Будимпешта,Прага и Виена

Будимпешта,Прага и Виена

1 Ден. МАКЕДОНИЈА - БУДИМПЕШТА

Состанок на групата во договореното време. Поаѓање за Будимпешта. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 Ден. БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта во предпладневните часови.Кратка пауза во градот и панорамски разглед на градот со стручен локален водич: Пешта - Споменикот на Милениумот, Операта, Парламентот, црквата Св.Стефан, мостовите на Дунав. Будим - Цитаделата, Тврдината со Кралската палата, црквата на кралот Матејас, Рибарската тврдина и островот Магдалена со музичките фонтани.Во вечерните часови слободно време со можност за шопинг или факултативно крстарење со брод по мостовите на Дунав. Враќање во хотел. Вечера.Факултативна посета на дискотека. Ноќевање.

3 Ден. БУДИМПЕШТА - ПРАГА

Појадок. Заминуваме за Прага. Пристигнување во попладневнитѕе часови. Сместување во хотел . Слободно време за одмор и можност за разонода во центарот на Златниот град, којшто од 1992 година е вклучен во списокот на Светското културно и природно наследство на УНЕСКО. Вечера. Можност за посета на дискотека. Ноќевање.

4 Ден. ПРАГА

Појадок. Разглед на Прага со локален водич: Храдчани – Прашки град, најважниот симбол на Бохемија и седиште на Парламентот, комплексот од дворци, цркви,  базилики, кули и градини, грандиозната  Готска катедрала Св. Вида, Златната уличка со домот на Франц Кафка и кулата Далиборка во минатото користена како затвор. Барокната црква од  18 Век - Свети Никола во која за време на престојот свирел Моцарт, Карлов мост со многубројни статуи, Продавничките со сувенири и уличните музичари, Старо место -  стариот градски плоштад со Кметството и стариот астрономски часовник од XIV Век, подигнат во чест на тогашното здобивање со статут на кралска резиденција, Еврејската улица, Разонода на Вацлавскиот плоштад - центар на трговскиот, општествен и културен живот на Прага. Слободно време. Враќање во хотел. Вечера. Можност за посета на дискотека. Ноќевање.

5 Ден. ВИЕНА

Појадок. Напуштање на хотелот. Поаѓање за Виена. Панорамски разглед на градот – Плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Универзитетот... Во вечерните часови поаѓање за Македонија. Ноќно возење.

6 Ден. МАКЕДОНИЈА

Пристигнување во Македонија во попладневните часови.

Во цената е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Сместување во 1/3 и 1/4 соби во хотел со 2 или
  • 3* во Будимпешта на база 1 полупансион (доручек и вечера)
  • Сместување во 1/3 и 1/4 соби во хотел со 2 или 3* во Прага на база 2 полупансиона ( доручек и вечера)
  • Организиран разглед на Будимпешта
  • Организиран разглед на Прага со стручен локален водич
  • Организација и водство на патувањето
  • Панорамски разглед на Виена
  • Сместувањето е во 1/3 и 1/4 соби

Во цената не е вклучено:

  • патничко осигурување ___ денари
  • факултативно крстарење со брод
  • Факултативна посета на дискотека во Будимпешта
  • Факултативна посета на дискотека во Прага
  • влезници за знаменитостите и објекти од забавен карактер
  • локален превоз во Будимпешта и Прага
  • Агенцијата остава простор и Училиштето да учествува со свои сугестии и предлози во составување на програмата, доколку тоа не влијае врз цената на ист ата и драстично не ја изменува основната агенда!

Ви треба помош ?

Нашиот тим е 24/7 на ваше располагање поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311

+389 (0)78 340 311