Дочек во Истанбул

89 Евра

Ви благодариме за довербата и изборот што го направивте

ИСТАНБУЛ – Дочек на Нова Година 2019

 

Истанбул е град на легенда и историја. Тој магичен град ни нуди толкава прекрасна разновидност со својот пејсаж како ниеден град во светот. Значаен е по тоа што е расположен на два континента и тоа во Европа и зазема дел од Азија. Располозен на седум брда и запилскуван од водите на синиот Босфор прави слика од која никој не може да остане рамнодушен. Тој бил метропола 2600 години,што значи подолго од било која друга метропола во светот.

Истанбул – град кој на прв поглед може да биде темен и разочарувачки поради својата густа населеност ,непланска изградба, орјенталниот начин на живеење, хаосот по улиците и брзото темпо на живеење. Но,велат доколку сте доволно љубопитни и стрпливи, ќе можете да дојдете до срцето и уникатниот дел на Истанбул – град кој своевремено бил престолнина на три последователни империи – Римската Византиската и Отоманската, и да ја почуствувате неговата големина и импозантна убавина. Капали чаршија – Оваа чаршија е најнеодоливата од сите атракции во Истанбул.

Таа фасцинира со нејзиниот изглед и многуте дуќани, како еден мал покриен град каде може да си купите покрај сувенири, злато, бакар, орјентални килими, познатото истанбулско стакло и многу други работи. При посета на Истанбул секако не смеете да ја пропустите палатата на султанот односно Долма Бахче Сарај.Сарај кој лежи на Босфор и дава инзвонредна глетка на Истанбул давајки ни јасна представа колку уживал Султанот кој живеел во сарајот.

Покрај преубавите градини во сарајот ке ги видите собите во кои живеел султанот, ентериерот како и фамозните кристални лустери кои се во огромните салони во сарајот. По прошетката во султановиот дом се оди во Харемот или куќата каде што живееле жените на султанот. Топкапи сарај е уште една палата која што не смее да се пропушти не само поради нејзината важност и убавина туку и поради тоа што е единствената палата која од сите страни е опкружена со море (односно со водите на Мраморно море и Босфор).

Тука е и огромното богатство на султаните како и разните порцелански и други поклони сто ги добивале од своите посетители. Сината џамија (или Султан Ахмедова џамија) всушност е џамија која покрај својот стил плени со својата убавина и е единствената во светот која има шест минариња. Таа представува симбол на градот и е подарок од султанот Ахмед и секако би ја дознале нејзината приказна доколку ја посети.

 

ПРОГРАМА:

1 ден Сабота :

Поаѓање во попладневните часови од пред туристичката агенција Либеро Травел (организиран трансфер Скопје, Велес, Штип, Кочани, Виница, Каменица и Делчево ). Ноќно патување преку Бугарија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден Недела:

Пристигнување во Истанбул во раните утрински часови и по можност сместување во хотелот. Средба на групата со локалниот водич пред хотел. Туристичката програма започнува со панорамска обиколка на Истанбул со локален водич. Посета на паркот Беилербеи во Азискиот дел на Истанбул. По прошетката во паркот се враќаме на стариот дел на Истанбул (Европскиот) и продолжуваме со пешачка прошетка во историскиот центар “Султанахмед”. Разгледување на знаменитостите на хиподром. По можност посета на “Синатаџамија” – единствена со шест минариња. Посета на Црквата – музеј Света Софија и посета на Топкапи палатата. Разглед на хиподромот. Слободно време за индивидуална прошетка од центарот Султан Aхмет до хотелот со самостојна попатна посета на Капали чаршија. Вечерта факлутативно организирана традиционална турска вечера. Ноќевање.

3 ден Понеделник:

Појадок. Од 07:00 до 09:00. Слободно време или факултативна групна посета на палата „Долмабахче“ кој е еден од најраскошните двореци во светот. Факултативно крстарење со брод по Босфор со локален водич. Прошетката со брод ќе ви овозможи да уживате во Европскиот брег на Босфор до тврдината „Румелија Хисар“, да ги фотографирате прекрасната палата „Долмабахче“,, дворецот „Јилдиз“, дворецот „Чифте Сарај“. Потоа бродот се упатува кон Азискиот брег. На бреговите на Босфор ќе ги видите прекрасните вили, каде се снимени повеќето од турските серии.По завршување на крстарењето, Посета на облакодерот “Сафир” – највисоката зграда во Европа висока 236 метри. Ќе се искачиме до последниот кат на панорамското игралиште, каде се открива неверојатна глетка кон градот и Босфор во 360 степени. Уникатната авантура се дополнува со можност да се вклучите во SkyRide – 4D зачудувачка симулација на лет со хеликоптер над Истанбул и да се допре до знаменитостите на градот. Скај бар нуди извонредна глетка со чаша мирисно турско кафе меѓу облаците над Истанбул. Слободно време за прошетка и фотографирање . Враќање во хотелот. Вечерта факултативно организиран дочек на Новата 2019 година или слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

4 ден Вторник:

Појадок. По појадокот се тргнува кон Македонија со попатна посета на најразновидниот аквариум во светот Florya кој нуди разглед на најразнобојни видови морски животни, можност да видете поларна област со пингвини и амазонска област со прашума. Се упатуваме кон градот Едрине со посета на Outlet –Margi , еден од најевтиние во Европа , мал одмор и тргнување кон Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

 ЦЕНА: 89 €

 

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Три ноќевања со појадок во хотел 3*
  • Панорамска обиколка на Истанбул со локален водич
  • Посета на Оutlet во Едрине
  • Разглед на Хиподромот и плоштадот Султан Ахмен
  • Организиран превоз од: Скопје, Велес, Штип, Кочани, Виница, Каменица и Делчево

 

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНO:

  • Влезници за музеите
  • Најголемиот аквариум во Европа Florya- Цена 20 €
  • Дворецот Топкапи – 15 евра
  • Дворецот Долмабахче – 20 евра
  • Бродче по Босфор – 15 евра
  • Традиционална вечера – 25 евра
  • Посета на облакодерот “Сафир”, со вклучен билет за панорамско игралиште и 4D кино – 20 евра
  • Свечена вечера за дочек на Нова година 2018 во ресторан – 60€
  • Аја Софија (влезница и аудио опрема) – 15 евра
  • Патничко осигурување – 150 денари

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ = 115 ЕВРА

 

Ви треба помош ?

Поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311 Работно Време 10:00 - 19:00

+389 (0)78 340 311


Може да ви се допаднат