Прага,Дрезден и Виена

Прага,Дрезден и Виена

1. Ден МАКЕДОНИЈА - ПРАГА

Состанок на групата и тргнување за Прага. Се патува преку Србија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2. Ден  ПРАГА

Пристигнување во Прага во предпладневните часови. Разглед на Прага со локален водич: Храдчани – Прашки град, најважниот симбол на Бохемија и седиште на Парламентот, комплексот од дворци, цркви, базилики, кули и градини, грандиозната Готска катедрала Св. Вида, Златната уличка со домот на Франц  Кафка и кулата Далиборка во минатото користена како затвор. Барокната црква од 18 Век - Свети Никола во која за време на престојот свирел Моцарт, Карлов мост со многубројни статуи, продавничките со сувенири и уличните музичари, Старо место - стариот градски плоштад со Кметството и стариот астрономски часовник од XIV век , подигнат во чест на тогашното здобивање со статут на кралска резиденција, Еврејската улица. Разонода на Вацлавскиот плоштад - центар на трговскиот, општествен и културен живот на Прага. Слободно време. Враќање во хотел. Вечера. Можност за факултативна посета дискотека. Ноќевање.

3. Ден ПРАГА - КАРЛОВИ ВАРИ

Појадок. По појадокот факултативно-излет до Карлови Вари, најпознатиот бањски центар во Чешка, популарно одмаралиште на европската аристократија и културна елита од 19. век. Можност за посета на еден од 12те извори, прошетка покрај нео-ренесансните колонади, паркови, кафеани. Враќање во Прага во попладневните часови. Слободно време за индивидуални активности. Вечерта-факултативно, крстарење по В’лтава.Ноќевање.

4. Ден ПРАГА - ДРЕЗДЕН

Појадок. Факултативен излет во Дрезден со стручен локален водич. Дрезден е четврт по големина, урбан регион во Германија после Берлин, Хамбург и Келн.Тој прв пат се именува како град во 1206 година. Поради своето изонредно културно значење исто така се нарекува Фиренца на Елба. Во овој град застапени се многу барокни градби: Операта Земпер, Палатата Цвингер (во која има 5 музеја), протестантската Богородична црква, римокатоличката Дворска црква, Резиденционалната палата (денешниот државен музеј каде се чува Зелениот трезор), палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински), делот на некогашниот градски ѕид, Августовиот мост. Враќање во Прага. Ноќевање.

5. Ден ПРАГА – ВИЕНА – МАКЕДОНИЈА

Појадок. Тргнување за Виена. Панорамски разглед на градот со стручен локален водич: плоштад Рингштрасе, палатата Хофбург, Парламентот, Виенската опера, катедралата св. Стефан итн... Време предвидено за одмор, шопинг и уживање во убавините што ги нуди Културната престолнина на Европа – Виена. Слободно попладне до тргнување за Македонија, во попладневните часови. Пристигнување во Македонија следниот ден во раните утрински часови.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Сместување  во хотел 3 *** на база 3 ноќевање со појадок во Прага;
  • Разглед на  Прага и Виена
  • Медицинско лице
  • Пијалоци во текот на патувањето
  • Организација и водство на патувањет

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Факултативна посета на Дрезден ___ €.
  • Крстарење со брод по В’лтава ___ €
  • Излет до Карлови Вари ___ €
  • Влезници за локалитетите;
  • Други факултативни посети кои не се пишани во програмата.

Ви треба помош ?

Нашиот тим е 24/7 на ваше располагање поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311

+389 (0)78 340 311