Венеција,Барселона,Кан и Ница

Венеција,Барселона,Кан и Ница

1. ден     МАКЕДОНИЈА – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО

Состанок на групата во 15.30 часот. Поаѓање за  Италија  во 16.00 часот.Попатни паузи. Ноќно возење.

2. ден    ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – ВЕНЕЦИЈА

Пристигнување во Лидо во утринските часови. Сместување во хотел. Заминување со бротче за Венеција. Разглед на Венеција: посета на плоштадот и цркватa Сан Марко, мостот на воздишките, Дуждевата палата, мнпгубројните канали, мостот Риалто... Попладне враќање во Лидо. Вечера.Забава во дискотека – факултативно. Ноќевање.

3 ден  ЛИДО – ВЕРОНА – ЛОРЕТ ДЕ МАР

Појадок. Заминување за Верона. Разглед на градот: Резиденцијата Капулети, куќата на Јулија, споменикот на Данте Алигиери, плоштадите Бра и Ербе. Продолжување за Милано. Кратка пауза за разглед на Милано и стадионот на Милан . Заминување кон Лорет де Мар. Ноќно возење.

4 ден ЛОРЕТ ДЕ МАР

Пристигнување во претпладневните часови. Сместување во хотел. Краток одмор. Посета на Фламенко. Вечера. Посета на дискотека . Ноќевање.

5 ден  БАРСЕЛОНА

Појадок. После појадокот панорамски разглед на Барселона : ремек делата на Гауди - Саграда Фамилија Шпанскиот плоштад, брдото Монжуик, Шпанското село, споменикот на Колумбо, Попладнето слободни активности, прошетка по Рамбли – најубавата улица во Барселона. Приквечер повраток во хотел . Вечера.  Ноќевање.

6 ден БАРСЕЛОНА

Појадок. Факултативна посета на Барселона : паркот Гуељ, стадионот Ноу Камп, Готскиот кварт, Аквариумот, . Враќање во хотел. Вечера. Можност за посета дворец каде ке присуствуваме на Витешки игри – враќање во средновековна Шпанија со витези и принцези. Преполн дворец борба на витези, сангрија, вечера. Ноќевање.

7 ден ЛОРЕТ – БАРСЕЛОНА

Појадок . Слободен ден  за факултативни излети. Ручек. Вечера. Ноќевање.

8 ден ЛОРЕТ ДЕ МАР – ФИГУЕРАС

Појадок. Слободно претпладне или факултативен излет. Попладне заминување за Фигуерас – родното место на Салвадор Дали. Посета на музејот.  Заминување за Ница. Ноќно возење.

9 ден НИЦА

Пристигнување во  Кан во претпладневните часови. Прошетка низ Кроазета, Филмската фестивалска палата, марината. Заминување за Ница . Сместување во хотел. Прошетка низ стариот дел на градот, брдото Шато, шеталиштето на Англичаните, плоштадот Масен...Вечера.Ноќевање.

10 ден НИЦА – МОНТЕ КАРЛО – ВЕРОНА

Појадок. Поаѓаме во посета на Монако. Посета на фабриката за парфеми  во живописното селце Ез. Разгледот продолжува кон Принцовата палата, црквата Св.Никола каде што се гробовите Принцот Рение и Грејс Кели. , Океанографскиот музеј, поминуваме низ патеката на која се вози Ф1, посета на казино во Монте Карло. Заминување за Италија. Пристигање во хотел во околина на Верона во касните вечерни часови. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

11 ден    ЗАГРЕБ – МАКЕДОНИЈА

Појадок. Заминување за Македонија. Кратка пауза во Загреб за разлед на градот. Продолжување за Македонија. Пристигнување во касните вечерни часови.

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Автобуски превоз на наведената релација со високотуристички автобус
  • Сместување во хотели **/ ***   на база  7 ноќевања , (Ница 1 ПП, Лорет Де Мар 4 ПА (појадок, ручек, вечера), Лидо ди Јесоло 1 ПП, Верона 1 ПП)
  • Разглед на градовите со локален со водич
  • Пратител на групата

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

  • Влезници за локалитети
  • Патничко осигурување 500 денари
  • Факултативни излети, крстарења и посети

Ви треба помош ?

Нашиот тим е 24/7 на ваше располагање поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311

+389 (0)78 340 311