Венеција,Фиренца и Верона

Венеција,Фиренца и Верона

1 ден. MAКЕДОНИЈА

Состанок на групата во договореното време. Патување кон Италија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Патувањето не води преку Србија , Хрватска , Словенија. Ноќно возење.

2 ден. ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО - ВЕНЕЦИЈА

Пристигнување во Лидо ди Јесоло во пладневните часови. Сместување во хотел. Краток одмор. Попладнето заминување на групата за Венеција со брод до плоштадот Сан Марко. Разглед на Венецијасо водич и панорамски разглед  на базиликата Сан Марко, Дуждевата Палата, Мостот на воздишките, Мостот Риалто ,Каналот Гранде и др. Враќање во Лидо ди Јесоло. Ноќевање.

3 ден. ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО - ВЕРОНА

Појадок. Заминување на групата кон Верона. Пристигнување во Верона во пладневните часови, разглед на градот со локален стручен водич и панорамски разглед на градот на љубовта - Верона посета наАмфитеатарот, Куќата на Јулија, Плоштадите Бра и Ербе, Замокот Векио, Катедралата и др.Враќање на групата во Лидо ди Јесоло. Ноќевање.

4 ден. ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО - ФИРЕНЦА

Појадок. Заминување на факултативна посета кон Фиренца. Пристигнување во Фиренца во пладневните часови. Разглед на градот со локален стручен водич со посета на Дуомо, главната катедрала, плоштадот Сињори, Палатата Медичи и др. Во 18:00 часот враќање на групата кон Лидо ди Јесоло. Можност за факултативна посета на Дискотека . Враќање во Хотел. Ноќевање.

5 ден. ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО - СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на хотелот и заминување кон Скопје. Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

 

Во цената е вклучено:          

  •    Превоз со високотуристички автобус
  •    Сместување во хотел 3* на база 3 ноќевање / појадок или полупансион
  •    Организиран разглед на Венеција , Верона и Фиренца
  •    Медицинско лице
  •    Пијалоци во текот на патувањето
  •    Организација и водство на патувањето

 Во цената не е вклучено:

  • патничко осигурување ___ денари
  • Бродска карта на релација Лидо ди јесоло – Венеција – Лидо ди Јесоло – ___ евра
  • Факултативна посета на Фиренца ___ евра
  • Влезници за  дискотека ___ евра
  • влезници  за културно историските знаменитости и објекти од забавен карактер
  • сето она што не е спомнато во програмата

Ви треба помош ?

Поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311 Работно Време 10:00 - 19:00

+389 (0)78 340 311