Азурен Брег

219 Евра

Ви благодариме за довербата и изборот што го направивте

АЗУРЕН БРЕГ

1 ден 08.10.2019 СКОПЈЕМИЛАНО       

Состанок во 10.00ч. и поаѓање во 10:30ч. од паркингот кај спортски центар “Борис Трајковски”. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија. Ноќно возење со попатни паузи.

2 ден 09.10.2019 МИЛАНО

Пристигнување во Franciacorta outlet во утринските часови. Слободно време (2 часа) за  шопинг. Патувањето продолжува кон Милано. По пристигнувањето, одиме на организиран разглед на градот(факултативно): тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наога најголемата готска катедрала во светот, потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м. долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миалнска опера една од најпознатите оперски куќи во светот… Слободно време за индивидуални прошетки .  Сместување во хотел.  Ноќевање

3 ден 10.10.2019 МИЛАНО – НИЦА

Појадок. Поаѓање за Ница. Пристигнување во Ница во попладневните часови. Сместување во хотел. Во вечерните часови предлагаме прошека низ стариот дел на Ница: Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдатаНоќевање.

4 ден 11.10.2019 НИЦА – СЕНТ ТРОПЕ – КАН – АНТИБ

Појадок. Можност за целодневен факултативен излет до монденското место Сент Тропез и гламурозниот Кан. Сент Тропез – најидиличното место на Азурниот Брег, марина со луксузни јахти, старата полициска станица на инспекторот Жак Клузо, познати кафулиња како кафулето на познатите глумци – Café Senequer. Пробајте го познатиот колач Tarte Tropezienne… Слободно време за прошетки низ стариот град. Продолжуваме кон Кан. Прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, Марината. Посета на стариот дел на градот, тврдината и црквата Notre Dame De Esperance. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во Ница со попатна посета и прошетка низ  Антиб. Ноќевање.

5 ден 12.10.2019 МОНАКО – МОНТЕ КАРЛО – СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување од хотел. Се упатуваме (факултативно) на посета на Монако и Монте Карло. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, егзотичните градини… продолжуваме по патеката на F1, посета на Монте Карло со познатите коцкарници…   Патот продолжува кон Скопје преку Словенија, Хрватска, Србија… Ноќно возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

6 ден 13.10.2019 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 14.09.2019 : 205eur/12.710денари

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 219eur/13.578денари

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
  • сместување во Милано во хотел 3* на база 1 ноќевање со појадок,
  • сместување во Ница во хотел 3* на база 2 ноќевања со појадок,
  • Посета на Franciacorta outlet – шопинг
  • разглед на Ница
  • организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Задолжително патничко осигурување – 5€ ( за лица до 60год )
  • Разглед на Милано – пешачка тура со локален водич – 10€
  • Факултативна посета на Ез, Монако и Монте Карло – 25€
  • Факултативна посета на Кан, Антиб – 30€
  • Туристичка такса во Милано (3- 5€ по лице)
  • Туристичка такса во Ница (1,5€ по лице на ден)
  • Влезници за културно историски споменици, музеи.
  • Билети за јавен превоз
  • Доплата за еднокреветна соба 4.400 денари

 

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Попустите не се комбинираат
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на ТА Фалкон Травел – Скопје
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди време и место на поаѓање.

 


 Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

Напомена: за реализација на овој аранжман како и за факултативните излети се потребни  минимум 45 патници!

За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ

Ви треба помош ?

Поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311 Работно Време 10:00 - 19:00

+389 (0)78 340 311


Може да ви се допаднат

Истанбул
99 Евра
Будимпешта
109 Евра
Азурен Брег
219 Евра