Прага,Дрезден,Берлин и Лајпциг

Прага,Дрезден,Берлин и Лајпциг

1 ден - МАКЕДОНИЈА

Поаѓање во договореното време. Заминување кон Чешка . Ноќно возење.

2 ден - ПРАГА  

Пристигнување во Прага околу пладне. Сместување во хотел. Панорамски разглед на ПРАШКИОТ ДВОРЕЦ на ХРАДЧАНИ, ШПАНСКАТА САЛА монументална градба од X век, катедралата СВЕТИ ВИТОсо капелата СВ. ВЕНЦЕСЛАВ и гробниците на чешките кралеви; старата КРАЛСКА ПАЛАТА; базиликатаСВ.ЃОРЃЕ и ЗЛАТНАТА УЛИЦА, со сочуван изглед од XVI. век. Продолжеток на разгледувањето низ Малостранске намести. Ја поминуваме Влтава преку КАРЛОВИОТ МОСТ, СТАРАТА КУЛА на мостот, споменикот на КАРЛО IV, и по Карловата улица доаѓаме на СТАРОГРАДСКИОТ ПЛОШТАД со познатиот астрономски саат ОРЛОЈ, прашкото гето - ЕВРЕЈСКИОТ КВАРТ со десетина синагоги, ВАЦЛАВСКЕ НАМЕСТИ, националниот МУЗЕЈ, националниот ТЕАТАР и познатата БАРУТНА КУЛА. Ноќевање.

3 ден -ДРЕЗДЕН

Појадок. По појадокот заминување за Дрезден. Разглед на градот кој го носи епитетот ’Фиренца на Елба‘ : симболот на градот Frauenkirche – најпознатата протестантска градба во Германија во барок стил, Zwinger – исто во барок стил, Semper Opera , Кралската палата, Брул тераса ... Заминување заБерлин. Сместување во хотел . Ноќевање.

4 ден - БЕРЛИН

Појадок. Панорамска обиколка на Берлин: Плоштадот на републиката, Булеварот Unter der Linden, плоштадот Gendarmenmarkt , Историскиот музеј (поранешниот Парламент на Источна Германија), Берлинската катедрала, Александар плац, Градското собрание, Црквата Св.Марија ( од 1270 год.), Булеварот Карл Маркс, музејот на КГБ, местото на Хитлеровиот бункер, споменикот на убиените Евреи, најпознатиот граничен премин во некогаш поделениот Берлин, Чекпоинт Чарли, Берлинската синагога, Олимпискиот стадион, Берлинскиот ѕид, Бранденбуршката капија, Рајхстагот, Операта, Постдамер плац ... После разгледот слободно време за посета на бројните музеи на островот на музеите. Во вечерните часови можност за факултативно крстарење со брод по реките Шпреј и Хафел. Ноќевање .

5 ден - БЕРЛИН

Појадок. Слободен ден или можност за факултативен излет до Потсдам, главниот град на сојузната држава Бранденбург и место каде што е одржана Потсдамската конференција 1945 год. (Черчил, Рузвелт и Сталин). Разглед : палатата Sansusi , Новата Палата, палатата Sesilenhof , мостот Glienike(местото на размена на шпионите за време на светска војна, холандскиот кварт, Старото собрание, стариот пазар со црквата Св.Никола, рускиот кварт Александровка... Попладне враќање во Берлин. Вечерна прошетка низ Берлин која завршува кај Бранденбуршката капија. Ноќевање.

6 ден - ЛАЈПЦИГ

Појадок. Заминување за Лајпциг. Разглед на градот : Црквата Св.Тома, музејот на Бах, споменикот на битката на народите, старото градско собрание, величествениот Аугустов плоштад... Продолжување конПрага. Сместување во хотел. Можност за крстарење со брод по Влтава. Ноќевање.

7 ден - МАКЕДОНИЈА

Појадок. Заминување за Македонија. Пристигнување во Македонија во раните утрински часови наредниот ден.

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Автобуски превоз на наведената релација со високо туристички автобус
  • Пет ноќевања на база Н/П во хотел со *** (Берлин 3 и Прага 2 )
  • Разглед на Прага, Дрезден , Берлин со туристички водич
  • Организација и водство на патот

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

  • Факултативна екскурзија до Потсдам ___ €
  • Крстарење со брод во Берлин ___ €
  • Крстарење со брод по Влтава ___ €
  • Патничко осигурување

Ви треба помош ?

Нашиот тим е 24/7 на ваше располагање поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311

+389 (0)78 340 311