1 Ден. МАКЕДОНИЈА - БУДИМПЕШТА
Состанок на групата во 16:30ч. Поаѓање за Будимпешта во 17:00ч. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
Пристигнување во Будимпешта. Организирано панорамско разгледување на градот со стручен локален водич: Пешта – Споменикот на Милениумот, Операта, Парламентот, црквата Св. Стефан, мостовите на Дунав, Будим - Цитаделата, Тврдината со Кралската палата, црквата на кралот Матејас, Рибарската тврдина. Во вечерните часови можност за факултативно крстарење со брод по мостовите на Дунав. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање
3 ден. БУДИМПЕШТА
Појадок. Заминување за Сент Андреа- живописно гратче во кое се негува старата архитектура, градче кое ја крие историјата на манастири, винотеки, рибни ресторани, слаткарници, галерии. На враќање во договор со групата можност за факултативна посета на ТРОПИКАРИУМ ОКЕАНАРИУМ – сместен во познатиот шопинг центар Кампонаp - познат по својата збирка на многубројни морски видови на животински свет – влечуги - и голем број на егзоти кој ќе ви ги доловат убавините на далечните егзотични земји. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.
4 ден. БУДИМПЕШТА – БРАТИСЛАВА - ВИЕНА
Појадок. Напуштање на хотелот и заминување за Братислава – разглед на градот: Националниот театар, Старата Градска Општина и плоштадот Хлавно наместје, Михалска Порта, концертната сала Редута, палатата Палфи, Претседателската Палата, Катердралата Св Мартин, Сината црква, Црквата Свети Тројца... Во попладневните часови заминување кон Виена – ТОП ХИТ ПОНУДА факултативно патување по воден пат со хидрофоил: Несекојдневно патување меѓу двата најблиски града во Европа. Крстарење по Дунав и паралелно пловење низ две држави: Австрија на Вашата лева страна и Словачка на Вашата десна страна. Пристигнување во Виена на познатиот Штефан плац. Прошетка по Ринг Штрасе. Сместување во хотел. Ноќевање.
Појадок. По појадокот панорамски разглед на градот со стручен локален водич: плоштадот Рингштрасе, палатата Хофбург, Парламентот, дворците Белведере и Шенбрун, Виенската опера, катедралата св. Стефан итн... Време предвидено за одмор, шопинг и уживање во убавините што ги нуди Културната престолнина на Европа – Виена. Тргнување за Македонија во вечерните часови.
Пристигнување во Македонија во попладневните часови.
Во цената е вклучено:
Во цената не е вклучено:
Агенцијата остава простор и Училиштето да учествува со свои сугестии и предлози во составување на програмата, доколку тоа не влијае врз цената на истата и драстично не ја изменува основната агенда!
Поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311 Работно Време 10:00 - 19:00
+389 (0)78 340 311