Истанбул со поаѓање од Струмица

105 Евра


8 ми   Март - ИСТАНБУЛ

 

8  Март (Четврток) СТРУМИЦА – ИСТАНБУЛ

Состанок на групата во 18:30 часот. Тргнување во 19:00 часот. Ноќно патување преку граничниот премин Богородица со попатни паузи и царински формалности.

9  Март (Петок) СТРУМИЦА – ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Панорамски разглед на градот: Аксарај, Лалели Џамија, Бејазитовата Џамија, Универзитетот, Римскиот аквадукт, Златниот Рог, плоштадот Таксим, стадионот на Бешикташ, Галата кула, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашината Џамија, Патријаршијата, Сулејманија, Фатих Џамија… Сместување во хотел…Можност за посета на Sapphire Seyir Terasi највисоката “Тераса” во Европа, од каде се добива прекрасна панорамска глетка кон градот, како и можност преку 4-Д симулација да се надлета небото над Истанбул и неговите најзначајниобележја: Босфор, Галата Мостот, Девојачката Кула… Враќање во хотел преку Босфорскиот Мост симболот на Истанбул – Ноќна панорама на Истанбул…Ноќевање.

10  Март (Сабота) ВИЗАНТИСКИ И СУЛТАНСКИ ИСТАНБУЛ

Појадок. Факултативна посета на Сината Џамија со 6 минариња која претставува симбол на градот, прошетка по главниот историски плоштад на Истанбул, Хиподромот, палатата на Ибрахим Паша, прочуената Аја Софија, изградена во времето на владеењето на Царот Јустинијан како најголема византиска црква, подоцна претворена во џамија, а, денес музеј, отворен за сите посетители…Прошетка по просторите на Султанот Сулејман Величествениот, и стариот султанов дворец Топкапи палата која ги чува приказните за огромното богатство на султаните, опкужена со море од сите страни, каде може да се посети и со векови забранетата зона, Султановиот Харем… Во попладневните часови, посета на Капали Чаршија, затворен трговски маркет со сплет од околу 60 улици и 4000 продавници за злато, сребро, кожа и ткаенини…Во вечерните часови, вечера во Национален Ресторан, за незаборавно доживување со уметничка програма на ориентални танци и мени од турската кујна. Ноќевање.

11  Март (Недела) ИСТАНБУЛ – БОСФОР – СТРУМИЦА

Појадок. Факултативна посета на Долма Бахче Сарај – последната резиденција на Отоманскиот султан, која содржи музејска збирка со непроценливо богатство, до 1922г. служел како резиденција на Отоманскиот Султан, а по 1922г. резиденција на Кемал Ататурк. Факултативно крстарење со брод по Босфор, панорамски разглед на раскошните палати од двете страни на каналот и пловење под мостовите Фатих и Босфор, кои ги поврзуваат Европа и Азија. Потоа слободно време за прошетка до плоштадот Таксим и шопинг по најпознатата улица Истиклал…Посета на познатиот Шопинг Центар Форум каде се наоѓа големиот Аквариум…Тргнување за Струмица во попладневните часови. Се патува преку Грција, со попатни паузи и царински формалности…Пристигнување во Струмица во утринските часови следниот ден.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: за рана уплата до 05 Фебруари: 5.500 денари (89 евра)

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ            6.760 денари ( 105 евра )

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

– Превоз со модерен туристички автобус

– Сместување во хотел 3*** на база 2 ноќевања со појадок

– Организиран разглед на Истанбул

– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

– Пanoramski razgled na Istanbul so licenciran vodi~ 10 евра

– Посета на Долма Бахче Сарај (водич, влезница) 25 евра

– Крстарење со брод по Босфор 15 евра

– Посета на Sapphire Seyir Terasi со 4Д проекција 15 евра

– Вечера во национален ресторан 30 евра

– Влезници во локалитетите Аја Софија 15 евра, Топ Капи 15 евра

– Задолжително патничко – здравствено осигурување 150 den

 

НАПОМЕНИ:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.

За факултативните излети најдобро е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот

 При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот

 

 

Ви треба помош ?

Поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311 Работно Време 10:00 - 19:00

+389 (0)78 340 311


Може да ви се допаднат

Венеција
135 Евра
Атина
119 Евра
Будимпешта
109 Евра