Венеција (Верона и Трст)

159 Евра

Ви благодариме за довербата и изборот што го направивте

Венеција (Верона и  Трст)

1 ден 09.10.2019 СКОПЈЕ – ТРСТ

Состанок со групата во 14:30 ч. и поаѓање за Венеција 15:00 часот на паркингот кај спортски центар „Борис Трајковски“. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2 ден 10.10.2019  ТРСТ – ПАЛМА НОВА – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО

Пристигнување во Трст во утринските часови. По разгледот на градот упатување кон еден од најголемите шопинг центри во Италија – Palmanova Outlet Village каде се задржуваме 2 часа. Поаѓање за Лидо ди Јесоло во попладневните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден 11.10.2019 ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – ВЕНЕЦИЈА – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО

Појадок. После појадокот заминување на разглед на ВЕНЕЦИЈА со брод од Пунта Сабионе. Панорамски разглед на градот со локален водич: Плоштадот и црквата Св. Марко, Дуждевата палата, Мостот Риалто, Каналот Гранде … Враќање во Лидо ди Јесоло. Вечерта можност за посета на национален ресторан со забава и жива музика. Ноќевање.

4 ден 12.10.2019 ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – ВЕРОНА – СКОПЈЕ

Појадок. После појадокот заминување за ВЕРОНА. Разглед на градот со посета на куќата и гробот на Јулија, колосеумот, плоштадите Бра и Ебре… слободно време за прошетка низ Верона и можност да пробате оригинална италијанска пица. Поаѓање за Скопје во попладневните часови.

5 ден 13.10.2019 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во пладневните часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 14.09.2019 : 139eur/8.618ден

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 159eur/9.860денари

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Сместување во хотел со 3* – 2 НП (ноќевање со појадок) во Лидо ди Јесоло
  • Организиран разглед на Венеција со локален водич
  • Организација, реализација и придружник на патувањето

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • ВЕНЕЦИЈА: брод + превоз: Лидо ди Јесоло – Венеција – Лидо ди Јесоло – 20€
  • Посета на национален ресторан – 25€ (вклучено мени – вечера)
  • Задолжителна посета и разглед на Верона со локален водич – 10€
  • Влезници за културно-историските знаменитости
  • Патничко осигурување –  5€

 

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

За ова патување важат општите услови на СКТМ

Ви треба помош ?

Поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311 Работно Време 10:00 - 19:00

+389 (0)78 340 311


Може да ви се допаднат

Истанбул
99 Евра
Будимпешта
109 Евра
Азурен Брег
219 Евра