она што не е споменато во програмата.

Ви треба помош ?

Нашиот тим е 24/7 на ваше располагање поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311

+389 (0)78 340 311