Будимпешта

149 Евра

Ви благодариме за довербата и изборот што го направивте

Нова година во Будимпешта

1 ден 29.12.2018 - СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТА 

Состанок со групата во 16:30ч. на паркингот пред спортски центар „Борис Трајковски“ и поаѓање за Будимпешта во 17.00 ч. Ноќно возење преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден 30.12.2018 - БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови и разглед на градот со локален водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, мостовите на Дунав... Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор и индивидуални активности. Вечерта можност за крстарење по Дунав под прекрасните будимпештански мостови (факултативно). Можност за индивидуални прошетки низ Будимпешта. Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.

3 ден 31.12.2018 - БУДИМПЕШТА - БРАТИСЛАВА

Појадок. После појадокот, поаѓање за Братислава (факултативно). Разглед на градот со локален водич: средновековниот главен плоштад со Роландовата фонтана, Михалската порта, Градското собрание, Катедралата Св. Мартин, Словачкиот национален театар, барокната Палата Palffy во која Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Pauli каде Франц Лист го отсвирел својот прв концерт... Слободно време за индивидуални активности и можност да ја почувствувате предновогодишната атмосфера на градот. Во договорено време враќање во Будимпешта. *За оние кои остануваат во Будимпешта, денот го поминуваат индивидуално. Вечерта во договорено време се упатуваме во центрот на Будимпешта за дочек на Нова Година. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден 01.01.2019 – СЕНТ АНДРЕА - БУДИМПЕШТА

Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и можност за факултативна посета на живописното гратче Сент Андреа, во близина на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, кое е богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. После посетата на Сент Андреа, враќање во Будимпешта и слободно време за индивидуални активности. Поаѓање за Скопје во попладневните часови. Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и цaрински формалности.

5 ден 02.01.2019  СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

 

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 01.11: 139€/8.620ден

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 149€/9.240 денари

Во цената на аранжманот e вклучено:

  • превоз со високотуристички автобуси на дадените дестинации
  • сместување во хотел со 3* во Будимпешта – 2 НП (ноќевање + појадок)
  • разглед на Будимпешта со локален водич
  • професионален туристички пратител за време на целото патување
  • организација и реализација на аранжманот
  • Организиран трансфер од Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • крстарење со брод по Дунав - 15€
  • факултативна посета на Братислава со локален водич - 30€ - мин. 30 лица за реализација
  • посета на Сент Андреа - 10€ - мин. 30 лица за реализација
  • патничко здравствено осигурување - 5€
  • индивидуални трошоци
  • доплата за еднокреветна соба 3.100 денари

 

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

Ви треба помош ?

Поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311 Работно Време 10:00 - 19:00

+389 (0)78 340 311


Може да ви се допаднат

Златибор
169 Евра
Атина
129 Евра
Будимпешта
149 Евра