1 Ден. МАКЕДОНИЈА – ВЕНЕЦИЈА
Состанок на групата. Тргнување од Македонија во попладневните часови. Ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи и царински формалности.
2 Ден. ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – ВЕНЕЦИЈА
Пристигнување во Лидо ди Јесоло во попладневните часови. Сместување во хотел. Заминување заВенеција. Панорамски разглед на градот: плоштадот и црквата Св. Марко, Дуждевата палата, Мостот на воздишките, мостот Риалто, Каналот Гранде... Враќање во хотел ( Лидо ди Јесоло) во вечерните часови. Ноќевање.
3 Ден. ФИРЕНЦА – ВЕРОНА
Појадок. По појадокот заминување за Фиренца и Верона. Панорамски разглед на Фиренца – еден од најсликовитите градови во Италија, познат и како Ренесансниот Бисер. Панорамско разгледување на градот: Палатата и мостот Векио, крстилницата Сан Џовани, плоштадот Сињори... Заминување кон Верона панорамски разглед на Верона, градот на Ромео и Јулија. Разглед на градот и попатна посета на: плоштадите Бра и Ербе, Арената, куќата на Јулија …Тргнување кон Лидо ди Јесоло. Враќање во хотел во доцните вечерни часови. Ноќевање.
4 Ден. ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – ВИЕНА
Појадок. По појадокот заминување за Виена. Пристигнување во Виена. Сместување во хотел. По сместувањето разглед на Виена: плоштадот Рингштрасе, палатата Хофбург, Парламентот, дворците Белведере и Шенбрун, Виенската опера, катедралата св. Стефан итн... Време предвидено за одмор, шопинг и уживање во убавините што ги нуди Културната престолнина на Европа. Враќање во хотел. Ноќевање.
5 Ден. ВИЕНА – ЉУБЉАНА
Појадок. По појадокот заминување за Скопје. Попатно посета и панорамски разглед на Љубљана: разглед на Новиот дел од градот, Стариот град со познатиот стар замок наречен Љубљански Град, можност да видите голем дел од уникатната љубљанска барокна архитектура. Ноќно возење.
6 Ден. МАКЕДОНИЈА
Пристигнување во Македонија во попладневните часови.
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО :
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО :
Поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311 Работно Време 10:00 - 19:00
+389 (0)78 340 311