Лисабон

499 Евра

Ви благодариме за довербата и изборот што го направивте

8ми МАРТ ВО ЛИСАБОН

Авионска програма
ЛИСАБОН

Авион / 5 дена /3 ноќевања

1.ден (20.Март) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 06:40 часот. Лет за Истанбул во 08:55 часот со Turkish Airlines. Слетување на аеродромот во Истанбул во 12:25часот. Трансфер до хотел. Сместување во хотел и слободно попладне за прошетка низ Истанбул со пратителот на групата. Ноќевање.

2.ден (21.Март) ИСТАНБУЛ – ЛИСАБОН

Појадок (ланч пакет). Трансфер до аеродром во 06:00часот. Лет од Истанбул во 08:25часот, слетување во Лисабон во 10:30часот. Трансфер од аеродром до центар. Разглед на главниот и најголем град во Португалија, кој совршено ја отсликува португалската култура, комбинација од модерна култура која сепак го задржува своето кулутрно наследство и традиција: Плоштадот Маркиз де Помбала, авенија на Слободата, централниот Плоштад Росио, срцето на Лисабон, познат уште како и плоштад Педро IV, Плоштадот Рестауредорес со споменикот, кој е симбол на ослободувањето на Португалија од шпанската власт, Плоштадот Комерцио, Кулата Белем и Манасторот на Св.Жероним, кои преставуваат светско културно наследство под заштита на УНЕСКО. Ноќевање.

3.ден (22.Март ) ЛИСАБОН – ПАРК НА НАЦИИТЕ

Појадок. По појадокот заминуваме на прошетка во квартот Парк на нациите, лоциран во источниот дел на градот изграден за потребите на ЕXPO ’98 - последната најголема светска изложба во 20-от век, која денес преставува футуристички архитектонски комплекс. Истиот е комбинација на многубројни изложбени простории, шеталишта, продавници, ресторани, а тука е сместен и најголемиот океанографски музеј. Можност за возење со жичарата која овозможува спектакуларна глетка кон најдолгиот мост во Европа, 17 километарскиот ,,Васко де Гама”. Во попладневните часови препорачуваме прошетка во квартот Алфама, најстариот кварт во Лисабон и единствениот поштеден од катастрофалниот земјотрес во 1755 год. Квартот, налик на прекрасен лавиринт со тесни калдрмести сокаци. Можност за возење со стариот трамвај до Катедралата и Замокот, од каде ќе уживате во незаборавен поглед на централниот дел на Лисабон. Во вечерните часови можност за посета на ресторан со традиционална португалска музика- Фадо. Ноќевање.

 

 

4.ден (23.Март ) ЛИСАБОН – СИНТРА – КАБО де РОКА – КАШКАИШ – ЕСТОРИЛ

Појадок. По појадокот организиран целодневен факултативен излет на околината на Лисабон. Прошетка до Синтра, кој поради својата пријатна клима во минатото преставувала летна резиденција на кралското семејство, истиот во 1955г. УНЕСКО го прогласува за културно светско наследство. Патувањето продолжува кон Кабо де Рока - најзападната точка на континентална Европа. Неговите координати се впишани на камен, сместен на ‘рт длабоко во Атлантикот. Продожуваме кон Кашкаиш, шармантно гратче лоцирано на брегот на океанот, кое е поврзано со Есторил. Денес и двата преставуваат монденски летувалишта познати по своите песочни плажи. Враќање во Лисабон. Можност за посета на шопинг центар. Ноќевање.

5.ден (24.Март ) ЛИСАБОН- ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ

Појадок. По појадокот одјвување од хотел и трансфер до аеродром. Лет за Скопје преку Истанбул со Turkish Airlines. Полетување во 11:25 часот. Слетување во Скопје во 19:45 часот.

Цена за уплата до 08.12: 449€ (27.840 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 499€ (30.940 денари)

Во цена е вклучено:

  • Авио билет на релација Скопје – Истанбул – Лисабон – Истанбул – Скопје со авио компанијата Turkish Airlines. Ред на летови:
  • Чекирано парче багаж до 30кг и рачен багаж до 8кг
  • 1 ноќевање во хотел 3*** во Истанбул
  • 3 ноќевања со вклучен појадок во хотел 3*** во Лисабон
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром во Истанбул и Лисабон
  • Разглед на Лисабон
  • Лиценциран придружник за време на целото патување
  • Целосна реализација и организација на патувањето

Во цената не е вклучено:

  • Аеродромски такси 129еур (8000 мкд) – се плаќаат во агенција.
  • Факултативен излет на околината на Лисабон (Синтра, Кабо де Рока, Кашкаиш Есторил) со вклучена влезница за палатата Пена -80€
  • Туристичка Такса - 15€ задолжителна уплата во агенција при резервација.
  • Влезници во музеи и културно историски споменици
  • Карти за локален превоз
  • Патничко- здраствено осигурување

НАПОМЕНА:

  • За овој аранжман важат Општите услови за патување
  • Патниците се должни 24 часа пред поаѓање да се информираат за времето и место на поаѓање
  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 25 патници
  • За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 особи. За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши во денарска противвредност по курс 1 евро=62 денари
  • Организаторот на патувањето го задржува правото, да ја промени цената на аранжманот, доколку не се оствари минималниот број на патници
  • Oрганизаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголем и цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот да ја промени и цената на аранжманот.
  • Организаторот го задржува правото да за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето !!!

Ви треба помош ?

Поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311 Работно Време 10:00 - 19:00

+389 (0)78 340 311


Може да ви се допаднат

Рим
339 Евра
Малта
319 Евра
Лисабон
499 Евра