Љубљана,Салзбур,Париз и Минхен

Љубљана,Салзбур,Париз и Минхен

1. ден     МАКЕДОНИЈА - ЉУБЉАНА

Заминување на групата од Македонија кон Словенија  во 16.00 часот . Ноќно возење со попатни застанувања и одмори.

2. ден    ЉУБЉАНА - САЛЦБУРГ

Пристигнување во Љубљана во утринските часови. Панорамски разглед на градот. Почнува пред барокната зграда на градското собрание, продолжува низ стариот центар на градот познат по неговиот единствен архитектонски изглед кој го обележуваат барокни и сецесиски градби и дела на архитектот Јоже Плечник. Ќе ги разгледаме катедралата Св.Никола, Змаевиот мост, Прешерновиот плоштад, Троструки мост... Заминување за Салцбург. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

3 ден    САЛЦБУРГ

Појадок. Разглед на градот  со локален водич : споменикот на Моцарт, Готската катедрала, црквата Св.Петар, Универзитетската црква, куќата на Моцарт, паркот Мирабел... Околу пладне заминување за Париз. Попатно разглед на Стразбург. Ноќно возење.

4 ден ПАРИЗ– ВЕРСАЈ- ЛУВР

Пристигање во Париз во утринските  часови. Посета на дворецот Версај , во кој била резиденцијата на кралот Луј XIV . Враќање во Париз и можност за посета на еден од најпознатите музеи на светот Лувр. Сместување во хотел. Посета на латинскиот кварт и вечера. Ноќевање.

5 ден ПАРИЗ

Појадок. Панорамски разглед на Париз : Плоштадот на Републиката, Конкорд и Трокадеро, Елисејските полоња, Триумфалната капија, Сорбона, Ајфеловата кула, величествената палата Нотр Дам. Факултативно крстарење со брод по Сена. Посета со метро на Монмартр – боемскиот кварт и посета на преубавата црква Сакр Кер. Враќање во хотел . Вечера. Ноќевање.

6 ден ПАРИЗ - ДИЗНИЛЕНД

Појадок. Целодневна посета на забавниот парк Дизниленд. Или разглед на Париз. Приквечер заминување за Германија. Ноќно возење.

7 ден МИНХЕН

Пристигнување во Минхен во утринските часови. Панорамски разглед на Минхен: црква Св. Петар - најстарата црква во Минхен, женската црква, Кралската палата, Националната опера, големиот базар, Мариенплац, Парламентот... .Сместување во хотел.  Вечера. Факултативно – дискотека. Ноќевање.

8 ден МИНХЕН - МАКЕДОНИЈА

Појадок. Заминување за Македонија. Пристигнување во утринските  часови

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Автобуски превоз на наведената релација со високотуристички автобус
  • Сместување во хотели **/ ***  во дво, тро и четирикреветни соби на база 4ноќевања , ( Салцбург 1 ПП, Париз 2 ПП и Минхен 1 ПП)
  • Разглед на градовите со водич
  • Патничко осигурување
  • Пратител на групата

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

  • Лувр 15 €, Версај 15 €, пакет Париз на дланка ( Триумфална капија, Ајфелова кула, Кула Монтпарнас и крстарење по Сена со брод ) 45 € , Дизниленд 35 €
  • Карти за метро (Париз)
  • Факултативни излети и посети                                

Ви треба помош ?

Поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311 Работно Време 10:00 - 19:00

+389 (0)78 340 311