Дочек во Белград

49 Евра

Ви благодариме за довербата и изборот што го направивте

 

БЕЛГРАД

ДОЧЕК НА НОВАТА 2019  ГОДИНА

 

1.ДЕН (30. 12. 2018 Недела) Скопје – Белград

Состанок на групата на паркингот кај салата „Борис Трајковски“.

Поаѓање во раните утрински часови - 03:00. Се патува преку граничниот премин Табановце. Пристигнување на групата во Белград во раните попладневни часови. Следува панорамски разглед на Белград, главниот град на Србија, кој ги вклучува најпознатиот стадион од поранешните југословенски простори Маракана – стадионот на ФК Црвена Звезда, куќата на атрактивната балканска ѕвезда Светлана Цеца Ражњатович, потоа атрактивниот дел на градот – Дедиње како и куќата на цвеќето каде се наоѓа гробот на Јосип Броз Тито. Разгледот го привршуваме со христијанскиот храм свети Сава. Следува сместување и слободно време за одмор и релаксација.

Потоа заминување на пешачки разглед кон центарот на градот: хотел Москва, ул. Кнез Михајлова, плоштадот на Републиката, Калемегдан парк, Скадарлија...

Во вечерните часови организирано заминување кон една од познатите белградски кафани каде со звуците  на македонската и српската музика ќе уживаме во предноводишната атмосфера. Ноќевање.

 

2.ДЕН (31. 12. 2018 Понеделник ) – Белград ДОЧЕК НА НОВАТА 2019  ГОДИНА

Можност за дневна забава како продолжување на одличното расположение. Следува слободно време за индивидуални активности и одмор.

Во вечерните часови следува Дочекот на 2019  година, најлудата ноќ во годината во еден од најатрактивните и најексклузивни белградски клубови. Ноќевање.

 

3.ДЕН (01.01.2018 Понеделник ) - Нови Сад – Белград – Скопје

Следува напуштање на хостелот/хотелот. Факултативен излет до Нови Сад. Разглед на градот: улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица - пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква, Петро- варадинската тврдина. Заминување кон Скопје. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 

Сместување

1/2

1/3

1/4

1/5

1/6

Хотел Србија 3*

85

75€

-

-

-

Хостел Јелица
         I дел

-


49


49


49


49

Хостел Јелица
       II
  дел

-

59

59

59

59

 

ОПИС НА ХОСТЕЛОТ/ХОТЕЛОТ:

 

 

  1. Хостелот се наоѓа во строгиот центар на Белград со извонредна локација на само пет минути пешачење од главната улица Кнез Михајлова. Собите се чисти и комфорни.

Хостелот е составен од два дела:

 

-           I дел: Во првиот дел на хостелот, тоалетите ( wc школките, туш кабините и умивалникот) се заеднички на секој спрат. Истите во секое време се уредно чисти. На секој спрат од овој дел на хостелот има заеднички тоалети за сите соби на спратот.

 

-           II дел: Во вториот дел на хостелот, секоја соба располага со туш кабина и  умивалник во склоп на својата соба, додека пак wc школките се распоредени во заеднички простор на самиот спрат.

 

  1. Хотелот се наоѓа во областа Шумица на 5 км од центарот на градот. Има одлична поврзаност со центарот на градот и располага со повеќе од 300 легла а комплетно е реновиран во 2005 година.

 

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

          2 ноќевања  во Белград во хостел со  - 1/3, 1/4, 1/5, 1/6 креветни соби или во хотел 3* со појадок – 1/2 или 1/3 креветни соби;

          Комплетна организација на патувањето со пратител за време на целото патување;

          Превоз со високотуристички автобус (клима, тоалет, ТВ, видео) на релација Скопје – Белград – Скопје;

          Панорамски разглед на градот;

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

          Патничко и здравствено осигурување (200 денари);

          Факултативни излети (Дочек на Нова година, кафанa);

          155  динари (1,29€)   по ноќ туристичка такса  (се плаќа на рецепција)за хостел Јелица;

          За сопствен превоз се одбива 10 евра од аранжманот;

Ви треба помош ?

Поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311 Работно Време 10:00 - 19:00

+389 (0)78 340 311


Може да ви се допаднат