Најубавото од Европа

Најубавото од Европа

1 ден – МАКЕДОНИЈА

Состанок на групата.Поаѓање во утринските часови.Се патува преку Србија,Хрватска,Словенија. Ноќно возење со паузи за одмор и царински формалности.

2 ден  ВЕНЕЦИЈА  ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО

Пристигнување во Венеција во претпладневните часови. Разгледување на Венеција плоштадот Сан Марко, Дуждевата палата, Мостот на воздишките, Саат кулата, Црквата Св.Јован и Павле, каналот Гранде и др. Во попладневните часови поаѓање за Лидо ди Јесоло. Сместување во хотел. Ноќeвање.

3 ден ВЕНЕЦИЈА - ВЕРОНА - МИЛАНО

Појадок. Поаѓање во 08.00 часот. Попатна пауза и разглед на Верона: Гробот на Јулија (Самостанот Франческо Ал Корсо) плоштадот Бра, со Арената и градската куќа, куќата на Јулија, плоштадот Ербе иДанте... По кратка пауза патувањето продолжува за Милано. Прошетка низ Милано се посетува: Замокот Сфорца, Посета на Плоштадот Дуомо и прекрасната Катедрала, Преку Галеријата Виторио Емануеле се доаѓа до плоштадот Скала каде ја гледаме познатата Миланска Скала и споменикот на Леонардо да Винчи. Слободно време за индивидуални прошетки по ексклузивните продавници, кафичи до пред полноќ. Кратка посета стадионот Сан Сиро. Ноќно возење кон Азурниот брег.

4 ден КАН - НИЦА

Пристигнување во Кан во утринските часови, Прошетка низ Кан, Улицата со прекрасни палми и луксузни хотели, Филмската палата, луксузната Марина исполнета со јахти. Патување до Ница. По пристигнувањето во сместување во хотел. Време за одмор. Вечерта прошетка низ стариот дел на Ница, плоштадот Масена, Променадата на Англичаните, хотелот Негреско симбол на градот... журка во Waynes pub во стариот град, Havana Club или на плажа... Ноќевање.

5 ден НИЦА- МОНАКО

Појадок Слободно предпладне. Околу пладне посета на Парфимеријата Фрагонард во Ез, тура низфабриката, патот продолжува со посета на Монако, Палатата, црквата св. Николас, Океанографскиот Музеј, Посета на Монте Карло, Касино Ројал, Хотел Де Парис... пред полноќ го напуштаме Монако. Ноќно возење за Шпанија со попатни паузи.

6 ден ЛОРЕТ ДЕ МАР

Пристигнување во предпладневните часови. Сместување во хотел. Ручек. Слободен ден за релаксирање на плажа. Вечера. Факултативна посета на Фламенго каде што под звуците и ритмот на музиката и со неограничена Сангрија уживаме во прекрасна програма. Во вечерните часови посета на дискотека. Ноќевање.

7 ден ЛОРЕТ ДЕ МАР - БАРЦЕЛОНА

Појадок, Разглед на Барцелона со локален водич: спектакуларната недовршена црква на архитектонскиот гениј Гауди Саграда Фамилиа, Центарот на Барса, Олимпискиот стадион, Шпанското село, Стадионот на Ф.К. Барцелона Ноу Камп, споменикот на Колумбо, улицата Рамблас, разгледот завршува на централниот плоштад Плаца Каталуња. Прошетка до Бари Готико и катедралната црква. Слободно време. Ручек (ланч пакет) Попладне враќање во хотел. Вечера па Диско. Ноќевање.

8 ден ЛОРЕТ ДЕ МАР -  БАРЦЕЛОНА

Појадок. Посета на Барселона, можност за индивидуална посета на паркот Гуел, музејот на Пикасо, Бари Готико .

9 ден ЛОРЕТ ДЕ МАР - ПАРИЗ

Појадок. Факултативна посета на Фигуерас со музејот на Салвадор Дали и Емпуриа Брава таканаречена шпанска Венеција. Ручек (ланч пакет) Вечерта поаѓање за Париз. Ноќно возење со попатни паузи.

