Дочек во Софија

59 евра

Ви благодариме за довербата и изборот што го направивте

 

СОФИЈА – ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА 2019

 

Откриена уште пред 7000 години п.н.е.од тракиските племиња и окупирана од Отоманската империја, Софија е еден од најстарите градови во Европа и обележја од изминати историски периоди може да се видат насекад,од приземјата на хотелите до бучните подруми на метро станиците. Софија има 16 универзитети и студентски град.Најпрестижен е универзитетот Св.Климент Охридски, основан во 1988 година.

Оваа метропола има голем број на цркви, меѓу кои позначајни се црквата Св.Ѓорѓи, Cв.Софија, катедралата на Александар Невски и Спа Баши Џамијата. Шопингот во Софија е мешавина од старо и ново.Овде познатите модни имиња се испреплетуваат со антиквитетите што се продаваат на улиците и се одлика на традицијата и обичаите во оваа земја.Ноќниот живот е меѓу најдобрите во Европа каде ќе сретнете модерни и традиционални ресторани, ноќни клубови и барови.

Како бугарска убавица, Софија ќе биде Ваш домаќин на незаборавни моменти оваа зима.Поради нејзината убавина, мотото на градот е: ” Софија старее и се разубавува”.

1 ДЕН (30.12.2018)
Поаѓање за Софија во 06:00 часот. Пристигнување во Софија околу пладне.Организиран разглед на градот со локален водич,градскиот плоштад, Цумот, Парламентот, Националниот и историски музеј, црквите Ротонда, Св. Софија, Св. Недела, Руската црква, Храмот Александар Невски со дванаесетте позлатени куполи, Дворецот на културата. Сместување во хотел. Одмор и индивидуални активности. По одморот, прошетка во центарот на Софија и опуштање во некој од рестораните или баровите. Ноќевање.

 2 ДЕН (31.12.2018)
Појадок. Разглед на другиот дел од градот  и прошетка во Bulgaria Mall кој се наоѓа на 500 метри оддалеченост од хотелот.Тука ќе сретнете брендови како Desigual, Tom Tailor, Benetton, Liu Jo,Guess и многу други. По разгледот, време за одмор. Во вечерните часови се упатуваме кон центарот за да ја прославиме НОВАТА 2019 ГОДИНА на некој од плоштадите или во дискотека ( факултативно). Ноќевање.

3 ДЕН (01.01.2019)
Појадок. Напуштање на хотелот во 10:30 часот. Организирана посета за шопинг на PARADISE CENTER, IKEA, RING MАLL и DECATHLON. Во 17:00 часот поаѓање за Скопје. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

3 дена / 2 ноќевања со појадок и превоз

Опис на сместувањето:

 

 

Сместување

Услуга

1/2

1/3

1/4

Хотел Арт Симона

Превоз + сместување

65€

59 €

 

http://hotelsimona.com/ 

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

– Превоз со високо туристички автобус,

– Разглед со локален водич,

– 3 дена/2 ноќевања во Хотел Арт Симона3*** на база В/В (ноќевање со појадок),

– Организирана посета на PARADISE CENTER, IKEA и RING MАLL,

– Придружник и организација на патувањето

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

– Патничко осигурување

– Туристичка такса 2 евра по лице за двете ноќевања

Напомена:

 За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ

 Резервација се прави со аванс на уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање

 Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

 Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

 

 

Ви треба помош ?

Поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311 Работно Време 10:00 - 19:00

+389 (0)78 340 311


Може да ви се допаднат