Будимпешта

Будимпешта

1 Ден. МАКЕДОНИЈА - БУДИМПЕШТА

Состанок на групата во договореното време. Поаѓање за Будимпешта. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 Ден.  БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта во предпладневните часови. Сместување во хотел. Краток одмор. Попладневна прошетка низ центарот на градот по улиците: Ваци, Ракоци, Андраши.  Враќање во хотел. Слободно попладне. Во вечерните часови можност за факултативна посета на дискотека. Ноќевање.

3 Ден.  БУДИМПЕШТА

Појадок. По појадокот организирано панорамско разгледување на градот со стручен локален водич:Пешта - Споменикот на Милениумот, Операта, Парламентот, црквата Св.Стефан, мостовите на Дунав, Будим - Цитаделата, Тврдината со Кралската палата, црквата на кралот Матејас, Рибарската тврдина.. Во вечерните часови можност за факултативно крстарење со брод по мостовите на Дунав. Враќање во хотел. Ноќевање

4 Ден.  БУДИМПЕШТА

Појадок. Факултативна посета на ТРОПИКАРИУМ ОКЕАНАРИУМ – сместен во познатиот шопинг центар Кампонаp - познат по својата збирка на многубројни морски видови на животински свет – влечуги - и голем број на егзоти кој ќе ви ги доловат убавините на далечните егзотични земји. Можност за факултативна посета на Сент Андреа место кое што ја крие богатата стара историја - место на голем број слаткарници, кафетрии - хиподром..  Враќање во хотел. Во вечерните часови можност за посета на дискотека.Ноќевање.

5 Ден.   БУДИМПЕШТА - МАКЕДОНИЈА

Појадок. Слободно предпладне. Факултативна посета на Зоолошката градина или островчето Магдалена со музичките фонтани. Во пладневните часови заминување за Македонија. Пристигнување во Македонија во утринските часови.

Во цената е вклучено:      

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Сместување во хотел 3* на база 3 ноќевања со појадок 
  • Организиран разглед на Будимпешта
  • Медицинско лице
  • Пијалоци во текот на патувањето
  • Организација и водство на патувањето

Во цената не е вклучено:

  • патничко осигурување ___ денари
  • факултативна посета на зоолошка градина
  • факултативно крстарење со брод по Дунав ___ €
  • Факултативна посета на дискотека  ___ €
  • факултативна посета на ТРОПИКАРИУМ ОКЕАНАРИУМ   ___ €
  • факултативна посета на Сент Андреа
  • факултативна посета на островот Магдалена

Агенцијата остава простор и Училиштето да учествува со свои сугестии и предлози во составување на  програмата, доколку тоа не влијае врз цената на истата и драстично не јa изменува основната агенда!

Ви треба помош ?

Поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311 Работно Време 10:00 - 19:00

+389 (0)78 340 311