1 Ден. МАКЕДОНИЈА - БУДИМПЕШТА
Состанок на групата во договореното време. Поаѓање за Будимпешта. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 Ден. БУДИМПЕШТА
Пристигнување во Будимпешта во предпладневните часови. Кратка пауза и панорамски разглед на градот од тврдината. Сместување во хотел. Краток одмор. Попладневна прошетка низ центарот на градот по улиците: Ваци Ракоци, Андраши. Посета на еден од поголемите шопинг центри. Враќање во хотел. Во вечерните часови, можност за факултативна посета на дискотека.. Враќање во хотел. Ноќевање.
3 Ден. БУДИМПЕШТА
Појадок. По појадокот организирано панорамско разгледување на градот со стручен локален водич: Пешта - Споменикот на Милениумот, Операта, Парламентот, црквата Св.Стефан, мостовите на Дунав, Будим - Цитаделата, Тврдината со Кралската палата, црквата на кралот Матејас, Рибарската тврдина и островот Магдалена со музичките фонтани. Во вечерните часови можност за факултативно крстарење со брод под мостовите на Дунав. Враќање во хотел. Факултативна посета на дискотека. Ноќевање.
4 Ден.БУДИМПЕШТА – НОВИ САД – БЕЛГРАД - МАКЕДОНИЈА
Појадок. По појадокот заминување за Белград. Попатна посета на Нови Сад . Панорамско разгледување на градот и посета на Петроварадинската Тврдина .Во пладневните часови тргнување за Белград Пристигнување во Белград во вечерните часови.Следува панорамски разглед на Центарот на градот кој го сочинуваат : Књаз Михајловата улица, Плоштадот на Републиката, популарно собиралиште на младите Белграѓани, ,хотел Москва и Палатата Анкер, а потоа панорамски разглед на Стариот дел на градот кој го сочинуваат: најубавиот и најголем белградски парк Калемегдан ,кој истовремено е многу значајен културно-историски комплекс составен од паркот Калемегдан и Долни и Горни град, Соборната црква во чија околина се наоѓаат и зградите на најзначајните институции на стара Србија. Од таму, во вечерните часови заминување за Македонија. Пристигнување во Струмица во утринските часови наредниот ден.
Во цената е вклучено:
Во цената не е вклучено
Агенцијата остава простор и Училиштето да учествувасо свои сугестии и предлози во составување на програмата, доколку тоа не влијае врз цената на истата и драстично не ја изменува основната агенда!
Поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311 Работно Време 10:00 - 19:00
+389 (0)78 340 311