Будимпешта и Виена

Будимпешта и Виена

1 Ден. МАКЕДОНИЈА - БУДИМПЕШТА

Состанок на групата во договореното време. Поаѓање за Будимпешта. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 Ден.  БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта во предпладневните часови. Сместување во хотел. Краток одмор. Попладневна прошетка низ центарот на градот по улиците: Ваци, Ракоци, Андраши. Враќање во хотел. Слободно попладне. Во вечерните часови можност за факултативна посета на дискотека. Вечера.Ноќевање.

3 Ден.  БУДИМПЕШТА

Појадок. По појадокот организирано панорамско разгледување на градот со стручен локален водич:Пешта - Споменикот на Милениумот, Операта, Парламентот, црквата Св.Стефан, мостовите на Дунав, Будим - Цитаделата, Тврдината  со Кралската палата, црквата на кралот Матејас, Рибарската тврдина. Во вечерните часови можност за факултативно крстарење  со брод по мостовите на Дунав. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.

4 ден   БУДИМПЕШТА - ВИЕНА

Појадок. Напуштање на хотелот. Факултативна посета на  ТРОПИКАРИУМ ОКЕАНАРИУМ – сместен во познатиот шопинг центар Кампонаp - познат по својота збирка на многубројни морски видови на животински свет – влечуги - и голем број на егзоти кој ќе ви ги доловат  убавините на далечните егзотични земји. Поаѓање за Виена. Пристигнување во Виена во вечерните часови. Сместување во хотел. Можност за факултативна посета на дискотека. Вечера. Ноќевање.

5 Ден.  ВИЕНА

Појадок. По појадокот панорамски разглед на градот со стручен локален водич: плоштадот Рингштрасе, палатата Хофбург, Парламентот, дворците Белведере и Шенбрун, Виенската опера, катедралата св. Стефан итн... Време предвидено за одмор, шопинг и уживање во убавините што ги нуди Културната престолнина на Европа – Виена. Тргнување за Македонија во вечерните часови.

6 Ден.  МАКЕДОНИЈА

Пристигнување во Македонија во попладневните  часови.

 

Во цената е вклучено:         

  •    Превоз со високотуристички автобус
  •    Сместување во хотел 3* во Будимпешта на база 2 НВ (полупансиони)
  •    Сместување во хотел 3* во Виена на база 1 НВ (полупансиони)
  •    Организиран разглед на Будимпешта и Виена
  •    Медицинско лице
  •    Пијалоци во текот на патувањето
  •    Организација и водство на патувањето

 Во цената не е вклучено:

  • патничко осигурување ___ ден
  • факултативно крстарење со брод по Дунав  - ___ евра
  • Факултативна посета на дискотека  во Будимпешта - ___ евра
  • Факултативна посета на дискотека во Виена
  • влезница за ТРОПИКАРИУМ ОКЕАНАРИУМ – ___ евра
  • влезници  за знаменитостите и објекти од забавен карактер
  • локален превоз во Будимпешта и Виена

Агенцијата остава простор и Училиштето да учествува со свои сугестии и предлози во составување на  програмата, доколку тоа не влијае врз цената на истата и драстично не ја изменува основната агенда!

Ви треба помош ?

Нашиот тим е 24/7 на ваше располагање поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311

+389 (0)78 340 311