Атина

129 Евра

Ви благодариме за довербата и изборот што го направивте

Нова година во Атина

 

1 ден 29.12.2018 СКОПЈЕ – АТИНА

Состанок на групата пред спортската сала Борис Трајковски во 18.00 часот. Поаѓање за Атина во 18.30 часот. Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.     

2 ден 30.12.2018 АТИНА

Пристигнување во Атина во утринските часови. Панорамски разглед на градот. Панорамско разгледување на плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата Порта, Акропол... Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта предлагаме посета на таверна во живописниот ноќен кварт Плака под Акропол. Традиционална грчка вечера со фолклорна програма. Ноќевање.

3 ден 31.12.2018 ПЕЛОПОНЕЗ

Појадок. Целодневен излет на Пелопонез. Посета на Коринтскиот канал, нај-акустичниот амфитеатар од Античка Грција-Епидаурус, гратчето Нафлион - Првата престолнина на Грција, Микена - Античкиот град на Кралот Агамемнон и гробницата на Агамемнон. Враќање во Атина. Дочек на Нова Година на градскиот плоштад.  Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден 01.01.2019 АТИНА – ПИРЕЈА – СУНИОН - СКОПЈЕ

Појадок. Ве водиме на полудневен излет со посета на пристанишното место  Пиреја и нејзините Марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до  Сунион-најјужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон. По посетата, патувањето продолжува кон Скопје, покрај Камена Вурла, кланецот Термопили каде се наоѓа споменикот на Кралот Леонидас, Лариса. Ноќно возење со попатни паузи.

5 ден 02.01.2019 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во утринските часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 01.11: 119€/7.380 ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 129€/8.000 ден.

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус на дадените дестинации
  • Сместување во хотел  3* – 2НП (ноќевање + појадок)
  • Организиран разглед со локален водич на Атина
  • Професионален лиценциран придружник за време на патувањето
  • Организација и реализација на патувањето
  • - Организиран трансфер од Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Посета на Пиреа и Сунион – 10€
  • Факултативна посета на Пелопонез, Микена и Епидариус - 30€
  • Патничко осигурување - 5
  • Вечера во таверна - 35€
  • Влезници за локалитети и други факултативни посети како и индивидуални трошоци
  • Доплата за еднокреветна соба 3.100 денари

 

 

 

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

Ви треба помош ?

Поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311 Работно Време 10:00 - 19:00

+389 (0)78 340 311


Може да ви се допаднат

Златибор
169 Евра
Атина
129 Евра
Будимпешта
149 Евра