Медитеранска Панорама

Медитеранска Панорама

1 ДЕН МАКЕДОНИЈА

Тргнуваме од Македонија во попладневните часови кон Драч во Албанија. Пристигнуваме во Драч на пристаништето, од каде што со траект се упатуваме кон Бари. Ноќно пловење. Пристигнување во Бари во раните утрински часови. Од Бари патот продолжува кон Неапол и Рим.

2 ДЕН БАРИ – НЕАПОЛ - РИМ

Пристигнување во Неапол, панорамско разгледување на градот и продолжување за Рим во попладневните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ДЕН РИМ

Појадок. Напуштање на хотелот и разгледување на градот со стручен локален водич и посета на: Римскиот форум, Колосеумот, Базиликата Св. Климент, Палатата на правдата, Замокот Св. Анѓело, Капитол и Капитолскиот музеј, плоштадот Венеција, Триумфалната арка и др. Факултативна посета на Ватикан со плоштадот Св. Петар, Ватиканскиот музеј и Сиктинската капела. Во вечерните часови заминување за Фиренца. Сместување во хотел. Ноќевање.

4 ДЕН ФИРЕНЦА – ПИЗА - НИЦА

Појадок. Напуштање на хотелот и рагледување на Фиренца – Плоштадот Синориња, крстилницата Сан Џовани Палатата и мостот Векио, катедралата Санта Мариа дел Фиори. Заминување за Пиза и посета на Кривата Кула. Во доцните вечерни часови заминување за Ница. Ноќно возење.

5 ДЕН НИЦА

Пристигнување во Ница во претпладневните часови. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Слободна вечер или можност за организирана забава. Ноќевање.

6 ДЕН НИЦА-КАН-МОНАКО

Појадок. Факултативна посета на Кан и Монако и разгледување на Кан: Шеталиштето ла Кроазет, Филмската палата, плажата на фотомодели, Авенијата на палатите. Посета на фабриката за парфемиФрагонард-Галимард во ЕЗЕ. Продолжување на патувањето кон Монако: смена на стража, Кнежевската Палата, катедралата Св.Никола со гробницата на Грејс Кели и Принцот Рение, Океанографски музеј. По Формула 1 патеката се спуштаме до Монте Карло: посета на познатите коцкарници во Монте Карло. Во вечерните часови поаѓање за Лорет Де Мар. Ноќно возење.

7 ДЕН ЛОРЕТ ДЕ МАР

Пред пристигнување во Лорет Де Мар посета на Фигуерас и музејот на Салвадор Дали, во претпладневните часови. Сместување во хотел. Ручек. Слободно попладне. Вечера. Во вечерните часови факултативна посета на дискотека. Ноќевање.

8 ДЕН БАРСЕЛОНА

Појадок. Разгледување на Барселона: Булеварот Диагонал, Саграда Фамилија, улицата Рамблас, Универзитетот, бизнис квартот, готската четврт, стадионот Ноу Камп, Националната палата, Колумбовиот споменик, шпанско село, плоштадите Каталонија Шпанија, Музејот на Пикасо. Ручек (ланч пакет). Враќање во хотел во Лорет Де Мар. Вечера. Ноќевање

9 ДЕН ЛОРЕТ ДЕ МАР

Појадок. Ручек (ланч пакет ). По појадокот целодневен факултативен излет до Порт Авентура - место за водни забави и лудории. Враќање во хотел. Вечера. По вечерата посета на средновековен витешки дворец каде што ќе имате можност да присуствувате на прекрасен спектакл на борба на витези на коњи, проследено со вечера и пијалак или факултативна посета на Фламенго шоу - целовечерна програма на шпанска национална игра со пијалак и жива музика за играње на гостите за време на паузите. Враќање во хотел. Можност за посета на дискотека. Ноќевање.

10 ДЕН БАРСЕЛОНА

Појадок. Факултативна можност за посета на Корида и магичните фонтани (само во недела), потоа слободно време за шопинг. Ручек (ланч пакет) Враќање во хотел во Лорет Де Мар. Вечера. Ноќевање

11 ДЕН ЛОРЕТ ДЕ МАР – КАН - НИЦА

Појадок. Слободно претпладне. Во попладневните часови напуштање на хотелот и поаѓање за Верона преку Кан и Ница. Ноќно возење.

12 ДЕН ВЕРОНА-ВЕНЕЦИЈА

Пристигнување во Верона во утринските часови. Разгледување и прошетка низ плоштадите „Бра” и „Ебре” и Делсињори”, куќата на Јулија и гробот на Ромео, гробовите на фамилијата Скала и др. Патувањето продолжува кон Венеција.. Следува разгледување на: Плоштадот Сан Марко, Дуждевата палата, Мостот на воздишките, Саат кулата, Црквата Св. Јован и Павле, каналот Гранде и др. Напуштање на Венеција и заминување за Лидо Ди Јесоло. Пристигнување во Лидо ди Јесоло во вечерните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.

13 ДЕН ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – МАКЕДОНИЈА

Појадок. Слободно претпладне за одмор и рекреација. Напуштање на хотелот во пладневните часови и патување кон Македонија. Патувањето не води низ Словенија , Хрватска , Србија... Ноќно возење со паузи за одмор и царински формалности.

14 ДЕН МАКЕДОНИЈА

Пристигнување во Македонија во претпладневните часови.

 

Во цената е вклучено:

- превоз со високо туристички автобус(клима,ТВ,ДВД)

- бродска карта Драч Бари

- 1 НП во Рим

- 1 НП во Фиренца

- 1 НП во Ница

- 4 ПА во Лорет Де Мар

- 1 НП во Лидо ди Јесоло

- Панорамски разгледувања на Рим,Барселона со стручен и локален водич

- Организација и водство на патувањето од агенцијата

 

Во цената не е вклучено:

- Факултативни излети и тури

- Влезници за локалитети и музеи

- Билети за локален превоз – метро, брод, автобус

- Патничко осигурување

- Се она што не е споменато во програмата

Ви треба помош ?

Нашиот тим е 24/7 на ваше располагање поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311

+389 (0)78 340 311