Фиренца, Cinque Terre, Сиена, Сан Џимињано

229 Евра

Ви благодариме за довербата и изборот што го направивте

Фиренца, Cinque Terre, Сиена, Сан Џимињано

1 ден 08.10.2019 – Скопје – Монтекатини

Состанок на групата во 12:00ч. на паркингот кај Спортски центар Борис Трајковски. Поаѓање за Фиренца во 12.30ч. Патување преку Србија, Хрватска и Словенија, со попатни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола. Ноќно возење.

2 ден 09.10.2019 – Монтекатини – Пиза – Монтекатини

Пристигнување во пладеневните часови во Монтекатини Терме. Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Во вечерните часови организирана посета и прошетка на Пиза. Пиза, град во Италија лоциран на бреговите на Тосканската ривиера, некогашна моќна поморска сила чијашто флота скоро 150 години била најголемата сила на Средоземното море. Посета на центарот на градот каде се сместени трите обележја на овој град: Piazza Dei Miracoli, Катедралата DUOMO, крстилиницата San Giovanni, Кривата Кула (која вооедно е и најпознатата кула во Италија), Campo Santo (Стари гробишта). Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден 10.10.2019 – Монтекатини – Чинкве Тере (Cinque Terre) – Монтекатини

Појадок. После појадокот, рано наутро заминување на целодневна факултативна екскурзија до најпознатите и најживописни селца на Италијанската рива. Разлгед на  регионот и прошетка низ 5те ДИЈАМАНТИ на националниот парк Cinque Terre. Пристигнување во градот La Spezia од каде се продолжува со воз. Cinque Terre е област лоцирана на Лигурското крајбрежје сочинета од 5 селца: Monterosso al Mare, Vernazza, Corniglia, Manarola и Riomaggiore, кои со околните планини го сочинуваат Националниот парк CINQUE TERRE, кој е под заштита на UNESCO. Овој дел од Италијанската ривиера е еден од најпознатите и живописен  туристички центар. Враќање во La Spezia. Поаѓање за Монтекатини. Ноќевање.

4 ден 11.10.2019 – Монтекатини – Сиена – Сан Џемињано – Монтекатини

Појадок. После појадокот заминување на полудневен факултативен излет во градовите Сиена и Сан Џимињано. Пристигнување во Сиена, градот кој низ историјата претставуал најголем ривал на Фиренца и втор по важност во Тоскана по богатата ризница на уметничко и културно наследство. Разглед на градот: црквата San Domenico, Катедралата Siena – Metropolitana di Sandra Maria Assunta, Pallazo Salimbeni и Piazza Salimbeni  и плоштадот  Del Campo – плоштад во облик на школка на кој се одржува познатата коњска трка Palio… Слободно време за индивидуална прошетка до поаѓањето за Сан Џимињано. Пристигнување во San Gimignano типично тосканско градче опкружено со винови насади и маслинови градини. “San Gimignano dala belle Tore” во кој е добро сочуван амбиентот од XIII и XIV век, и 14-те кули кои прават една целина на ова живописно мало тосканско градче. Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во Монтекатини. Слободна вечер за индивидуални прошетки низ Монтекатини. Ноќевање.

5 ден 12.10.2019 Монтекатини – ФИРЕНЦА – Скопје

Појадок. После појадокот, рано наутро заминување за Фиренца, лоцирана во срцето на Тоскана на реката Арно, својот подем го доживува за време на моќната Фамилијата МЕДИЧИ кои владееле од XIV- XVII век, кои се познати како големи мецени на уметноста и културата, потикнувачи на ренесансниот период. Разглед на градот со локален водич: Палатата Векио, Катедралата Дел Фиори, Крстилницата Сан Џовани, Плоштадот Сињори, Галеријата УФИЦИ, Мостот ПОНТЕ ВЕКИО, Црквата Санта Кроче, Палатата Пити… Во попладневните часoви поаѓање за Скопје. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попантни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола.

6 ден 13.10.2019 – Скопје

Пристигање во Скопје во вечерните часови .

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 14.09.2019 : 209eur/12.958денари

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 229еур/14.198денари

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус на дадената релација
  • Сместување во хотел со 3* на база 3НП (ноќевање со појадок) во Монтекатини
  • Организиран разглед на Пиза
  • Организација, реализација и професионален туристички придружник на патувањето

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Целодневен излет на Cinque Terre (трансфер, Cinque Terre card – воз до 5-те места, користење на wi-fi, трансфер од железничка до центар на Корнилија итн.) – 45€
  • Задолжителна посета на Фиренца со локален водич – 20€
  • Посета на Сиена и Сан Џемињано (трансфер, локален водич) – 45€
  • Туристичка такса во хотел во Монтекатини (се плаќа на рецепција 3-5€ на ден)
  • Патничко здравствено осигурување (групно, без франшиза) – 5€ / 310ден ( за лица до 60 години )
  • Доплата за еднокреветна соба 75€ / 4.650денари
  • Индивидуални трошоци

 

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Попустите не се комбинираат
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на ТА Фалкон Травел – Скопје
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди време и место на поаѓање.

 

 

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

За реализација на аранжманот и факултативните излети предвидени по програмата, потребени се минимум од 45 патници

Ви треба помош ?

Поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311 Работно Време 10:00 - 19:00

+389 (0)78 340 311


Може да ви се допаднат

Истанбул
99 Евра
Будимпешта
109 Евра
Азурен Брег
219 Евра