Дворците на Баварија,Минхен и Салзбург

Дворците на Баварија,Минхен и Салзбург

Прв ден:

Заминување на групата од Македонија кон Германија во договореното време.  Дневно и ноќно возење со попатни застанувања и одмори.

Втор ден:

Пристигнување во Минхен во пладневните часови. Сместување во хотел со 3*** . Панорамски разглед на Минхен: црква Св. Петар - најстарата црква во Минхен, женската црква, Кралската палата, Националната опера, големиот базар, Мариенплац, Парламентот... . Ноќевање.

Трети ден:

Појадок. После појадокот факултативна посета на најекстравагантниот дворец Linderhof (Лудвиг II ги позлатил неговите соби и го преуредил во рококо стил) и на дворецот Neuschwanstein ( преубав дворец кој му послужил на Волт Дизни како инспирација за неговиот дворец од бајките, кој ги краси насловните шпици на сите негови цртани филмови, како и Дизниленд парковите). Враќање во хотел. Ноќевање.

Четврти ден:

Појадок. Факултативна посета на дворецот Herrenchiemsee . Посета на овој преубав дворец кој се наоѓа на остров на најголемото Баварско езеро Кимзе. Овој дворец е изграден последен, во рококо стил , по углед на Версај. Ноќевање.

Петти ден:

Појадок. После појадокот заминување за Салцбург. Краток разглед на градот: споменикот на Моцарт, Готската катедрала, црквата Св.Петар, Универзитетската црква, куќата на Моцарт, паркот Мирабел... После пладне заминување кон Македонија со попатни застанувања и одмори.

Шести ден:

Пристигнување во Македонија во утринските часови.

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
  • Автобуски превоз на наведената релација со високо туристички автобус
  • Три ноќеања со појадок во хотел со *** во Минхен
  • Разглед на Минхен
  • Посета на Салцбург
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:
  • Влезници за музеите и културно историските споменици
  • Посета на дворците Linderhof и Neuschwanstein – ___ евра (со влезници)
  • Посета на дворецот Herrenchiemsee – ___ евра ( со карта за брод и влезница)
  • Патничко осигурување ___ ден

За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници.

 

Ви треба помош ?

Нашиот тим е 24/7 на ваше располагање поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311

+389 (0)78 340 311