Прага

189 Евра

Ви благодариме за довербата и изборот што го направивте

Прага

1 ден 08.10.2019 СКОПЈЕ –ПРАГА

Состанок со групата во 12:00ч. на паркингот пред спортски центар Борис Трајковски и поаѓање за Прага во 12:30ч., преку Србија и Унгарија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

2 ден 09.10.2019 ПРАГА

Пристигнување во Прага во пладневните часови. Факултативно панорамско разгледување на градот со локален водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Еврејската четврт, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часоник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Слободно време за индивидуални прошетки. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден 10.10.2019 ПРАГАДРЕЗДЕН

Појадок. Предлагаме целодневен излет до Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија , некогаш (по втората св.војна) дел од Источна Германија. Основан  уште во 600 г.пне. на обалата на реката Елба . Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби , како остатоци од некогашното Кралство Саксонија.  Стариот дел од градот е слика на  богатото и славно минато  : Палатата Звингер ,седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики, прекрасна нео-ренесансна градба , прекрасната Готска  Богородична црква –Frauenkirche,  Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор,  Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински ), Августовиот мост на “ Фиренца на Елба “ како што се споредува денешен Дрезден . Излет кој нема да ве остави рамнодушни. Враќање во Прага . Ноќевање.   

4 ден 11.10.2019 ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ – ПРАГА

Појадок. Препорачуваме полудневен  излет до бањскиот центар Карлови Вари. Посета на деветнаесет извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од  порцелан, стаклото Мозер, ликерот Бехеровка како и музејот на Бехеровка .  Враќање во Прага во доцните попладневни часови . Предлагаме  крстарење со брод по реката В’лтава.  Слободно време Можност за посета на пивница во средновековен амбиент со спектакуларна програма и вечера.. Ноќевање 

5 ден 12.10.2019 ПРАГА –  ВИЕНА – СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER  FREEPORT. По пристигнувањето  во Виена, прошетка  низ стариот дел на градот:  Стефан Плац, катедралата Св. Стефан …  Слободно време за индивидуални прошетки. Поаѓање за Скопје во вечерните часови.  Ноќно возење.

6 ден 13.10.2019 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во утринските часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 14.09.2019 : 169eur/10.478денари

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 189еур/11.718денари

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • 3 ноќевања со појадок во хотел 3* НП во Прага (околина)
  • Организација и водство на програмата
  • Посета и разглед на Виена
  • Попатна посета на  OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT
  • Организација на аранжманот
  • Лиценциран туристички придружник

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Задолжително патничко осигурување 210 ден
  • Разглед на Прага со локален водич (10€)
  • Факултативен излет Карлови Вари (25€)
  • Крстарење со брод по Влтава (15€)
  • Посета на средновековна пивница со вечера и забавна програма (35€)
  • Целодневна посета на Дрезден (30€)
  • Влезници за музеи и локалитети
  • Доплата за еднокреветна соба 4.650 ден

 

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

Ви треба помош ?

Поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311 Работно Време 10:00 - 19:00

+389 (0)78 340 311


Може да ви се допаднат

Истанбул
99 Евра
Будимпешта
109 Евра
Азурен Брег
219 Евра