Будимпешта,Братислава,Прага и Виена

Будимпешта,Братислава,Прага и Виена

1 ден МАКЕДОНИЈА – БУДИМПЕШТА

Состанок на групата во договореното време. Тргнување према Будимпешта. Ноќно возење со попатни застанувања поради однор и царински формалности.

2 ден БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта во раните утрински часови. ( Околу 10.00ч. ). Посета на на неколку знаменитости во градот како Плоштадот на хероите, Базиликатата Св. Стефан, Парламентот и сл. Сместување и вечера во Хотел. После вечерата посета на цитаделата за да се види осветлениот град навечер, прошетка во центарот на градот или прошетка со брод низ Дунав.

3 ден БУДИМПЕШТА – БРАТИСЛАВА

Појадок. Напуштање на хотелот и заминување накај Братислава. Разглед на градот, Националниот Театар, Палатата, Старата градска Општина и плоштадот Хлавно Намесје, Михалската порта, Концертната сала Редута, Палатата Палфи, Претседателската Палата, Катедралата св. Мартин, Цркватата Св. Мартин. Во попладневните часови заминување за Прага. Сместување и вечера во хотел. Ноќевање.

4 ден ПРАГА

Панорамски разглед на Прашкиот Дворец на Хpдачани, Шпанската сала монументална градба од X век, катедралата Св. Вито со капелата Св. Венцеслав и гробниците на чешките кралеви; старата Кралска Палата; базиликата Св.Ѓорге и Златната улица,со сочуван изглед од XVI. век. Продолжеток на разгледувањето низ Малостранске  намести. Ја поминуваме Влтава преку Карловиот Мост, Старата Кула на мостот, споменикот на Карло IV, и по Карловата улица доаѓаме на Староградскиот Плоштад со познатиот астрономски саат Орлој, прашкото гето – Еврејскиот кварт со десетина синагоги, Вацлавске Намести, националниот музеј, националниот театар и познатата Барутна кула. Враќање во хотел и вечера. Факултативно можност за посета на дискотека.Ноќевање.

5 ден ПРАГА – ВИЕНА

Појадок. Одјавување од хотелот за заминување кон Виена. Разглед на градот со посета на плоштадот Рингштрасе, палатата Хофбург, Парламентот, дворците Белведере и Шенбрун, Виенската опера, катедралата св. Стефан итн... Време предвидено за одмор, шопинг и уживање во убавините што ги нуди Културната престолнина на Европа – Виена. Тргнување за Македонија во вечерните часови.

6 ден МАКЕДОНИЈА – СТРУМИЦА

Пристигнување во Македонија во утринските часови.

Во цената е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Сместување во хотел 3* во Будимпешта на база 1 НВ (полупансион)
  • Сместување во хотел 3* во Прага на база 2 НВ (полупансиони )
  • Организиран разглед на Будимпешта Братислава, Прага и Виена
  • Организација и водство на патувањето
  • патничко осигурување

Во цената не е вклучено

  • факултативно крстарење со брод по Дунав ___ евра
  • факултативно крстарење со брод по В’лтава ___ евра
  • Факултативна посета на дискотека во Будимпешта ___евра
  • влезници за знаменитостите и објекти од забавен карактер

 

Ви треба помош ?

Нашиот тим е 24/7 на ваше располагање поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311

+389 (0)78 340 311