10 ден ПАРИЗ

Пристигнување во Париз во претпладневните часови. Одмор се до времето кога е предвидено,Посета на Ајфеловата кула и можност за крстарење по Сена, факултативна посета на Музејот Лувр, го посетуваме уметничкиот кварт Монтмартр, со преубавата црква Сакр кер и прекрасен панорамски поглед на Париз. Прошетка низ тесните улички исполнети со сликари и уметнички галерии. По кратка пауза продолжуваме со разглед на Пигал, Мулен руж, враќање во хотел. Ноќевање.

11 ден ПАРИЗ

Појадок, Панорамско разгледување на градот со автобус и локален водич, па факултативна екскурзија за посета на Кралската палата во Версај , Разгледот завршува со посета на Кралската палата во Версај и посета на футуристичкиот кварт Дефанс. Вечерта прошетка по монденската Шанзе елизе улица (со метро). Ноќевање.

12 ден ПАРИЗ - ДИЗНИЛЕНД

Појадок. Напуштање на хотелот и заминување кон Дизниленд волшебениот свет каде што Дизни од бајка го претставил во реалност  целодневна забава во паркот. Поаѓање за Амстердам. Ноќно возење со попатни паузи.

13 ден АМСТЕРДАМ

Пристигнување во утринските часови, Разглед на градот: Рајксмузејот, Ван Гог музејот, Музеумплеин, Вонделпарк, Леидселаин центарот на ноќниот живот, Хајнекен пивницата, Минт плеин, Рембрантплеин, Дам плоштадот со кралската палата, музејот на Мадам Тисо. Дамрак улицата, Железничката станица...Сместување во хотел. Вечерта прошетка низ познатата Red Light Disitrict. Ноќевање.

14 ден. АМСТЕРДАМ

Појадок. Предлагаме голема холандска тура: Алсмаер – најголемата берза за цвеќиња, Ротердам, Делфт, Хаг, Шевенинген... Ноќевање.

15 ден АМСТЕРДАМ – МИНХЕН

Појадок. Факултативно крстарење со брод низ каналите на Амстердам или можност за посета на куќата на Ана Франк. Ноќно возење со попатни паузи кон Минхен.

16 ден МИНХЕН - ВИЕНА

Пристигнување во Минхен во предпладневните часови. Прошетка низ стариот град слободно време за добар шопинг. А нашите водичи ќе ве однесат во Hofbrauhaus најстарата пивница. Патот продолжува за Виена. Пристигнување во вечерните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.

17 ден ВИЕНА - БУДИМПЕШТА - МАКЕДОНИЈА

Појадок, Разгледување на Виена: Операта, Ратхаус, Парламентот, Хундретвасер, пешачкиот дел на Виена со Стефан плац, Штефл, Хофбург. Попладне поаѓање за Будимпешта , ризница на културно историски знаменитости град кој крие големa историја. Видете ги Мостовите на Дунав, брдото Гелерд со голем број на термални бањи - Цитаделата.,.. направите прошетка по позантите улици Раци и Вакоци каде што се наоѓаат голем број на шопинг центри. Патот продолжува кон Македонија.. Ноќно возење со попатни паузи.

18 ден МАКЕДОНИЈА

Пристигнување во Струмица во попладневните часови.

 

Во цената е вклучено:

• превоз со високо туристички автобус( видео,клима,ТВ)

• Сместување во хотели со 2* И 3*

• 1 НП во Лидо Ди Јесоло; 1НП во Ница;

• Посета на Кан, Монако и Монте карло

• Посета на фабриката за парфеми во Ез

• 3 ПА Лорет Де Мар; 2 НП во Париз; 2 НП во Амстредам; 1 НП во Виена

• Разгледување на Париз Амстердам со професинален водич

• Организација и водство на патот од Агенцијата

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

• Факултативни посети и екскурзии;

• Билети за музеи, културно  историски и археолошки локалитети;

• Билети за локален превоз  метро, брод, автобус;

• Задолжително патничко осигурување

• Сето она што не е споменато во програмата.

Ви треба помош ?

Поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311 Работно Време 10:00 - 19:00

+389 (0)78 340 311