Истанбул

119 Евра

Ви благодариме за довербата и изборот што го направивте

Нова година во Истанбул             

1 ден 29.12.2018 - Скопје – Истанбул

Состанок на групата на паркингот пред спортски центар Борис Трaјковски во 15:00 и поаѓање за Истанбул во 15:30ч. Дневно и ноќно патување преку  Р.Грција со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден 30.12.2018 – Истанбул

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Панорамско разгледување на градот со автобус: Капали чаршија, Бејазит- најстариот универзитет, Лалели,  Аксарај, Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотелот (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), кратка прошетка низ Таксим, Операта, стадионот на  ФК Бешикташ,  Долма Бахче Сарајот. Сместување во хотел. Слободно попладне. Потоа факултативно заминуваме во ноќен клуб  со богато мени и прекрасна програма со ориентални танци за незаборавно доживување. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден 31.12.2018 –Истанбул

Појадок. Ве водиме во славното и бурно минато на Османлиското царство (факултативно): со локален водич ќе ја разгледаме познатата  црква АЈА СОФИЈА , ќе влеземе во најпознатата султанска палата во светот - Топ Капи Палатата и ќе го видиме Султанскиот Харем . Потоа ќе се воодушевуваме на големината на Сината џамија, Султанахмед плоштадот и Византискиот хиподром. Можност да се посети и подземната византиска цистерна каде се чувала водата за пиење од каде градот бил снабдуван со вода. Пешки продолжуваме до Капали чаршија каде го завршуваме програмот. Излетот е факултативен. Вечерта факултативно ве носиме на Азиската страна на Истанбул. Ќе го видите најголемиот и  најпознат мост во Истанбул, граден по пример на Голден Гејт мостот во Сан Франциско. Го посетуваме најубавиот дел дел од градот - Бејлербеи каде ќе имате можност да се прошетате и да пиете кафе  покрај Босфор. Потоа ве водиме во местото Ускудар за да ја видите познатата џамија на Михримах Султан.  Дочек на Нова Година 2019 на некој од градските плоштади. Враќање во хотел.  Ноќевање.

4 ден 01.01.2019 – Султански Истанбул  

Султански Истанбул + крстарење по Босфор  

Појадок. Организираме факултативна посета на најбогатата, најубавата и последната султанска палата – Долма Бахче Сарај Палатата со локален водич. Потоа заминуваме на прекрасно и возбудливо крстарење по БОСФОР со приватен брод и водич: тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi”  палатата... Ќе уживате во прекрасниот  поглед на раскошните палати на светски познатите политичари и бизнисмени ( Тансу Чилер...),  Kiskulesi (Моминската кула) , Султанската палата Чираган ... палатите од За крај , ве водиме во голем шопинг центар ФОРУМ. Поаѓање за Скопје во вечерните часови. Се патува преку Грција, ноќно возење со попатни паузи.

05 ден 02.01.2019 – Скопје

Пристигнување во Скопје во попладневните часови часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 01.11: 109/6.760 ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  119/7.380 ден.

Во цената на арнжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Сместување во хотел со 3* на база 2 НП
  • Панорамско разгледување на градот со локален водич
  • Туристички пратител на програмата
  • Организиран трансфер од Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Задолжително патничко осигурување (5€)
  • Отомански и Византиски Истанбул (автобус,локален водич): (10 )
  • Крстарење по Босфор (20)
  • Посета на Долма Бахче Сарај со водич и влезница и харемот: (35)
  • Дочек на Нова Година во Ноќен клуб: (  )
  • Дочек на Нова Година на брод по Босфор: ( )   .
  • Влезници: Аја Софија: (15), Топ Капи (без Харем): (15) , Харемот во Топ Капи– (10)
  • Посета на Азискиот дел на Истанбул (15€)
  • Доплата за еднокреветна соба 2.480 ден
  • Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програм


 

Ви треба помош ?

Поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311 Работно Време 10:00 - 19:00

+389 (0)78 340 311


Може да ви се допаднат

Златибор
169 Евра
Атина
129 Евра
Будимпешта
149 Евра