Златибор

169 Евра

Ви благодариме за довербата и изборот што го направивте

ЗЛАТИБОР

(Сирогојно, Дрвенград и Вишеград)

28.12.2018 – 01.01.2019

 5 дена / 3 ноќи / автобус

 

1 ден: 28.12.2018 (петок)

21:30 часот заминување на групата од Кавадарци и во 23:00 часот од Скопје (пред туристичките агенции) кон Србија со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори

2 ден: 29.12.2018 (сабота)

Пристигнување во Златибор во утринските часови. Краток одмор од патувањето. Потоа заминување кон етно селото Сирогојно. Разгледување на единствениот Музеј под отворено небо каде има педесетина оригинални златиборски  куќи-брвнари во кои се изложени околу 2000 експонати, како и Музејот на плетачките и продавниците за џемпери, по кои селото Сирогојно е познато во светот. Пауза за кафе и закуска во еден од рестораните во Сирогојно. Враќање во Златибор. Сместување во хотелите „Cigota“ 3*** (www.cigota.rs) и „Wai Tai“ 3*** (www.stczlatibor.rs) (Објектот е регистриран како спортско-туристички центар и се наоѓа веднаш до Кралските Конаци, во непосредна близина на центарот во Златибор и на само стотина метри од езерото). Слободно време за индивидуални активности ( гостите во хотел „Cigota“ можат бесплатно да го користат базенот во хотелот, а со доплата релакс центарот - две фински сауни, парно купатило со арома терапија, две хидро-кади, солариум, фитнес сала и теретана). Вечера во рестораните на хотелите. Ноќевање.

3 ден: 30.12.2018 (недела)

Појадок. Потоа  организирано заминување (факултативно) кон двата града изградени од познатиот филмски режисер Емир Кoстурица: Дрвенград - етно селото на Меќавник изградено за потребите на снимањето на филмот „Животот е чудо“ и Андриќевиот град во Вишеград, сместен меѓу  реките Дрина и Р`зава во Република Српска-Босна и Херцеговина, инспириран од делата и ликовите на нобеловецот Иво Андриќ. Тој е всушност визија како Вишеград можел да изгледа да не го заобиколиле ренесансата и другите историски периоди. Враќање во Златибор во попладневните часови. Слободно време за индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.

4 ден: 31.12.2018 (понеделник)

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности и за разгледување на убавините на Златибор. Вечера во ресторанот. Вечерта, организиран дочек на Новата 2019 година на плоштадот во Златибор со богата музичка програма. Ноќевање.

5 ден: 01.01.2019 (вторник)

Појадок. Шопинг на прочуениот пазар кој изобилува со домашни производи од ова поднебје... Околу пладне заминување на групата кон Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........169 евра (10.480 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

Во цената се пресметани следните услуги:

- Превоз со туристички автобус

- Три ноќевања со појадок  и вечера  во хотелите „Cigota“ 3* и „Wai Tai“ 3*  во Златибор

- Посета на Сирогојно  со локален туристички водич

- Организација на патувањето и туристички придружник

Во цената не се пресметани следните услуги:

- Посета на Дрвенград и Вишеград со локален туристички водич – 10 евра

- Влезница во музејот во Сирогојно.....150 динари

- Влезница во Дрвенград....250 динари

- Патничко осигурување

- Туристичка такса...1.10 евра по лице на ден

- Патничко осигурување

Услови за деца: До 7 години бесплатно (во заеднички кревет со две возрасни лица), 

од 2-12 години плаќаат 70 % од аранжманот доколку користат сопствен кревет.

Во случај на сопствен превоз цената се намалува за 10 евра.

Ви треба помош ?

Поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311 Работно Време 10:00 - 19:00

+389 (0)78 340 311


Може да ви се допаднат

Златибор
169 Евра
Атина
129 Евра
Будимпешта
149 Евра