Ренесансна Европа

Ренесансна Европа

1 ДЕН МАКЕДОНИЈА

Состанок на групата. Поаѓање во договореното време. Се патува преку рбија,Хрватска,Словенија. Ноќно возење со паузи за одмор и царински формалности.

2 ДЕН ВЕНЕЦИЈА - РИМИНИ

Пристигнување во Венеција во претпладневните часови. Разгледување на Венеција: Плоштадот Сан Марко, Дуждевата палата, Мостот на воздишките, Саат кулата, Црквата Св Јован и Павле, каналот Гранде и др. Во попладневните часови поаѓање за Римини.Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ДЕН РИМИНИ – ФИРЕНЦА - ПИЗА

Појадок. По појадокот слободно претпладне. Во попладневните часови поаѓање за Фиренца разгледување на Фиренца, единствената на светот поради богатството на нејзините уметнички дела и аристократската елеганција. Таа е мајка на хуманизмот и ренесансата. Посебна атракција се: Катедралата Санта Марија Дел Фиоре, палатата Медичи Рикарди, гробницата Медичи и итн. Во вечерните часови продолжување за Пиза-разгледување на градот и Кривата кула, плоштадот Деи Миракол-тепих од трева каде што се наоѓа и Романската катедрала. Во вечерните часови поаѓање за Ница. Ноќно возење со паузи за одмор.

4 ДЕН НИЦА - КАН

Пристигнување во Ница во утринските часови. Слободен ден. Поаѓање за Кан во вечерните часови и разгледување на Кан: Шеталиштето ла Кроазет, Филмската палата, плажата на фотомодели, Авенијата на палатите. Враќање во хотел. Ноќевање.

5 ДЕН -НИЦА- МОНАКО-МОНТЕ КАРЛО

Појадок.По појадокот разгледување на градот. Продолжување на патувањето кон Монако: Посета на фабриката за парфеми Фрагонард-Галимард во ЕЗЕ. Во Монте Карло: смена на стража,КнежевскатаПалата,катедралата Св.Никола со гробницата на Грејс Кели и Принцот Рение,Океанографски музеј. ПоФормула 1 патеката се спуштаме до Монте Карло: Посета на познатите коцкарници во Монте Карло. Вовечерните часови поаѓање за Париз.Ноќно возење.

6 – 8 ДЕН ПАРИЗ (ЧЕТИРИ ДЕНА ВО ПАРИЗ-3 Ноќевања)

Пристигнување во Париз во пладневните часови.Сместување во хотел.Во текот на четиридневниот престој во Париз разгледување на: Плоштадот на Операта, Плоштадот Конкорд, Елисејските полиња, Триумфалната порта, Плоштадот Трокадеро, Ајфеловата Кула, Плоштадот Бастиља, Зградата на новата Опера, Катедралата Нотр-Дам, градините Луксембург како и неговите познати стоковни куќи, факултативна посета на Версај, Лувр, музејот на Мадам Тисо (восочни фигури), Помпи –Ду. Факултативно вечерно крстарење по Сена и посета на некои од дискотеките и националните ресторани.Ноќевање.

9 ДЕН ПАРИЗ-ДИЗНИЛЕНД

Појадок.По појадокот напуштање на хотелот и целодневна факултативна посета на дворецот Версај или Дизниленд-измислениот свет на Волт Дизни, место каде што ќе можете да патувате во минатото и иднината.Во попладневните часови поаѓање за Виена преку Минхен. Ноќно возење.

10 ДЕН –МИНХЕН-ВИЕНА

Пристигнување во Минхен во утринските часови. Посета на градот: панорамаско разгледување на градот, Мариен Плац, Катедрала Св.Петар, Олимпискиот стадион,Ратхаус, Кенигплац по разгледувањето заминување кон Виена и пристигнување во вечерните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.

11 ДЕН ВИЕНА

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и разгледување на Виена, плоштадот Рингштрасе, Операта, парламентот, Градската палата, Универзитетот, црквата Вотив, летниот дворец Шенбурн, забавниот парк Пратер и др. Во вечерните часови заминување за Загреб. Ноќно возење.

12 ДЕН ЗАГРЕБ

Пристигнување во Загреб во утринските часови. Слободно време за шопинг и прошетка низ центарот на градот: Плоштадот Бан Јелачиќ, Катедралата, Операта, градскиот парк Максимир и Стадионот на Динамо. Во попладневните часови тргнуваме кон Македонија. Ноќно возење.

13 ДЕН МАКЕДОНИЈА

Пристигнување во Македонија во утринските часови

Во цената на аранжманот е вклучено:

• превоз со високо туристички автобус (видео,клима,ТВ)

• Сместување во хотели со 2 и 3***

• 1НП во Римини

• 1 НП во Ница

• 3 НП во Париз

• 1 НП во Виена

• Разгледување со стручен локален водич во Париз , Виена

• Организација и водство на патувањето

•Сите панорамски разгледувања кои се наведени во програмата

 

Во цената на аранжманот не е вклучено :

• Факултативни посети и екскурзии;

• Билети за музеи, културно - историски и археолошки локалитети;

• Билети за локален превоз - метро, брод, автобус;

• Патничко осигурување

• Се што не споменато во програмата

Ви треба помош ?

Нашиот тим е 24/7 на ваше располагање поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311

+389 (0)78 340 311