Златибор

6150 Ден

Ви благодариме за довербата и изборот што го направивте

ЗЛАТИБОР

Златибор, еден од најстарите и најубавите туристички центри во југозападна Србија, во минатото привилегија на најбогатите а денес еден од најпосетените места на Балканот, достапен за сите...

 

ЗЛАТИБОР

(Со посета на Сирогојно, Вишеград, Дрвенград)

 

Златибор, еден од најстарите и најубавите туристички центри во југозападна Србија, во минатото привилегија на најбогатите а денес еден од најпосетените места на Балканот, достапен за сите...

 

05.03.2020                      Скопје - Златибор

Поаѓање на групата од   Скопје во 23:00 часот. Ноќно возење кон Златибор преку граничниот премин Табановце со попатни паузи за царински и гранични формалности.

06.03.2020                    Златибор – Сирогојно - Златибор

Пристигнување во Златибор во утринските часови и  заминување на групата кон етно село Сирогојно. Посета на музејот на отворено и специјалната продавница за џемпери, по кои Сирогојно е познато низ светот. Околу пладне сместување во Вила Јелена, која се наоѓа во центарот на Златибор, во двокреветни и трокреветни соби. Враќање во вилата. Вечера во ресторанот. Ноќевање.

07.03.2020                     Златибор – Вишеград – Златибор

Појадок. Заминување на групата кон Вишеград (факултативно), Република Српска. Пристигнување во Вишеград и разглед на градот со локален туристички водич: Мостот на Дрина,Андриќ град, ремек делото на познатиот филмски режисер Емир Костурица кој го направил овој “град во град”, посветен на познатиот писател Иво Андриќ. Слободно време за ручек и прошетка низ градот. Во попладневните часови враќање кон Златибор со попатна посета на Дрвенград, уште едно дело на Емир Костурица кој го направил овој “град” за потребите на својот филм “Животот е чудо”. Овде може да ги пробате познатите слатки и природните сокови кои носат име на познати светски личности, како што се Новак Ѓоковиќ, Диего Марадона, Џони Деп итн. Вечерта, свечена вечера со музика во ресторанот на хотелот (факултативно).Ноќевање.

 08.03.2020              Златибор - Скопје

Појадок. Слободно време за прошетка низ центарот на Златибор а и  веднаш до центарот се наоѓа и пазарот за сувенири и за добро познатата златиборска пршута и кајмак. Тргнување за Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

 

Цена на аранжманот: 6.150 денари

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Превоз со високо туристички автобус на наведена релација (поаѓања од Кавадарци, Велес – мотел Македонија, Скопје – ВИП хотел и Куманово – бенз.Макпетрол на влезот).
  • Две ноќевања со појадок и вечера во Вила Јелена во центарот на Златибор (http://www.vilajelena-zlatibor.com/ )
  • Посета на Сирогојно
  • Организација и реализација на патувањето

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Cвечена вечера со музика во ресторанот на хотелот – 15 евра
  • Посета на Дрвенград и Вишеград со локален водич – 5 евра
  • Влезница во музејот во Сирогојно – 150 динари ( околу 80 денари)
  • Влезница во Дрвенград 250 динари ( околу 120 денари)
  • Туристичка такса се плаќа во агенција - 2 евра (125 денари) по лице за две ноќевања
  • Патничко осигурување – задолжително ( за информации обратете се во агенцијата )

 

Напомена:

За реализација на ова патување потребни се минимум 40 патници.

 

 

Ви треба помош ?

Поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311 Работно Време 10:00 - 19:00

+389 (0)78 340 311


Може да ви се допаднат

Виена
139 Евра
Будимпешта
129 Евра
Истанбул
99 Евра