Виена

169 Евра

Ви благодариме за довербата и изборот што го направивте

 Нова година во Виена

Виена за време на Новогодишните празници нуди прекрасна програма со возбуда во текот на денот и ноќта. На 31-ви Декември, стариот град на Виена центарот го претвора во огромна забавна зона. Најголемата забава е загарантирана на Патека на Нова Година по чијашто должина десетици гастрономи Ви служат пунч и разни специјалитети. Виена украсена со хумористични забави, шоу програми, валцер, музика од секаков жанр, пловење по Дунав  претставува вистинско уживање. www.wien.info

1 ден 29.12.2018 Скопје – Виена

Состанок со групата  во 16.30 ч. на паркингот пред спортска сала Борис Трајковски и поаѓање за Виена во 17:00ч. Ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2 ден 30.12.2018 Виена

Пристигнување во Виена во попладневните часови и сместување во хотел (доколку се поминат границите без поголеми непланирани задржувања и времето дозволи, ќе се посети Outlet Shopping Center - Parndorf пред сместување во хотел). Слободно попладне за одмор. Вечерта трансфер со автобус до центарот на Виена. Слободно време за индивидуални прошетки и уживање во предновогодишната атмосфера низ украсените улици на Виена. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден 31.12.2018 Виена

Појадок. После појадокот заминуваме на панорамски разглед на градот со локален водич: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург... Слободно време за индивидуална прошетка во центарот на Виена. Новогодишната магија се чувствува на секој агол. Враќање во хотел и слободно време за одмор и припреми за дочекот на Новата Година. Вечерта трансфер со автобус до центарот на Виена за дочек на Нова Година 2019 – плоштад РАТХАУС (Rathaus Wien). Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.

4 ден 01.01.2019 Виена

Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и трансфер со автобус до дворецот „Шенбрун“ (факултативна посета) со локален водич – (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1700 г. Палатата и паркот кој го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Франц Јосиф). После тоа, слободно време за индивидуална прошетка низ Виена. Во договорено време, факултативна посета на Дунавската Кула. Поаѓање кон Скопје во попладневните часови со попатни паузи за одмор.

5 ден 02.01.2019 Скопје

Пристигнување во Скопје во предпладневните часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 01.11: 159/ 9.860 ден.

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 169/ 10.480 ден.

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобуси
  • Сместување во хотел 3* на база 2НП
  • Разглед на Виена со локален водич
  • Професионален туристички придружник за време на целото патување
  • Организација и реализација на програмата
  • Организиран трансфер од Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Влезница за дворецот Шенбрун – 35€ - (влезница + локален водич + превоз)
  • Дунавска Кула – 10€
  • Патничко осигурување – 5€
  • Индивидуални трошоци и се што не е наведено во програмата
  • Доплата за еднокреветна соба 3.700 денари

 

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

Пријавување за факултативните излети до 20.12. Плаќањето се врши во автобус.

Ви треба помош ?

Поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311 Работно Време 10:00 - 19:00

+389 (0)78 340 311


Може да ви се допаднат

Златибор
169 Евра
Атина
129 Евра
Будимпешта
149 Евра