Прага

169 Евра

Ви благодариме за довербата и изборот што го направивте

ПРАГА

06.03 - 10.03.2020

ПРАГА, ДРЕЗДЕН и ВИЕНА

 

06.Март (Петок)СКОПЈЕ - ПРАГА               

Состанок  на групата на паркингот спроти хотел Holiday Inn во 12.00 часот. Тргнување за Прага во 12:30 часот. Се патува преку Србија. Ноќно  возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

07.Март (Сабота) ПРАГА

Пристигнување во Прага околу пладне. Панорамски разглед на градот со стручен локален водич: Старо место: Карловиот мост, споменикот на Карло IV, Вацлавскиот плоштад, Староградскиот плоштад со познатиот астрономски часовник - Орлој, градската куќа, Тунската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашката кула, Универзитетот на Карло IV, Националниот музеј, Горниот град: Дворецот Храдчани, Катедралата Св. Вито, Претседателската палата... Сместување во хотел. Ноќевање.

 

08.Март (Недела)  ПРАГА - КАРЛОВИ ВАРИ

Појадок.Факултативен излет до Карлови Вари, најпознатиот бањски центар во Чешка, популарно одморалиште  на европската аристократија и културна елита од 19-ти век. Можност за посета на еден од 12-те извори, прошетка покрај нео-ренесансните колонади, паркови, кафеани. Надалеку познати се локалните производи од порцелан, стаклото "мосер", како и ликерот "беќеровка". Враќање во Прага во попладневните часови. Вечерта, факултативно крстарење со брод по реката В‘лтава. Ноќевање.

 

09.Март (Понеделник)    ПРАГА – ДРЕЗДЕН

Појадок. Препорачуваме целодневен факултативен излет до Дрезден - четвртиот по големина, урбан град во Германија, после Берлин, Хамбург и Келн. Прв пат се именува како град во 1206 година. Поради своето изонредно културно значење исто така се нарекува Фиренца на Елба. Во овој град застапени се многу барокни градби: Операта Земпер, Палатата Цвингер (во која има 5 музеи), протестантската Богородична црква, римокатоличката Дворска црква, Резиденционалната палата (денешниот државен музеј каде се чува Зелениот трезор), палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински), делот на некогашниот градски ѕид, Августовиот мост... Враќање во Прага во вечерните часови. Препорачуваме посетна на национален ресторан – пивница. Ноќевање.

 

10.Март (Вторник)ПРАГА - ВИЕНА - СКОПЈЕ

Појадок. Патувањето продолжува кон Виена. Панорамски разглед на градот: Рингштрасе, Oперата, Парламентот, Музејот на современа уметност, Градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, црквата Вотив, зимскиот дворец Хофбург. Слободно попладне до тргнување за Скопје во попладневните часови. Ноќно возење преку Унгарија и Србија со куси попатни паузи.Пристигнување во Скопје следниот ден (11 март) во предпладневните часови.

 

 

Цена во претпродажба до 31.01:  139 € (8.620 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  169 € (9.86денари)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со модерен туристички автобус на наведената релација
  • Сместување во хотел 3* ** во Прага на база 3ноќевања со појадок
  • Организиран разглед на Виена
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Организиран разглед на Прага 10 евра
  • Крстарење по В’лтава 15 евра
  • Факултативна посета на Дрезден 30 евра
  • Излет до Карлови Вари 25 евра
  • Задолжително патничко-здравствено осигурување
  • Вечера во национален ресторан – пивница 35 евра

Напомена:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.
  • Факултативните излети се уплатуваат првиот ден од патувањето како би можеле истите технички да се реализираат !
  • За факултативните излети најдобро е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот .
  • За овој програм важат опшите услови за патување на Магелан Травел Сервис
  • Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање. 

Општи напомени за патување:

  • Т.А.Магелан Травел Сервис го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл. Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето

Напомена: Магелан Травел Сервис ќе организира групен трансфер за сите дестинации од: Охрид, Битола, Прилеп , Кавадарци( Дреново) , Неготино, Струмица, Штип, Велес до местото на поаѓање во Скопје.

Трансферот е  комбиниран и групен за сите програми со сигурна реализација и ќе биде во раните утрински часови на денот на поаѓање и во попладневните или вечерните часови на денот на пристигање.

Времето и местото на поаѓање по градови кон Скопје ќе биде дефинирано мин. 1 ден пред датумот на поаѓање и истото ќе биде адаптирано спорд  дестинацијата кој има најрано време на поаѓање од Скопје.

Времето на враќање од Скопје кон наведените градови ќе биде дополнително утврдено и за истото патниците ќе добијат информација од пратителот на патување на секоја дестинација во автобус неколку часа пред пристигнување во Скопје.

 

Ви треба помош ?

Поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311 Работно Време 10:00 - 19:00

+389 (0)78 340 311


Може да ви се допаднат

Виена
139 Евра
Будимпешта
129 Евра
Истанбул
99 Евра